мини|десно|270п|IS-кривата се поместува на десно, предизвикувајќи пониски камати (i) и експанзија на „реалната“ економија (реален БДП, или Y). IS-LM (англиски: IS-LM model) — макроекономски модел којшто е развиен во 1937 година од страна на англискиот економист Џон Хикс, добитник на Нобеловата награда за економијаJohn Hicks, "Mr. Keynes and Classic: A suggested Interpretation", Econometrica, April 1937, стр. 137-159.. Името на моделот претставува кратенка од економските категории: инвестиции, штедење, склоност кон ликвидност и парична маса (Investment — Saving / Liquidity preference — Money supply).
Моделот IS-LM ги поврзува пазарот на стоки (IS-кривата) и пазарот на пари (LM-кривата), објаснувајќи како се утврдуваат каматните стапки и вкупното производство во економијата (или вкупниот национален доход - Y) при дадено фиксно ниво на цените (што е разумна претпоставка, на краток рок).Фредерик С. Мишкин, Економија на пари, банкарство и финансиски пазари – превод на осмото издание, Магор, Скопје, 2010 година, стр. 513. Со помош на IS-LM моделот може да се прават економски предвидувања, како и да се разберат ефектите на монетарната и фискалната политика врз вкупната економска активност.
Настанок на моделот IS-LM Идејата за IS-LM моделот возникнала во септември 1936 година на економетриската конференција (Econometric Conference) одржана во Оксфорд. На оваа конференција, Рој Харод, Џон Хикс и Џејмс Меди претставиле трудови во кои преку опишување на математички модели се обиделе да ги сумираат идеите на Џон Мајнард Кејнс од неговата позната книга Општата теорија на вработеноста, каматата и парите.
Хикс, кој имал видено нацрт од трудот на Харод, го измислил IS-LM моделот (оригинално ја користел ознаката LL наместо LM). Овој модел, тој подоцна го претставил во статијата насловена Mr. Keynes and Classic: A suggested Interpretation. Моделот на општата рамнотежа ја игнорира неизвесноста - а побарувачката за ликвидност (liquidity preference) има смисла само во услови кога постои неизвесност.
Најголемиот дел од модерните економисти го гледаат IS-LM моделот како еден од најдобрите модели за разбирање на реалните случувања во економијата. Иако постојат кругови на економисти кои укажуваат на несовршеноста и пропустите кои ги содржи моделот, сепак моделот се користи како една од основните алатки за разбирање на макроекономската теорија.
IS-кривата и пазарот на стоки Агрегатната побарувачка според Кејнс Традиционално, кејнсијанскиот модел е претставен за затворена економија. Кејнс, сакајќи да објасни зошто настанала Големата депресија и како во иднина тоа би можело да се избегне преку владината политика, се фокусирал на тоа да го разбере движењето на вкупното производство - Y. Пазарот на стоки влијае врз побарувачката на пари и оттука врз каматната стапка. Пазарот на пари преку каматната стапка влијае на пазарот на стоки, а оттука влијае и на нивото на вкупното производството – Y.
Анализата на Кејнс тргнува од тоа дека бараниот квантитет на производство е збир од четири видови потрошувачка: лична потрошувачка – C, инвестициска потрошувачка за капитални добра на фирмите – I, владина (државна) потрошувачка – G и нето извозот – NX, кој е резултат на извозот (X) - увозот (Z) на една економија (X – Z = NX).
Вкупната побарувачка Yad, односно вкупниот баран квантитет на производство во една економија, може да се напише како:
Yad = C + I + G + NX
Според ова, во економијата ќе дојде до рамнотежа кога вкупното понудено (произведено) производство Y ќе биде еднакво на квантитетот на бараното производство Yad. Во оваа ситуација на рамнотежа, производителите можат да го продадат целото свое производство и нема да имаат причина да го зголемуваат/намалуваат производството.
За поедноставно да се разбере моделот, на почетокот може да се изолираат G и NX како дел од агрегатната побарувачка. Се претпоставува дека G=0 и NX=0 и според тоа, Yad = C + I. За личната потрошувачка – C, Кејнс вели дека зависи од расположливиот доход на поединците и нивното богатство. Таа зависност тој ја искажува преку функцијата на потрошувачка:
C = C [+ Ω, + (Y-T)],
каде Ω е богатството, а Y (доходот) – T (даноците) e расположливиот доход.
Инвестициската потрошувачка – I, зависи од каматните стапки и очекувањата на компаниите за иднината и може да се постави како функцијата на инвестициите:
I = I ( - i, + q ),
каде i претставува каматната стапка, додека q е всушност Тобиновиот q – ефект на т.н. животински дух (Animal spirits), кој ги претставува очекувањата на компаниите за иднината.
Оттука можеме да заклучиме дека
Yad = C [+Ω, +(Y-T)] + I (-i, +q) + G + NX,
односно: зголемувањето на C (личната потрошувачка) директно влијае врз зголемување на нивото на Y; зголемувањето на Ω (богатството) индиректно влијае врз зголемување на нивото на Y заради тоа што ја зголемува можноста за сегашно трошење (зголемување на C); зголемувањето на (Y-T) (расположливиот доход по одземање на даноците) индиректно влијае на зголемувањето на нивото на Y заради тоа што ја зголемува можноста за сегашно трошење, но исто така може да се каже и дека намалувањето на T индиректно, преку зголемување на расположливиот доход по одземањето на даноците влијае врз зголемување на можноста за сегашно трошење; зголемувањето на i (каматната стапка) индиректно влијае врз намалување на нивото на Y заради тоа што при повисока каматна стапка, опортунитетниот трошок на компаниите за инвестирање ќе биде поголем - ќе им се исплаќа повеќе да ги штедат своите пари во банка наместо да ги инвестираат во зголемување на производствените можности; зголемувањето на q (Тобиновиот q - деловните очекувања) индиректно влијае врз зголемување на нивото на Y заради тоа што од идните позитивни деловни очекувања зависат денешните деловни одлуки, никој не би ризикувал да инвестира доколку има негативни очекувања за идните економски настани; зголемувањето на G (државната/владината потрошувачка) директно влијае врз зголемувањето на нивото на Y; зголемувањето на NX (нето извозот) директно влијае врз зголемување на нивото на Y заради тоа што ја претставува потрошувачката на домашните производи во странство.
Дијаграмот од 45° – Кејнсијански вкрстен дијаграм thumb|Кејнсијански вкрстен дијаграм | Yad расте заедно со доходот (заработен од продажбата на производството), но помалку пропорционално, бидејќи дел се штеди, дел се троши за увозни добра. Рамнотежата на пазарот на стоки, настанува долж линијата од 45° каде соодветното ниво на производство Y е еднакво со побаруваната количина на стоки и услуги Yad. Ова ниво на производство уште се нарекува и рамнотежен БДП. Каде и да се наоѓа производството долж Yad, секогаш ќе се стреми кон рамнотежното ниво (во точката A).
Кејнсијанскиот вкрстен дијаграм, прикажан на сликата, го покажува односот спрема вкупната побарувачка Yad (вертикална оска) и нивото на вкупното производство Y (хоризонтална оска). Линијата од 45° ги покажува сите точки во кои Y = Yad, односно сите точки во кои вкупното производство би било еднакво на вкупната побарувачка.
Ако на овој графикон се додаде функцијата на вкупната побарувачка Yad, тогаш во точката во која ќе се сечат правата од 45° каде Y = Yad и Yad, ќе го добиеме рамнотежното ниво на производство.
На дијаграмот даден на сликата, може да се забележи дека во точката А каде се сечат Yad-кривата и кривата од 45°, имаме ситуација на рамнотежа помеѓу вкупната побарувачка на нивото Yad* и вкупното ниво на производство Y*.
Доколку, нивото на производство е над рамнотежното ниво (во точката E), тогаш поради тоа што производството ја надминува вкупната побарувачка (растојанието од точката D до точката E) претпријатијата почнуваат да се оптоваруваат со непродадени залихи. За да не продолжи трендот на трупање на залихи, претпријатијата го намалуваат производството придвижувајќи го кон рамнотежното ниво Y*.
Ако пазарот се најде во обратна ситуација, односно производството да е под рамнотежното ниво (во точката B), тогаш претпријатијата ќе ја увидат потребата од зголемување на производството (растојанието од точката C до точката B) преку сигналот којшто ќе го пратат цените на стоките и ќе го зголемуваат производството придвижувајќи го кон рамнотежното ниво.
На графиконот, исто така може да се забележи дека кривата на функцијата на побарувачката Yad (која во случајов е резултат на C + I, но и да се додадат и останатите компоненти G и NX нема да влијае врз заклучоците кои се извлечени во случајов) е порамна од линијата од 45°, бидејќи кога националниот доход Y расте, побарувачката за домашни стоки и услуги расте исто така, но со помала мера. Ова е така заради тоа што дел од доходот се троши на увезени стоки, дел се штеди.
Услов за рамнотежа на пазарот на стоки: производството да биде еднакво со побарувачката. Нагорниот наклон на кривата Yad го покажува фактот дека побарувачката се зголемува заедно со доходот. Во точката A на графиконот, агрегатната побарувачка (мерена преку вертикалната оска) може да биде задоволена бидејќи е еднаква на производството кое се пласира на пазарот од страна на производителите (мерено преку хоризонталната оска). Оваа состојба се нарекува рамнотежа на пазарот на стоки, а соодветното ниво на производство се нарекува рамнотежен БДП.
Од кејнсијанскиот вкрстен дијаграм до IS-кривата thumb|Намалувањето на каматната стапка води кон зголемување на потрошувачката и инвестициите, што е проследено со зголемување на производството. IS-кривата станува порамна со поголемо зголемување на производството (што е прикажано со растојанието CB на графикот. Лево од IS-кривата имаме состојба на вишок на побарувачка на стоки (на пример точката A' ), додека десно од IS-кривата имаме состојба на вишок на понуда на стоки (на пример точката D и точката C.
Кај Кејнс, сè почнува и завршува со каматната стапка i (interest rate). На графиконот од лево, имаме пример каде рамнотежата се наоѓа во точката A. При промена на каматната стапка, односно намалување на каматната стапка од i на i' , делот од Yad кој припаѓа на I (инвестициите) ќе расте. Во услови на пониски каматни стапки, на претпријатијата повеќе им се исплаќа да инвестираат во нови средства наместо да ги чуваат парите како депозити во банка. Исто така, гледано од страна на потрошувачите - помалку ќе им се исплаќа да штедат, а кредитите ќе им бидат поевтини. Поевтините кредити ќе го поттикнат населението да троши повеќе, со други зборови ќе расте и C. Со растот на инвестициите (I) и со растот на личната потрошувачка C, ќе растe и Yad. Овој раст ќе предизвика нарушување на рамнотежата и економијата ќе заврши во точката A' каде побарувачката е над производственото ниво (состојба на вишок побарувачка). Притисокот кој ќе го создаде вишокот побарувачка, односно недостатокот од производство, ќе стигне до претпријатијата. Во прво време, тие ќе се обидуваат да ги користат залихите што веќе ги имаат (buffer stock), но прилично брзо тие ќе го приспособат своето производство зголемувајќи го до рамнотежното ниво. Со реакцијата на претпријатијата, ќе се создаде нова рамнотежа во точката B. Ова ново рамнотежно ниво е нивото на новиот рамнотежен БДП.
На графиконот од десно, точките A и B соодветно одговараат на точките A (каматна стапка i и ниво на производство Y) и B (каматна стапка i' и ниво на производство Y' ) од графиконот од лево. Со употреба на истото резонирање и за другите нивоа на каматните стапки, се генерираат повеќе точки како овие две. Ако се поврзат точките заедно ќе ја означат негативната поврзаност помеѓу каматната стапка (i) и рамнотежното ниво на производство (Y) отсликана преку надолниот наклон на кривата IS.
Со исцртување на IS-кривата, графиконот се дели на две подрачја: над неа и надесно, постои вишок на понуда на пазарот на стоки; под неа и налево, постои вишок на побарувачка на пазарот на стоки и услуги. На границата на двата дела, односно таму каде што се простира IS-кривата, се претставени сите оние комбинации на нивото на продизводство (Y) и каматните стапки (i) кога пазарот на стоки е во рамнотежа.