ФК Фјорентина () честопати се нарекува само Фјорентина, е професионален италијански фудбалски клуб од градот Фиренца, Тоскана. Клубот е основан во 1926 година, но бил преименуван и основан одново во 2002 година (поради стечај). Фјорентина ги одиграла поголемиот дел од сезоните од своето постоење во највисокото ниво на италијанскиот фудбал, а само четири клубови имаат одиграно повеќе сезони во Серија А од нив.
Фјорентина имаат освоено два наслова во италијанското првенство, во сезоните 1955-1956 и 1968-1969, како и шест трофеи во Купот на Италија и еден во Суперкупот. Од натпреварувањата на европската сцена, Фјорентина го освоила Купот на победниците на куповите во сезоната 1960-1961 и загубила во финалето една година подоцна. Фјорентина играле во финалето на Европскиот куп на шампиони во сезоната 1956-57, каде загубиле од Реал Мадрид со 2-0, а исто така биле блиску и до освојувањето на Купот на УЕФА, завршувајќи како второпласирани во сезоната 1989-1990.
Од 1931 година, клубот игра на Стадион Артемио Франки, кој во моментов има капацитет од 47.282. Стадионот има користено неколку имиња во текот на годините и претрпел неколку реновирања. Фјорентина се нашироко познати по прекарот Виола, кој доаѓа од бојата на нивните домашни дресови кој се во виолетова боја.
Титули Домашни Италијански шампион : 2 1955–1956; 1968–1969 Вицешампиони (5) : 1956–1957; 1957–1958; 1958–1959; 1959–1960; 1981–1982
Куп на Италија : 6 1939–1940; 1960–1961; 1965–1966; 1974–1975; 1995–1996; 2000–2001 Вицешампиони (3) : 1957-1958, 1959–1960, 1998–1999
Суперкуп на Италија : 1 1996 Вицешампиони (1) : 2001
Серија Б : 3 1930–1931; 1938–1939; 1993–1994
Серија Ц2 : 1 (како Флоренца Виола) 2002–2003
20px|УЕФА Европски 15px|Куп на победниците на куповите Куп на Победниците на Куповите : 1 1960–1961 Вицешампиони (1) : 1961-1962 Митропа куп : 1 1966
Oстанати успеси Лига на шампиони Вицешампиони (1) : 1956–1957 15px|Куп на УЕФА Куп на УЕФА Вицешампиони (1) : 1989–1990
Моментален состав
(позајмен од Реал Мадрид)
Познати поранешни играчи thumb|200px|right|Џанкарло Антоњони со 429 одиграни натпревари е играчот со најмногу настапи за Фјорентина во историјата на клубот.
thumb|200px|right|Габриел Батистута втор најдобар стрелец на Фјорентина на сите времиња со 207 постигнати гола, само еден помалку од најдобриот стрелец на клубот швеѓанецот Курт Хамрин. Италија Роберто Баџо Енрико Кјеза Анџело Ди Ливио Морено Торичели Франческо Толдо Даниеле Масаро Франческо Грацијани Џанкарло Антоњони Пјетро Вјерховод Џовани Гали Франческо Бајано Алберто Џилардино
Португалија Руи Коста Нуно Гомеш
Аргентина Абел Балбо Габриел Батистута Даниел Пасарела
Бразил Едмундо Дунга Адријано
Данска Бријан Лаудруп Мартин Јоргенсен
Германија Штефан Ефенберг Јерг Хајнрих
Чешка Томаш Репка Томаш Ујфалуши
Јапонија Хидетоши Наката
Романија Мариуш Лакатуш
Црна Гора Предраг Мијатовиќ
Шведска Штефан Шварц
Бугарија Валери Божинов
Белгија Луис Оливеира
Русија Андреј Канчелскис
Колумбија Хуан Квадрадо
Надворешни врски
Службена страница Екипна страница на Goal.com Екипна страница на ESPN Soccernet Екипна страница на Football-Lineups.com Екипна страница на soccerway Екипна страница на Facebook
Фјорентина