Хоргош или Horgoš (унгарски Horgos) е село кое се наоѓа во најсеверниот дел од општината Кањижа, во Севернобанатскиот Управен Округ, Србија. Се наоѓа во автономната покраина Војводина. Се граничи веднаш со Унгарија на север, селото Мартонош и реката Тиса на исток. Селото има етничко унгарско мнозинство (83.82%) и во него живеат 6,325 луѓе (според пописот од 2002) и во последните три пописи е забележен пад во бројот на жители.

Покрај селото се наоѓа граничниот пункт меѓу Србија и Унгарија со назив Хоргош на автопатот Е-75, како и железничката пруга Суботица-Сегед. Првиот град на унгарска територија е Реске.

Селото е познато под производството на мелени пиперки.

Демографија

Во селото живеат 5043 жители, а просечната старост на населението изнесува 40,2 години (38,1 кај мажите и 42,1 кај жените). Во селото има 2439 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,59.

Историско население

1961: 7,871 1971: 7,823 1981: 7,640 1991: 7,201 2002: 6,325

График промена во бројот на жители во текот на 20 век

Наводи

Извори Slobodan Ćurčić, Broj stanovnika Vojvodine, Novi Sad, 1996.

Надворешни врски Историја на селото

Категорија:Кањижа Категорија:Населени места во Војводина Категорија:Унгарски населби во Србија