Фудбалската репрезентација на Хрватска ја претставува Хрватска на меѓународните фудбалски натпреватувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (HNS - Hrvatski nogometni savez). Формирана е 1990 година.
Призната од страна на ФИФА, фудбалската репрезентација на Хрватска во минатото одиграла деветнаесет натпревари за Бановина Хрватска и Независна Држава Хрватска во периодот помеѓу 1940 и 1944. Првиот натпревар го одиграла на 2 април 1940 година, кога ја победиле репрезентацијата на Швајцарија со 4-0 во Загреб. Подоцна со приклучувањето на Хрватска во Југославија оваа репрезентација била укината и Хрватска не настапувала самостојно, туку нејзините играчи играле за југословенската репрезентација.
Со распадот на Југославија, во 1990 Хрватска повторно формирала репрезентација (официјалното формирање), која во 1993 официјално станала членка на ФИФА и на УЕФА. Првиот официјален натпревар во рамките на денешната држава, Хрватска го одиграла на 5 јули 1992 против Австралија. За првпат во квалификациите за едно натпреварување Хрватска учествувала во квалификациите за Евро 1996 и се пласирала на ова натпреварување, стигнувајќи до четврт-финалето. Досега Хрватска има 4 настапи на Светските првенства, а најдобар резултат им е третото место во Франција 1998. На Европските првенства исто така досега настапила 4 пати, а најдобар резултат им е четврт-финале каде играле двапати во 1996 и 2008.
Најголемиот број домашни натпревари хрватската репрезентација ги игра во Загреб на Стадионот Максимир. Прекарот на репрезентацијата е Огнените или Коцкестите (по коцките во црвена и бела боја што ги имаат на дресот).
Историја Период пред независноста Фудбалот во Хрватска го донеле двајца англиски иселеници во Риека и Жупања во 1873 година. Во 1896 година бил донесе и официјалниот правилник на играта. До 1907 година биле формирани неколку локални фудбалски клубови. Според официјалните исторски пишани документи на ФИФА, својот прв (неофицијален) натпревар во историјата хрватската репрезентација го одиграла на 23 јуни 1907 година.(чешки) SK Slavia Praha Пред независноста, хрватските фудбалери играле за репрезентациите на Кралството Југославија (1919-1939) и Социјалистичка Федеративна Република Југославија (1945 - 1990), иако периодите на политички немири биле одиграни и неколку неофицијални натпревари.Ramet 2005., str. 171
мини|лево|thumb|250px|Слика од првиот натпревар на хрватската репрезентација против Швајцарија на 2 април 1940. Во 1940 година Јозо Јакоповиќ како капитен ја предводел неофицијалната фудбалска репрезентација на тогашната Бановина Хрватска во четири пријателски натпревари: две против Швајцарија и два против Унгарија. Така, својот прв официјален натпревар како независна држава Хрватска го одиграла на 2 април 1940 година во Загреб против Швајцарија и е завршен со победа на Хрватска од 4-0. По инвазијата на Силите на Оската Хрватскиот фудбалски сојуз на кратко станал активен приклучувајќи и се на ФИФА на 17 јули 1941 година под покровителство на Независна Држава Хрватска. Тогашната репрезентација чиј селектор бил Рудолф Хитрец одиграла севкупно петнаесет пријателски натпревари од кој четиринаесет како официјална членка на ФИФА. Првиот официјален натпревар како членка на ФИФА, Хрватска го забележала против Словачка на 8 септември во Братислава, играјќи нерешено 1-1. Следните натпревари се одиграле до 1945 година, кога Незавсна Држава Хрватска била укината и Хрватска официјално станала членка на СФРЈ со што ја загубила својата сопствена репрезентација и соработка со ФИФА.
Во состав на Југославија
Во периодот помеѓу 1945 и 1990 година, Хрватска се наоѓала во состав на СФРЈ и нејзините играчи настапувале за југословенската репрезентација. Најдобрите резултати на Југославија се четвртото место на Светското првенство 1962 во Чиле и второто место на Европското првенство 1968 во Италија: и во двете финалиња (во првиот случај се работи за мало финале, натпревар за трето место), репрезентацијата била поразен од страна на домаќините. Последниот натпревар кој го одиграла репрезентацијата на Југославија со хрватски играчи во својот состав бил оној против Шведска на 16 мај 1991 година, само неколку дена пред одржувањето на хрватскиот референдум за независност.
Официјално основање Во текот на 1990 година иако Хрватска сè уште била во состав на Југославија веќе била обновена хрватската фудбалска репрезентација, која својот прв натпревар во поновата историја го одиграла на 17 октомври 1990 против САД, на Стадионот Максимир и победила со резултат 2-1. Тој натпревар бил еден од трите во кој репрезентацијата ја водел првиот официјален селектор на хрватската фудбалска репрезентација Дражен Јерковиќ. Под негово водство репрезентацијата победила уште во два натпревари пред да станат нови селектори Станко Поклеповиќ и Влатко Марковиќ кој накратко ја воделе репрезентацијата. Натпреварот против САД исто така послужил за претставување на дресовите на хрватската репрезентација. Дизајнирани со помош на шаховски коцки со грбот кој се наоѓа на официјалното знаме на Република Хрватска, дресовите биле сметани за многу професионални и оригинални, и станале и еден од најпрепознатливите хрватски брендови генерално. Иако Хрватска сè уште била дел од СФРЈ до официјалното прогласување на независноста на 8 октомври 1991 година, овој состав веќе се сметал за официјалната фудбалска репрзентација на Хрватска.
Во средината на 1992 година Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го обновил членството во ФИФА, и е примен во членството на УЕФА. ФИФА не ги признала настапите на пред независноста на Хрватска па на официјалната ранг-список на ФИФА репрезентацијата тргнала од 125-тото место.
Новата Хрватска (1994-денес) За првпат во квалификациите за некое од големите натпреварувања Хрватска учествувала во квалификациите за Европското првенство 1996 под водство на тогашниот селектор Мирослав Блажевиќ, со што својот прв официјален натпревар (не сметајќи ги пријателските) го одиграла на 4 септември 1994 против Естонија во Талин, победувајќи со 2-0 со два гола на Давор Шукер. Откако во квалификациите го зазеле првото место со 23 бода (колку што имала и Италија, но Хрватска имала подобра гол-разлика), хрватите како дебитанти во квалификациите се пласирале на нивниот првиот голем меѓународен настан Европското првенство 1996 во Англија, каде ја минале групната фаза и биле елиминирани од Германија со 2-1 во четвртфиналето. Две години подоцна, Хрватска била најпријатното изненадување на Светското првенство 1998 во Франција: тие го освоиле третото место по поразот од домаќинот во полуфиналето и победата со 2-1 над Холандија во натпреварот за третото место. Напаѓачот Давор Шукер бил најдобар стрелец на првенството со шест постигнати гола.
Откако не успеала да се квалификува за Евро 2000, Хрватска учествувала на Светското првенство во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, но била елиминирана уште во првиот круг иако во второто коло од групната фаза го победиле некогашниот Светски шампион Италија со 1-2. На Европското првенство 2004 во Португалија, Хрватска го освоила третото место во својата група, со што била елиминирана (понатаму одат првите две репрезентации од секоја група) уште во првата фаза, а истото им се случило и на Светското првенство 2006 во Германија; притоа и на двете натпреварување не успеале да дојдат до победа во решавачките двобои со која би се пласирале понатаму (на Европското против Англија пораз 2-4, а на Светското одиграле 2-2 со Австралија иако Хрватска двапати во натпреварот водела).
right|thumb|200px|Фудбалерите на Хрватска на Светското првенство 2014 во Бразил. Во квалификациите за Евро 2008, Хрватска двапати ја совладала Англија со 2-0 во Загреб (во октомври 2006) и со 2-3 на Новиот Вембли во Лондон (во ноември 2007 година). Резултатот од вториот натпревар меѓу двете репрезентации значел елиминација за Англија, на која и бил потребен само бод, со кој би се пласирала на завршницата од турнирот. Така, Хрватска се квалификувала на натпреварувањето заедно со Русија, освојувајќи дури 29 бода. Во завршницата на турнирот во Австрија и Швајцарија, Хрватска стигнала до четврт-финалето против Турција, каде загубила на пенали.
Елиминирана во квалификациите за Светското првенство 2010, Хрватска обезбедила настап на Европското првенство 2012, совладувајќи ја Турција во бараж-двомечот. Нивната авантура во Полска и Украина завршила во првиот круг со една победа (против Ирска), едно реми (со Италија) и еден пораз (во последното коло од Шпанија). Напаѓачот Марио Манџукиќ бил најдобар стрелец на првенството со 3 постигнати гола, заедно со уште 5 други играчи кој постигнале исто толку. Хрватска се квалификувала и за Светското првенство 2014 преку уште еден бараж, овој пат против Исланд. Во првиот натпревар на турнирот загубиле од домаќинот Бразил (со резултат од 3-1), а потоа славеле убедлива победа со 4-0 над Камерун: во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната рунда коцкестите загубиле од Мексико со 3-1, со што отпаднале за сметка на нивните соперници од Северна Америка.
За време на квалификациите за ЕП 2016, каде што обезбедиле пласман како второпласирани во групата Х (зад Италија), на Хрватска и бил одземен еден бод за присуство на свастика на тревата за време на натпреварот против Италија игран на Пољуд во Сплит.
Настапи на големите турнири Настапи на Светските првенства Светско првенствоКвалификации за Светско првенство1930-1990 Учествувале во состав на СФРЈ Учествувале во состав на СФРЈ 1994 Не учествувале Не учествувале 1998Трето место37502115105412013 2002Групна фаза233102238530152 2006Групна фаза2230212310730215 2010Не се квалификувале106221913 2014Групна фаза1931026612633149 2018 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите 2022 Вкупно4/2016727211750291568942
Настапи на Европските првенства Европски првенстваГодинаРундаПозицијаОНПНЗДГПГ1960-1992Учествувале во состав на СФРЈ 1996Четврт-финале7-ми420255 2000Не се квалификувале 2004Групна фаза13-ти302146 2008Четврт-финале5-ти431052 2012Групна фаза10-ти311143 2016Се квалификувалеВкупноГрупна фаза5/6146441816
Играчи
Моментален Состав
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
Статистика на играчите Последна промена 4 април 2016.
Список на играчи со најмногу настапи #ИграчРеп. кариераБрој на настапиБрој на голови 1 Дарио СрнаCroatia - Record International Players, rsssf.com; пристапено: 11 април 2014.Дарио Срна - Century of International Appearances, rsssf.com; пристапено: 11 април 2014.Дарио Срна, hns-cff.hr; пристапено: 11. April 2014.2002-2016134 22 20 ноември 2002 2 Стипе Плетикосa1999-2014114 0 10 февруари 1999 3 Јосип Шимуниќ2001-2013105 3 10 ноември 2001 4 Ивица Олиќ2002-2015104 18 13 февруари 2002 5 Дарио Шимиќ1996-2008100 3 10 март 19966Лука Модриќ2006-94101 март 20067Ведран Чорлука2006–93416 август 20068Роберт Ковач1999-200984028 април 1999 9Нико Ковач1996–2008831411 декември 1996 10Иван Ракитиќ2007-81138 септември 2007 Роберт Јарни1990-200281122 декември 1990Нико Крањчар2004-2013811618 август 2004
За целосниот список појдете на тука.
Список на играчи со најмногу постигнати голови #ИграчРеп. кариераБр. головиБр. настапи 1 Давор ШукерДавор Шукер - Goals in International Matches, rsssf.com; пристапено: 11 април 2014.Давор Шукер, hns-cff.hr; пристапено: 11 април 2014.1990-200245 69 0.652 2 Едуардо да Силва2004-201429 64 0.4533 Марио Манџукиќ2007-28 65 0.3234 Дарио Срна2002-201622 129 0.162 5 Ивица Олиќ2002-201520 104 0.1926 Нико Крањчар2004-201316 81 0.197 Иван Перишиќ2011-16 54 0.2668 Горан Влаовиќ1992-200215 52 0.2889 Нико Ковач1996-200814 83 0.16810 Младен Петриќ2001-201313 45 0.289
За целосниот список појдете на тука.
Селектори Дражан Јерковиќ 1990-1991 Станко Поклеповиќ 1992 Влатко Марковиќ 1993 Мирослав Блажевиќ 1994-2000 Мирко Јозиќ 2000-2002 Отто Бариќ 2002-2004 Златко Крањчар 2004-2006 Славен Билиќ 2006-2012