Нора Џонс (; родена на во , САД) е американска пејачка.

Соло кариерата ја започнала во 2002 година со издавањето на нејзиниот деби албум Come Away with Me. Таа плоча била совршен спој на џез, кантри и поп-музика, што на пејачката и донела пет Греми награди следната година. Албумот се продал во 11 милиони примероци во САД и 26 милиони ширум светот. До ден денес, пејачката има објавено пет студиски албуми, сите наградени со платинести уверенија за милионски тираж. Сите нејзини студиски дискови добиле поволни оценки и рецензии од страна на музичките експерти.

Во досегашната кариера, Џонс има освоено девет Греми признанија, а нејзините музички изданија се продале во 50 милиони копии на светско ниво.

Дискографија АлбумГодинаCome Away with Me2002Feels Like Home2004Not Too Late2007The Fall2009Little Broken Hearts2012

Наводи

Надворешни врски

Интервју и музички настап на Нора Џонс за Radio Happy Hour

Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски пејачки Категорија:Американски кантри пејачи Категорија:Американски џез-пејачи Категорија:Американски блуз пејачи Категорија:Добитници на Греми