Боговињска Река (месно: Голема Река, Пала’а Река) се наоѓа во централниот дел на Шар Планина и има површина на речниот слив од 61,46 км2. Настанува со спојување на Слапска Река и Езерска РекаДушан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година, чии изворишни делови на околу 2300 мнв се сметаат за извор и на Боговињска Река. Поточно, Боговињска Река извира од месноста Чубричево на Рудока на надморска височина од 2340 метри, а се влева во Вардар северно од селото Радиовце на надморсак височина од 450 метри, при што има пад на коритото од 1890 метри. Вкупната површина на сливот изнесува 72 км2, при што во него спаѓаат Езерска Река која како нејзина изворишна челенка протечува низ Боговињско Езеро и Слапска Река (Смрека) кои по своето составување течат под името Велика Река во која под Ново Село ги примаат утоките Мазелар и Циганска Река, од каде понатаму го носи името Боговињска Река. Течејќи во правец запад-исток се влева во Боговињското Езеро од кое потоа продолжува како негова отока. Понатаму минувајќи низ селата Ново Село и Боговиње се спушта во Полог каде што поминувајќи низ селото Радиовце се влева во ВардарЖивко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 47-48 како негова лева притока, со што припаѓа на Егејскиот речен слив.
Галерија
Наводи
Категорија:Реки во Македонија