Свети Пантелејмон — главна селска црква во струмичкото село Мокриево, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото.
Историја
Црквата била изградена во 1874 година, како што е напишано и на самата фасада на црквата.
Архитектура
Градбата на црквата е трикорабна. Црквата е во добра состојба, но приметна е инклинација на северозападниот столб. Несоодветно се поставени клима-уредот и подното греење.
Во 2020 година биле извршени интервенции како што се поплочување на подот, обнова на тремовите и зајакнување на столбовите во долната зона.
Фрескоживопис
Црквата била зографисана во 1874 година, од страна на Андон Петров од селото Гари, Дебарско, што се заклучува од неговата сигнатура на вратата од ѓакониконот на Св. Архангел Гаврил со текстот „1874 год. зограф Андон Петрович од каза Дебар“. Зачуван е живописот во апсидата, во нишата на проскомидијата и централниот кораб и тоа во горните делови.
На вратата од проскомидијата на која е претставен Св. Архангел Михаил, распознатлив е ракописот на Григориј Пецанов од Струмица.
Sидното сликарство е во лоша состојба и потребна е негова конзервација.
Икони и иконостас
Црквата поседува голем дрвен иконостас.
Галерија
Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Мокриево
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Пантелејмон во Македонија Категорија:Дела на Дебарската школа