Евангелско-методистичка црква — христијански храм кој се наоѓа во Струмица.

Историја

Првите членови во оваа црква биле примени во 1882 година. Во 1894 година било отворено првото црковно училиште, кое било признато во 1906 година. Во 1906 година била изградена и првата црква со додатна просторија за училиште. Во 1987 година била добиена дозвола за изградба на нова црква, а старата црква била срушена и на нејзино место започнала изградбата на новата црква.

Новата црква била осветена на 15 октомври 1989 година. Во 2000 година бил изграден Социјалниот центар, кој во чест на мисионерка Мис Елен Стон бил наречен „Мис Стон Центар“ Евангелско — методистичка црква.

Наводи

Категорија:Евангелско-методистичка црква на Македонија Категорија:Цркви во Струмица Категорија:Протестантски цркви во Македонија Категорија:Појавено во 1989 година во Македонија