Бостон е музичка рок група од истоимениот град во сојузната држава Масачусетс, САД. Својата најголема популарност ја доживеале во текот на 70-тите и 80-тие години од минатиот век. Тие ги искомпонирале едни од најпознатите рок нумери како „More Than a Feeling“, „Peace of Mind“ и „Rock and Roll Band“. Нивниот прв студиски албум Boston со продадени 17 милиони примероци е вториот најпродаван деби албум во музичката историја, веднаш позади Appetite for Destruction од Guns N' Roses.

Гитаристот Том Шолц ги имал напишано песните од првиот албум пред да биде основан бендот, а откако демо снимките ги преслушале првите луѓе од Епик Рекордс, групата веднаш била потпишана. По издавањето на плочата била направена турнеја низ САД, на која Бостон била предгрупа на тогаш докажаните бендови како Блек Сабат, Блу Ојстер Калт и Foghat помеѓу другите. Во 1977 година биле номинирани за Греми во категоријата „Најдобар нов музички артист“, но не ја освоиле наградата.

Вториот студиски диск Don't Look Back бил издаден во 1978 година, но не забележал комерцијален успех како неговиот претходник. Составот бил незадоволен од крајниот производ бидејќи чувствувале дека целата работа била избрзана. И покрај ова, сингловите од албумот доживеале солиден пласман на табелите ширум светот.

Поради недоразбирањата со продуцентската куќа околу авторските права за претстојните музички изданија на бендот, членовите на Бостон продолжиле со соло кариери кои немале некој позначаен успех. Во текот на 80-тите и 90-тите групата издала уште две плочи со нови песни, како и една компилација со најголемите нивни хитови.

Во 2007 година силно одекнала веста за самоубиството на фронтменот Делп во неговиот дом во Њу Хемпшир. Бред бил сметан за тивок човек со пријатен карактер и неговото самоубиство не било навестено со ниедна негова постапка. И покрај ова непријатно искуство, новиот албум на овој рок состав се очекува да излезе во 2013 година, и според зборовите на угледни музички новинари најголемиот дел од песните ќе бидат испеани од покојниот Делп.

Жанровски погледнато, Бостон свират хард рок со елементи на прогресивен рок. Пејачот Бред Делп е познат по неговиот широк вокален дијапазон, кој најдобро се забележува во песната „More Than a Feeling“. Според изјавите на самите членови, Битлс најмногу влијаеле во оформувањето на нивниот музички стил и правец. Интересни се и омотите од нивните студиски изданија, кои прикажуваат вселенски летала во кои е сместен градот Бостон.

Дискографија ГодинаАлбумСАДВелика БританијаeveryHit.com search resultsУверение за тираж (САД)Уверение за тираж (Велика Британија)1976Boston31117× ПлатинестЗлатен1978Don't Look Back197× ПлатинестСребрен1986Third Stage1374× Платинест—1994Walk On756Платинест—2002Corporate America42-——2013TBA 2013--——

Наводи

Надворешни врски Официјален портал

Категорија:Музички групи основани во 1976 година Категорија:Американски хард-рок групи Категорија:Музички групи основани во 1975 година