Лисестата гусковидна патка, Tadorna ferruginea, е член на семејството патки, редот гусковидни. Ја има во Македонија.

Распространетост

Има многу мала популација од овој вид во северно-западна Африка и Етиопија, но главната територија на парење е во североисточна Европа и Азија.

Опис Ова е птица на отворена земја и се вгнездува на карпи, во дупки или пукнатини далеку од вода, снесуваат 6-16 кремасто-бели јајца. Тоа се карактеристични видови, долги се 58–70 см и имаат распон на крилјата 110–135 см. Тие имаат портокалово-кафеава боја на телото и бледа глава. Крилјата се бели со црни пердуви за летање. Половите се слични, но мажјаците во сезоната на парење имаат црн прстен на дното од вратот, а женките често имаат побело лице. Се огласуваат со гласно, диво трубење. Претежно живеат во парови.

Исхрана Лисестата гусковидна патка се храни и со растителна и со животинска храна. Ја наоѓа и на суво и во вода.

Статус Лисестата гусковидна патка е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи

Database entry includes justification for why this species is of least concern Madge and Burn, Wildfowl ISBN 0-7470-2201-1 Mullarney, Svensson, Zetterstrom and Grant, Collins Bird Guide ISBN 0-00-219728-6

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Патки Категорија:Таксони опишани од Петер Симон Палас