Свети Димитриј — главна селска црква во струмичкото село Иловица, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, сместена меѓу куќи.

Историја

Црквата била изградена во 1796 година, но подоцна оваа мала црква била разурната. Од оваа икона денес има останато само неколку икони. Во текот на 1915 година црквата била обновена и проширена, а во 1925 година црквата го добила денешниот изглед.

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна и има придружни објекти, како камбанарија, трпезарија, влезна порта и помошни објекти. Црквата е во задоволителна состојба и единствено има пукнатина на источниот ѕид.

Галерија

Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Иловица

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Иловица