Мраморната патка (Marmaronetta angustirostris), е средна по големина и спаѓа во видот на нуркачки патки. Овие патки живеат во голем број на Средоземјето, но сега најчесто ги има во јужна Шпанија, северозападна Африка и во Израел. На исток живееат во мочуриштата на Месопотамија на југ во Ирак и во Иран ова се најважните живеалишта за овој вид патки, но, исто така, ги има на изолирани места во Турција, Ерменија, Азербејџан, Ирак и далеку на истокот во западна Индија и западна Кина Database entry includes a range map and justification for why this species is vulnerable.. Ги има и во Македонија.
Опис Мраморната патка е долга од 39 до 42 сантиметри. Возрасните се бледо песочно-кафена боја со сиви дамки, темни очни капаци и влакнеста глава. Малечките се слични со појаки сиви дамки. Во лет крилјата се светли, без карактеристичите дамки.
Поведение Мраморните патки се друштвени птици дури и во време на гнездење. Вон сезоната на парење јатата се мали, но се забележани и големи јата кои се подготвуваат за преселба. Во 2011 ирачките орнитолози забележале јато од дури 40 000 птици. Живеалиште и исхрана Мраморната патка живее во пар или во мали јата во мочурливи предели, езера и бавни реки со густа вегетација. Се исхрануваат нуркајќи, но многу малку се знае за нивната исхрана. Размножување Овие патки се гнездат на земја каде што ги несат јајцата во високи треви и големи дрвја. Можат да снесат од 7 до 10 јајца. Статус Мраморните патки станаа ранлива категорија поради намалување на нивниот број заради ловот. На нив се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Наводи
Надворешни врски BirdLife Species Factsheet. ARKive - images and movies of the marbled duck (Marmaronetta angustirostris)
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Патки