Република Српска Краина — самопрогласена, меѓународно непризнаена српска република, која постоела помеѓу 1991 и 1995 година на територијата на Хрватска. Според неофицијални проценки, во 1993 г. РСК имала 435.595 жители и зафаќала површина од 17.028 км2, што е околу 30% од територијата на СР Хрватска.

Главен град на РСК бил Книн (12.000), а останати поголеми градови биле Вуковар (33.000) и Петриња (19.000). Најголемиот дел од популацијата го сочинувале Срби (91%), потоа Хрвати (7%) и други (2%).

РСК неофицијално се граничела со Хрватска, СР Југославија, Босна и Херцеговина и Унгарија.

Најголемиот дел на Република Српска Краина бил преземен од вооружените сили на Хрватска со операциите "Блесок" (Западна Славонија) и "Бура" (Северна Далмација, Лика, Кордун и Банија), во мај и август 1995 г. По извршувањето на овие операции биле протерани околу 350.000 етнички Срби.

Претседатели Милан Бабиќ 1991 - 1992 Миле Паспаљ 1992 (привремено) Горан Хаџиќ 1992 - 1994 Милан Мартиќ 1994 - 1995 Премиери Милан Бабиќ 1991 Душан Вјештица 1991 - 1992 Ристо Матковиќ 1992 (привремено) Здравко Зечевиќ 1992 - 1993 Ѓорѓе Бјеговиќ 1993 - 1994 Борислав Микелиќ 1994 - 1995 Милан Бабиќ 1995

Категорија:Поранешни држави Категорија:Држави и територии настанати во 1991 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1995 година Категорија:Поранешни словенски држави