Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во малешевското село Владимирово, Општина Берово.

Историја

Градбата била започната во 1840 година, била осветена во 1842 година, а завршена во 1846. Во минатото, црквата служела и како училиште и полициска станица. Во црквата е откриен „Летопис на црквата на Св. Вознесение Христово“, како и книга на приходи, расходи и инвентар, каде се забележани детали за градбата, инвентарот, градењето на новата училишна зграда, направените трошоци.

Пожар

Црквата потполно изгорела на 1 ноември 2014 година. Официјално, причините за пожарот (кој избувнал околу 10 часот наутро) не се познати, но се претпоставува дека пожарот се проширил од свеќникот во непосредна близина на олтарот. Од црквата останале само камените ѕидови, крстилницата и камбанаријата, а внатрешноста била целосно уништена, заедно со старите и вредни икони.„Пеплосан и непроценливиот иконостас од Света Гора“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 16. По пожарот, повеќе истакнати жители по потекло од селото дале парични придонеси за обнова на црквата, како: Благоја Ханџиски, Снежана и Љубчо Георгиевски, Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ итн.„Се собираат донации за обнова на изгорениот храм Св. Спас“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 18.

Архитектура

Градбата е трикорабна црква со полукружна апсида. Посебен впечаток во црквата оставаат десетте дабови столбови, кои со секира се оформени во шестострани правилни призми.

Иконостас

Иконите на иконостасот се работени на Света Гора и се подарок на месното население.

Галерија

Поврзано Црква „Св. Илија“ Струмичка епархија Владимирово

Наводи

Надворешни врски

Владимирово Категорија:Владимирово