Орел — птица-грабливка.
Видови орли Сур орел Орелите се речиси најголеми грабливци. Клунот им е силно развиен, а на врвот свиткан во облик на кука. Темето на главата не им е заоблено, туку рамно. Нозете, сè до прстите, им се гаќести, односно им се обраснати со пердуви, освен кај орелот рибар. Крилјата им се големи и кај најголем број орли достигнуваат до врвот на опашката. Суриот орел е најголем меѓу орлите што живеат во Македонија. Долг е околу 90 см., а раскрилен достигнува и преку 220 см. Врвовите од крилјата не му ја покриваат опашката, односно се покуси од неа. Пердувите на главата и на вратот му се рѓесто жолти. Опашката му е бела, а на крајот црно обрабена. Другите пердуви му се темно-кафени до речиси црни. За ловството е мошне штетен, но бидејќи неговата бројност е многу ниска, постои опасност наполно да исчезне. Според Законот за ловството, забрането е негово убивање. Женката неси 2-3 јајца и врз нив лежи 45 дена.„Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1979 година.
Орел крстач (Орел зајачар) Орелот крстач е нешто помал од суриот орел. Ципите на крајот од клунот достигнуваат сè до очите.Врвовите од крилјата не достигнуваат до крајот на опашката. Пердувите му се кафено обоени. За разлика од другите орли, пердувите на рамената од крилјата му се бели. Гнездата ги прави исклучиво на дрвја. Во април-мај женката носи 1-3 јајца, врз кои лежи околу 45 дена. Како и сите други орли, бројноста на овој орел во Македонија е мошне мала, па затоа е забранет за отсрел.„Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1979 година
Орел клошташ Бојата на перјето кај овој орел е црно-кафена. На покривните пердуви на опашката се забележуваат бели делови. Очите и канџите му се жолти. Младите примероци се испскани по телото со белузлави пердуви и во основа бојата им е посветла отколку на возрасните примероци. Може да се распознава и по неговото огласубање. Всушност,тоа прилега на остар лаеж на некое мало куче(кјак-кјак-кјак).
Џуџест орел Овој вид, според својата големина, се вбројува меѓу најмалите орли што се среќаваат во Македонија. Во должина може да изнесе до 50 см , а раскрилен изнесува околу 130 см. Горниот дел од телото му е костенлив со потемни петна, додека долниот белузлав. Во зглобот на крилјата е видлива една бела дамка во големина на цреша. Опашката му е костенливо обоена, а од долната страна има четити попречни пруги. Се храни со глувци и други помали цицачи.
Орел рибар Орелот рибар е долг околу 60 см.,а раскрилен достигнува до 175 см. Писките на нозете не му се обраснати со пердуви и се со сино-пепеласта боја. Зад темето, врвот и грбот му се жолтеникава-пепеласти, додека долниот дел од телото му е со бела боја. На опашката има шест црни попречни пруги. Се храни исклучиво со риба. Гнездата ги прави по дрвја.
Орелот како тема во уметноста и во популарната култура Орелот како мотив во народното творештво „Два орли се бие“ — македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 50. „Ранет јунак и црна орлица“ — македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 109. „Утката и орелот“ (Сова и орао) — српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 106. „Соколот и орелот“ (Соко и орао) — српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 109. „Крале Марко и орелот“ (Марко Краљевић и орао) — српска народна песна.„Марко Краљевић и орао“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 123-124.
Орелот како мотив во книжевноста „Орелот и ѕвездата“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 54-56. „Орелот и лисицата“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 60-61. „Застреланиот орел“ — басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 15. „Желката и орелот“ — басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 37. „Орелот и гулабот“ — песна на Јохан Волфганг Гете.Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 31-32. „Човекот и орелот“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 17. „Стрелецот и орелот“ — басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 31. „Кукавицата и орелот“ — басна на Иван Андреевич Крилов.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 24. „Орелот и кокошките“ — басна на Иван Андреевич Крилов.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 28-29.
Орелот како мотив во музиката „Орли“ (англиски: Eagles) — американска рок-група. „Орли“ — песна на македонските музичари Елена Христова и Горан Трајкоски од 2011 година.Elena Hristova, Goran Trajkoski, Bioscopia, SJF Records 131, 2011.
Наводи
Категорија:Орли Категорија:Јастреби Категорија:Птици на Македонија Категорија:Дивеч во Македонија Категорија:Грабливи птици