Рубенс Фернандо Моедим, попознат како Рубињо — професионален бразилски фудбалер, голман. Моментално е без клуб.
Животопис Рубињо е роден во Саун Пауло, Бразил. Тој е помлад брат на Зе Елијас, кој исто така бил професионален фудбалер и играл за Бајер Леверкузен и Интер меѓу попознатите клубови.
Рубињо исто така поседува и италијански пасош.
Кариера Првите чекори во фудбалот Рубињо ги направил во ФК Коринтијанс, клуб од неговиот роден град Саун Пауло. Таму ги минал првите четири сезони како професионален фудбалер пред да се пресели во португалската екипа Виторија Сетубал.Italy calling for Artmedia starlet ; UEFA.com, (12 јануари 2006)
По една сезона мината во првата португалска лига, преминал во Џенова, која тогаш се натпреварувала во италијанската Серија Б. Во неговата прва година помеѓу „црвените“ од Џенова настапил на 29 натпревари и му помогнал на клубот да избори пласман во елитната Серија А. Во таа екипа минал три успешни сезони како прв чувар на мрежата, бележејќи вкупно 95 натпревари на голот.
Претсезоната 2009/2010 се случила трампа помеѓу Џенова и Палермо, по која Рубињо и Марко Амелија си ги замениле постојните тимови. Бидејќи Салваторе Сиригу бил првиот избор за голманското место во Палермо, Рубињо бил отстапен на Ливорно за време на зимскиот преоден рок, по само 8 одиграни натпревари од официјален карактер.
По крајот на сезоната било јасно дека Рубињо повторно ќе оди на позајмица, па така ФК Кјево Верона пројавил интерес за голманот. Првично постогнатиот договор со тимот од Верона пропаднал, по што Рубињо претстојната сезона ја минал како почетна „единица“ на Торино.
Сезоната 2011/2012 повторно се вратил во Палермо, но овој пат го загубил и второто голманско место во составот, по што бил приморан предвреме да го раскине договорот со тој клуб на 16 декември 2011. Остатокот од сезоната го поминал тренирајќи во неговиот роден Бразил, во локалниот тим на Гремио. Имал и една успешна проба во италијанскиот второлигаш Варезе, пред да потпише договор во траење од една година со екипата на Јувентус.
Титули Јувентус Серија А (4) : 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016 Куп на Италија (2) : 2014-2015, 2015-2016 Суперкуп на Италија (1) : 2015
Наводи
Надворешни врски Рубињо на Tutto Calciatori Рубињо на Zerozero
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1982 година