Адам Мајкл Блајт (; р. ) — поранешен англиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2010-2019 за екипите , , , , и .

Блајт започнал со велосипедизам уште од најрана возраст и станал член на олимписката развојна екипа на британската велосипедска федерација.

Животопис Аматерска кариера

Роден во Шефилд, Блајт започнал со велосипедизам на рана возраст во клубот Шефилд Феникс. Велосипедизмот бил семејна активност, неговата сестра Кимберли Блајт била исто така доста успешна како млад возач.

Блајт станал јуниорски спортист на годината од Дарбишир во изборот на годишните награди за спортист на годината во Источен Мидлендс во 2005.

Блајт ја напуштил академијата во февруари 2008 и заминал да се трка во Белгија. Останал со поранешниот професионален велосипедист, Тим Харис, во Вестмербек, близу Антверпен. Блајт ја добил стипендијата од Cycling Time Trials со цел настап на континентот и понатамошен развој. Настапувал за Вилерблуб Дес Спринтерс Малдерен, што е помошен клуб за некоја професионална екипа.

Професионална кариера

Блајт се вратил во Белгија да вози за екипата ДАВО во 2009, под надзорот на Курт ван дер Вувер, поранешен професионален велосипедист. Се приклучил на професионалната екипа како стажант во јули 2009, додека на 7 септември 2009 потпишал двегодишен договор со Сајленс-Лото поради добрите резултати за екипата.

Во 2012 година, Блајт го следел неговиот колега и близок пријател Филип Жилбер во приклучувањето во . Во октомври 2012, Блајт спринтал до победа на полукласикот Бинше-Турне-Бинше.

Во 2014 година Блајт ќе вози за новата британска екипа НФТО. Во 2015 година ќе ја промени екипата и ќе настапува за . По една сезона, во август 2015 година било објавено дека Блајт ќе премине во за сезоната 2016, каде повторно ќе се спои со спортскиот директор Шон Јејтс, кој работел со Блајт во текот на неговиот период во НФТО.

Откако се распаднал на крајот на 2016 година, Блајт се приклучил на екипата во нивната прва сезона.

По соопштението дека се распаѓа , во септември 2018 година Блајт објавил дека ќе се врати во за сезоната 2019, поврзувајќи се со поранешниот колега од , Кејлеб Јуан, како дел од неговиот спринтерски воз, со дополнителна улога како помошник за класиците.

Во октомври 2019 година, Блајт објавил дека ќе се повлече на крајот на сезоната.

Кариера по трките

Блајт е коментатор на Јуроспорт за велосипедизам, откако претходно работел при преносот на каналот на големите трки во текот на завршната професионална сезона во 2019 година. Исто така, бил известувач од терен за NBC Sports при преносот на Тур де Франс 2020, и повторно ја извршувал таа улога во 2021 година.

Во ноември 2019 година, Блајт објавил дека ќе биде дел од велосипедскиот бренд за облека CHPT3 со Дејвид Милар како дел од тимот за маркетинг.

Личен живот

Моментално живее во Монако.

Достигнувања Друмски велосипедизам

2006 3. Национално првенство во критериум 2007 1. Курне-Брисел-Курне (јуниор) 1. Краен пласман Три дена ван Аксел 1. Спринтерски пласман 1. Бодовен пласман 1. Комбиниран пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 6. Париз-Рубе јуниори 2008 Трка Хонгконг-Шангај 1. Етапа 2 1. Етапа 3b 2009 1. Сиркуи ди Порт де Денкерк 1. Етапа 7 Трка околу Тирингија под 23 години 2. Гроте 1-МејПрејс 5. Антверпсе Хавенпејл 2010 1. 20п Краен пласман Сиркуи Франко-Белж 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Национале Слујтингспрејс 3. Омлоп ван хет Хутланд 4. Гран при де Фурмје 4. Схал Селс 2011 2. Хутем-Вилворде 3. ГП Стад Зотегем 4. Краен пласман Ронде ван Дренте 1. 20п Пласман за млад возач 7. Краен пласман Тур де Валони-Пикард 2012 1. Бинше-Турне-Бинше 1. Етапа 1 Париз-Корез 2. Омлоп ван хет Хутланд 3. Класик Хандзам 4. Гран при д’Исберг 10. Краен пласман Трка околу Катар 2013 4. Краен пласман Трка околу Катар 1. Етапа 2 (ТТТ) 2014 1. 20п Национално првенство во критериум 1. Класик РајдЛондон-Сари 1. Гран при Отли 1. Гран при Ипсвич и Костал 1. Круг на Фенс 1. Меѓународна друмска трка Џерси 2. Гран при Беверли 3. Трофеј Бомон 6. Класика Рутланд-Мелтон Интернејшнл 2015 2. ГП Стафорд 3. Краен пласман Трка околу Кореја 2016 1. 20п Национално друмско првенство 2017 2. Нокере Курсе 2. Класик Хандзаме 4. Ронде ван Дренте 2018 1. Елфстеденронде 2. Национално друмско првенство 5. Класик Хандзаме 7. Ронде ван Лимбург 9. Три дена Брухе-Де Пане

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија ЏироСОСО—167———— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Турcolspan=8 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта———————155

СО = се откажал; — = не учествувал

Велодромски велосипедизам

2006 1. 20п Европски јуниорски првенства - екипна потера Национални јуниорски првенства 1. 20п Скреч 2. Бодовна трка 2. Национални првенства - медисон (со Метју Роу) 2007 1. 20п Европски јуниорски првенства - екипна потера 1. 20п Национални првенства - медисон (со Лук Роу) 1. Гент (со Питер Кенох) Национални јуниорски првенства 2. Скреч 3. Бодовна трка 2013 2. Национални првенства - медисон (со Питер Кенох) 2014 2. Национални првенства - екипна потера

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Англиски велосипедисти Категорија:Луѓе од Шефилд