Правило за монетарната политика (англиски: Monetary policy rule) претставува алгебарски, бројчен или графички опис на начинот (процесот) според кој се носат одлуките за промена на инструментите на монетарната политика (монетарната база или каматните стапки) како одговор на промената на економскитe променливи (инфлацијата, производството итн.)
Дефиниција на правилата Џон Тејлор (John Taylor) го дефинира правилото како опис - изразен алгебарски, бројчено или графички - за тоа како инструментите на политиката (монетарната база или каматните стапки) се менуваат како одговор на економските променливи.Taylor, John B. "An Historical Analysis of Monetary Policy Rules." NBER Working Paper 6768, October 1998.
Дефиницијата на Алан Мелцер за правилата е "систематски процес на одлучување кој ги употребува информациите на доследен и предвидлив начин. Според Бенет МекКалум (Bennett T. McCallum), правилото е тековна имплементација на некоја формула, која е избрана така што е применлива за бесконечно голем број на периоди на одлучување.Bennett T. McCallum. "Issues in the Design of Monetary Policy Rules." NBER Working Paper 6061, April 1997. Може да се заклучи дека правилото е формула која инструментот на монетарната политика го насочува кон одржување на таргетираната променлива блиску до нејзината посакувана вредност. Во општа смисла, правилото е претставено преку формулата:
каде r е инструментот на монетарната политика, додека x е таргетираната променлива.
Во основа, правилата се делат на количински и ценовни: првите се однесуваат на некој монетарен агрегат, а вторите на некоја цена како:девизниот курс, златото, општото ниво на цените или каматните стапки. Свенсон ги дели правилата во две широки класи:Svensson, Lars E.O. "Inflation Forecast Targeting: Implementing and Monitoring Inflation Targets." NBER Working Paper 5797, October 1996. правила на инструментитe(instrument rules) и правила на таргетирање (targeting rules). Првите се правила кај кои инструментот на монетарната политика (на пример, кусорочните каматни стапки или примарните пари) реагира на одредени променливи, т.е. инструментот на монетарната политика се менува механички според промена на некоја од променливите. Вторите правила значат дека монетарната политика реагира на отстапувањето на некоја крајна цел или интермедијарен таргет (intermediary target) од нивната таргетирана вредност. Иако, оваа поделба инсистира на терминолошка прецизност, сепак таа не е пошироко прифатена, така што под поимот правило се подразбира она кое се однесува на начинот на реагирање на инструментот на политиката.
Одлики на доброто правило се:Robert E. Hall and N. Gregory Mankiw. "Nominal Income Targeting." NBER Working Paper 4439, August 1994. Ефикасност - доброто правило треба да обезбеди минимална варијабилност на цените и производството при различни претпоставени макроекономски модели, Едноставност -во изразувањето на правилото, кое треба да биде лесно разбирливо; Прецизност - правилото да биде јасно поставено, т.е. квантифицирано, а не да биде воопштено со зборови како "да се обезбеди стабилност на цените на долг рок"; Одговорност - правилото да овозможува оценка на перформансите на централната банка, т.е. да може лесно да се утврди, дали таа се придржува кон него или го прекршува.
Улогата на правилата во монетарната политика За надминување на ограничувањата на монетарната политика клучно е поставување прецизни и строги правила според кои би се водела монетарната политика. Притоа, постојат економски и политички аргументи за прифаќање на правилата во водењето на монетарната политика. Економските аргументи произлегуваат од анализата на временската неконзистентност, додека политичките аргументи се состојат во заштитата на монетарната политика од злоупотреба од страна на политичарите. Но, наспроти големата популарност што ја уживаат правилата во монетарната теорија, во реалниот живот не постои случај на водење на монетарната политика според однапред пропишано квантитативно правило.
Иако дебатата "за и против правилата" е доста стара, сепак таа доби остар пресврт со анализата на проблемот на временската неконзистентност на дискреционата политика. Анализата на Кидланд (Finn E. Kydland) и на Прескот (Edward C. Prescott) директно сугерира дека економската политика треба да се води според конституционални правила, кои нема да се менуваат, освен во исклучителни состојби.Finn E. Kydland and Edward C. Prescott. "Rules Rather than Discretion: The Inconsistency of Optimal Plans." Journal of Political Economy, 85(31), 1977. Движејќи се во истата рамка, и Баро (Robert J. Barro) и Гордон (David B. Gordon) покажуваат дека правилата водат кон подобри економски перформанси во споредба со дискреционата политика, дури и кога монетарната политика е добронамерна, т.е. настојува да ја максимизира благосостојбата на општеството. Тие го потврдуваат правилото е супериорно во однос на дискрецијата, но тие покажуваат дека идеалното правило за нулта инфлација не е применливо заради искушението да се прекрши правилото и придобивките кои произлегуваат од тоа. Според нив, применливите правила подразбираат некоја позитивна стапка на инфлација.Robert J. Barro and David B. Gordon. "A Positive Theory of Monetary Policy in a Natural Rate Model." Journal of Political Economy, 91(4), 1983.
Конкретни правила во монетарната политика
Најпознатото правило, кое побудува голем интерес не само во теоријата, туку и во практичното водење на монетарната политика, е Тејлоровото правило (Taylor rule), кое е претставено во следнава општа форма:
каде што R го претставува инструментот на монетарната политика, т.е. номиналната каматна стапка на централната банка; π е посакуваната стапка на инфлација на долг рок; y е разликата помеѓу тековниот и потенцијалниот производ (т.н. јаз во производството- output gap ); it и i* се тековната и таргетираната инфлација, содветно; и ṝ е рамнотежната каматна стапка.Taylor, John B. "An Historical Analysis of Monetary Policy Rules." NBER Working Paper 6768, October 1998a. Tеоретските модели и историските симулации покажуваат дека h > 1 е потребен услов за водење на стабилизационата политика, т.е. при отстапување на тековната инфлација од таргетот, централната банка треба да реагира со натпропорционално зголемување на номиналнитe каматни стапки, што пак имплицира пораст на ex post реалните каматни стапки.
Во литературата се сретнуваат бројни модификации на Тејлоровото правило. Лоренс Бол (Laurence Ball) го предлага следново правило за водење на монетарната политика во отворена економија:Laurence Ball. "Policy Rules for Open Economies." NBER Working Paper 6760, October 1998.
според кое, инструментот на монетарната политика (комбинација на каматната стапка и девизниот курс) реагира на јазот во производството и комбинацијата на тековната инфлација и девизниот курс во минатиот период, а тоа е долгорочната инфлација која е исчистена од ефектите на транзиторните промени на девизниот курс.
На оваа линија е и правилото на Хендерсон и Мек Кибин:
т.е. каматната стапка на централната банка е функција на отстапувањето на збирот од инфлацијата и производството од таргетираните вредности.Svensson, Lars E.O. "Inflation Targeting as a Monetary Policy Rule." NBER Working Paper 6790, November, 1998b. Булард и Шалинг покажуваат дека во присуство на шокови на страната на понудата, Тејлоровото правило треба да се прошири така што монетарната политика ќе реагира не само на факторите на страната на побарувачката (отстапувањето од таргетираната инфлација и јазот во производството), туку и на факторите на страната на понудата.James B. Bullard and Eric Schaling. "New Economy - New Policy Rules?" Federal Reserve Bank of St. Louis Review, 83(5), September/October, 2001. Тоа пак понатаму имплицира реагирање на монетарната политика на промената на стапката на инфлација и јазот во производството од минатиот период:
Втората група правила кои се сретнуваат во литературата се т.н. номинални правила со повратна врска (Nominal Feedback Rules - NFR), кои уште се познати како Мек Калумови или адаптивни правила (McCallum rules, adaptive rules). Општата форма на овие правила е :
Овие правила се состојат од четири елементи:Dueker, Michael and Andreas M. Fischer, "A Guide to Nominal Feedback Rules and Their Use for Monetary Policy." Federal Reserve Bank of St. Louis Review, 80(4), July/August 1998. прво, инструментот на монетарната политика (y); второ, таргетираната променлива (h); трето, долгорочниот тренд на движењето на оваа променлива (0); и најпосле, предвидување на односот меѓу инструментот и таргетираната променлива(h - u) заедно со параметарот на повратната врска(1). Од оваа група, најпознато е правилото на МекКалум, кое се однесува на монетарната база како инструмент на монетарната политика:
Правилото покажува дека кварталната стапка на растеж на примарните пари треба да биде еднаква на посакуваниот растеж на номиналниот БНП, намалена за просечниот растеж на брзината на оптек (velocity) на примарните пари во претходните 16 квартали и коригирана за отстапувањето од таргетот во претходниот квартал.
Естрела и Мишкин (Frederic S. Mishkin) предлагаат правилото на МекКалум да се модификува во:Arturo Estrella and Frederic S. Mishkin. "Is There a Role for Monetary Aggregates in the Conduct of Monetary Policy?" NBER Working Paper 5845, November 1996.
Значи, наместо да се врши исправка на монетарниот растеж за просечната брзина на оптек на парите во претходните четири години, како во оригиналното правило, исправката се врши само за промената на брзината на оптек на парите во минатиот период.
Во поново време, во литературата се предлагаат итн. правила свртени кон иднината (forward-looking rules), кај кои инструментот на монетарната политика реагира на очекуваните вредности на некои променливи. Голема предност на оваа група правила е тоа што тие експлицитно водат сметка за временските задоцнувања на ефектите на монетарната политика. Исто така, монетарната политика реагира на предвидената инфлација (која е резултат на бројни променливи), а тоа значи дека имлицитно, таа базира врз поширока лепеза на информации, што е голема предност во однос на другите прости правила, кои реагираат на мал број променливи. Така, Халдејн и Батини го нудат правилото:Andrew G. Haldane and Nicoletta Batini. "Forward-Looking Rules for Monetary Policy." NBER Working Paper 6543, August 1998.
т.е. ex-ante реалната кусорочна каматна стапка реагира на минатата и рамнотежната каматна стапка, како и на отстапувањето на очекуваната инфлација од таргетот.
Кларида, Гали и Гетлер го предлагаат следново правило:Richard Clarida, Jordi Galí and Mark Gertler. "Monetary Policy Rules in Practice: Some International Evidence." NBER Working Paper 6254, November 1997.Richard Clarida, Jordi Galí and Mark Gertler. "Monetary Policy Rules and Macroeconomic Stability: Evidence and Some Theory." NBER Working Paper 6442, March 1998.
каде што монетарната политика реагира на отстапувањето на очекуваната инфлација од таргетираната и на очекуваното отстапување на реалниот производ од потенцијалниот. МекКалум и Нелсон го применуваат истото правило, само со номиналниот доход наместо очекуваната инфлација.Bennett T. McCallum and Edward Nelson. "Nominal Income Targeting in an Open-Economy Optimizing Market." NBER Working Paper 6675, August 1998.