Диме Илиев (роден на во Кавадарци) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер.
Животопис
Илиев дипломирал на Факултет за драмски уметности во Скопје во 1975 година и истата година се вработил како глумец во Драмски театар-Скопје, и работи се до неговото пензионирање во 2019 година.
Кариера
Во текот на кариерата, Илиев одиграл над 100 улоги, и тоа не само на репертоарот на Драмскиот театар, туку на сцените на другите театри во Македонија. Исто така, Илиев настапувал и во телевизиски и радио драми, во играни филмови, а имал и неколку режисерски ангажмани. Илиев одреден период вршел натсихронизација на турски серии за Телевизија Алфа, од 2014 до 2017 година.
Филмографија Година Филм Улога1970-ти 1975 Прва вечер ТВ-филм 1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм Петко 1977 Итар Пејо ТВ-серија / 1977 Сослушувањето на железничарот ТВ филм Методија Стрезовски 1979 Наши години ТВ-серија Диме1980-ти 1980 Време води ТВ-филм 1980 Двојка ТВ филм Филип 1981 Црвениот коњ ТВ-филм 1985 Тетовирани души ТВ-филм 1986 Климент Охридски ТВ филм Арсениј 1987 Театарче лево ќоше ТВ-филм 1988 Тврдокорни ТВ-серија Доне Стојанов-Стипјанчето 1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Келнерот 1989 Цвеќе на карпата ТВ-филм Синот1990-ти 1990 Викенд на мртовци ТВ-филм Келнерот 1990 Северна грешка ТВ филм Чевек во WC 1990 Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Суљо 1991 Македонија може ТВ-серија / 1992 Македонски народни приказни ТВ-серија / 1992 Тврдкорни ТВ-серија 1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Полицаец 1993 Еурека ТВ-серија Томас Едисон - возрасен 1994 Прекалени ТВ-серија Димитар Миладинов 1995-1999 Во светот на бајките ТВ-серија Слугата2000-ти 2000 Мајка Тереза ТВ-филм 2000 Погрешно време ТВ-серија Никој и ништо 2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија Советникот 2001 Агенција осамени срца ТВ-серија 2002 Заведени ТВ-серија / 2003 Седум приказни, за љубовта и свршувањето ТВ-филм 2004 Големата вода ТВ-филм Хоспитал Менаџер 2004 Неверство во зимска ноќ ТВ филм Стојан 2005 Контакт ТВ-филм Неигхбоур 2006 Македонски народни приказни ТВ-серија / 2007 Сенки ТВ-филм Игњат Перков 2008 Куќен совет ТВ-серија 2010-ти 2010 Мајки ТВ-филм Сергеант Јанески 2010-2011 Од денес за утре ТВ-серија Боге 2012 Македонски приказни ТВ-серија 2013 Тиквешко востание ТВ-серија Војвода 2013-2014 Тврдокорни 2 ТВ-серија Поштар емигрант / Игуменот Козма 2014 Приказни од животот ТВ-серија 2014 Македонски народни приказни 3 ТВ-серија Крсте 2015 Медена ноќ ТВ-филм Симонов 2015 Збор ТВ-филм Горди 2016 Чевли Краток филм Павле 2016 Црвената соба ТВ-филм Никола 2017 Исцелител ТВ-филм Тоде 2017 5+ фамилија ТВ-серија Коста 2017 Железната приказна ТВ-филм Николај 2018 Преспав ТВ-серија Иво 2018 Година на мајмунот ТВ-филм Политичар2020-ти 2020 Мојот Драмски ТВ-серија 2022 Македонски народни приказни ТВ-серија 2026 Калуп 2 - Смола ТВ-серија 2027 Мравки ТВ-филм
Тетарски претстави
"Атена со пенис", од Александар Русјаков, Драмски театар - Скопје" (2017). Лет над кукавичјото гнездо, Драмски театар - Скопје 2017. Фестен, Драмски театар - Скопје 2018.
Награди и признанија „Најдобар млад глумец“, 1976 (за претставата „Црнила“) Награда за главна улога, ТВ фестивал Порторож, 1976 (за ТВ-драмата „Сослушувањето на железничарот“) „Најпопуларно ТВ лице“, 1979“ (за серијата „Наши години“) "Ристо Шишков", 1995 (за претставата "Од првиот здив") Награда 8 ноември на Неготино, за почесен граѓанин 2012 Награда за најдобра машка улога на Ифад з улогата на таткото во Евродика 2013 На 25 март 2015, по завршувањето на претставата "Човекот што го изеде светот" поставена од страна на Драмски театар - Скопје, на Илиев му била врачена наградата "Глумец на годината" што ја доделува дневниот весник "Дневник". Притоа на Илиев му била врачена статуетка (дело на вајарот Сашо Саздовски) на која било запишано неговото име. Во таа прилика, Илиев изјавил: "Не постои глумец на кој наградите не му значат. Ние работиме за публиката, за аплаузи, но наградите се потврда за онаа што сме го сработиле". Награда „Петре Прличко“, 2019ТЕШКО МИ ПАЃА ПЕНЗИЈАТА, АКО МЕ БАРААТ РЕЖИСЕРИ, ТУКА СУМ, КАЖА ДИМЕ ИЛИЕВ ПО ДОБИВАЊЕТО НА НАГРАДАТА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ на семрежното место на „Сакам да кажам“ Награда „13 Ноември“, 2025
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумци од Кавадарци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Југословенски глумци Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Добитници на наградата „Петре Прличко“ Категорија:Добитници на наградата „Ристо Шишков“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје