Бора Бора (француски: Bora-Bora, тахитски: Pora Pora) е група острови со површина од 30.55 км2 во Заветрени острови во западниот дел на Друштвени Острови во Француска Полинезија, прекуморска заедница на Франција во Тихи Океан. Главниот остров, кој се наоѓа 230 км северозападно од Папеете, е опкружен со лагуна и со корален гребен. Највисоката точка се издига на 727 метри надморска височина.

Постои само еден пловен премин низ кој може да се помине меѓу прстенот од корални острови, кои месното население го нарекле мотус. Поради тоа, лагуната е природно престаниште. Освен главниот централен остров Бора Бора, двапати поголем од Гибралтар (12 км2), постојат и два помали - Тупуа и Тупуаити. Сите овие острови се остатоци од вулкански кратер кој еродирал. Два остри нерамни врва доминираат над Бора Бора, во централниот дел: Пахија, висок 660 метри и малку повисокиот Отеману со совоите 727 метри.

Бора Бора е главно меѓународно туристичко одредиште, позната по луксузното одморалиште. Главното населено место, Ваитапе, е на западната страна од главниот остров Бора Бора, наспроти главниот канал во лагуната. Производството на островот најчесто е ограничено на она што може да се добие од морето и од кокосовите палми.

Демографија Според пописот од 2017, групата Бора Бора брои 10,605 жители.

Потекло на поимот Порано, на локален тахитски дијалект, островот бил нарекуван "Пора Пора Маи Те Пора", со значењето, "Создаден од боговите". Ова честопати се кратело на Пора Пора што пак означува "Првородениот". Поради нејасност во фонемите на тахитските јазици, ова може да се изговара и како Бора Бора. Кога истражувачот Јакоб Рогевен за првпат допловил до островот, тој и неговиот екипаж го усвоиле називот Бора Бора кој останал непроменет до денес.алт=|мини|277x277пкс|Островот Бора Бора сликан од авион

Настанокот мини|Островот Бора Бора|279x279пкс Бора Бора се издигнал од морето како голем вулкан пред 3 милиони години и околу него израснал корален прстен. Минијатурните корални полипи живеат во камените оклопи кои ги излачуваат користејќи го калциумот кој го извлекуваат од плитките тропски мориња. Камените оклопи на една колонија полипи полека растат и така се создал гребенот. Како што се ладела океанската кора, така вулканот почнал да тоне, а коралот и понатаму продолжил да расте, така што островот и лагуната останале внатре во прстенот од коралниот гребен. Со текот на времето се претпоставува дека островот ќе се исчезне и ќе остане само атол, односно лагуна опкружена со корален гребен. лево|мини|Знаме на Кралството Бора Бора (1837–1842) Историја

Полинизејците на островот се доселиле пред 1.100 години и на него постојат неколку древни храмови. Во еден од нив има камени плочи, на кои се врежани свети желки. Холандискиот истражувач Јакоб Рогевен стигнал на Бора Бора во 1722 година и станал првиот Европеец којшто тука стапнал. Капетанот Џејмс Кук, британски истражувач и морепловец, го здогледал островот на 29 јули 1769 година, но се закотвил во пристаништето дури во декември 1777 година. Кук запишал дека името на островот е Бола Бола ( што значи Првороден ), иако можеби поточно би било Пора Пора, бидејќи доселениците од Полинезија не умееле да ги изговорат гласовите б и л.

Првиот доселеник од Европа бил Џејмс Конор, кој во 1792 година преживеал бродолом на британскиот китоловец Матилда. Тој се оженил со Полинезијка и се населил на најјужната точка од островот што ја нарекол Матилда Поинт. Денес тоа место е познато под името Матира Поинт. Островот во 1895 година станал дел од Француска Полинезија.

Лондонското мисионерско друштво пристигнало во 1820 и основало протестантска црква во 1890 година. Бора Бора била независно кралство до 1888 година, кога нејзината последна кралица Теримаеваруа III била присилена да абдицира од страна на Французите кои го анексирале островот како колонија.

Во Втората светска војна, САД го избрале островот Бора Бора како воена база на Јужниот Тихи Океан и биле изградени нафтовод, аеродром, база на хидроелектрани и дефанзивни утврдувања. Познат како "Операција Бобкет", оттука се снабдувале девет бродови, 20.000 тони опрема и речиси 7.000 луѓе.

13-тиот крајбрежен артилериски полк (подоцна 276-миот артилериски баталјон), биле поставени на стратешките точки околу островот за да ја заштитат областа од можни воени напади.

Сепак, тука немало борба, бидејќи за американското присуство на Бора Бора не се дознало во текот на војната. Базата официјално била затворена на 2 јуни 1946 година. Аеродромот во Втората светска војна никогаш не бил во можност да прифати големи авиони, но сепак бил единствениот меѓународен аеродром во Француска Полинезија до Меѓународниот аеродром Фааа, кој бил отворен веднаш до Папеете, на Тахити, во 1960 година.

Администрација Комуната Бора-Бора е составена од островот Бора Бора со неговите околни островичиња кои произлегуваат од коралниот гребен, со вкупна површина од 29,3 км2. Околните острови ги вклучуваат Моту Тапу, Моту Ахуна, Теваироа, Моту Тане, Моту Муте, Моту Туфари, Моту Техоту, Моту Питиау, Софител Моту, Моту Топуа и Топуаити. Комуната го вклучува и атолот Тупаи. (11 км2), кој се наоѓа на 20 километри северно од Бора Бора. Атолот Тупаи нема постојано население освен околу 50 работници на кокосовите плантажи.

Комуната е административна субдивизија на Заветрените Острови и се состои од три придружни општини: Анау, Фануи и Ваитапе. Административниот центар на општината е населбата Ваитапе, на островот Бора Бора. Клима

Повеќето дождови се во текот на летните месеци (ноември до април) придружено со голема влажност, иако разведрувања има и во средината на јануари. Тропските температури се движат меѓу 24 и 28 °C ги намалува свежото ветре кое доаѓа од исток.

Туризам лево|мини|Одморалиште на Бора Бора Економијата на островот речиси исклучиво се потпира на туризмот. Неколку одморалишта се изградени на малите острови околу лагуната. Хотелот Бора Бора бил отворен во 1961 година, а девет години подоцна ги изградил првите надводни бунгалови на потпорници над лагуната. Денес надводните бунгалови се стандардна одлика на повеќето одморалишта на Бора Бора. Квалитетот на овие бунгалови се движи од релативно евтини основни сместувања до многу луксузни и скапи капацитети.

Овој идиличен тропски остров има прекрасни плажи, палми што се нишаат и нежна сина лагуна.

Бисер на Тихиот Океан, рај на Земјата, остров на соништата, се епитетите со кои луѓето го опишувале островот Бора Бора. Бора Бора е остров кој се наоѓа во самото средиште на Француската Полинезија, една од најубавите целини во островската група Заветрени Острови кои се дел на Друштвените Острови. Блескавите плажи со бел песок порабени со палми, тиркизните ридови и грстовите сјајни цветови од хибискус се протегаат крај кристално бистрата лагуна.

Риболовот и нуркањето во и околу лагуната на Бора Бора се популарни активности. Многу видови ајкули и риби живеат околу во океанот. Постојат неколку нуркачки оператори на островот кои нудат активности како набљудување или хранење на ајкулите.

Сообраќај Пистата изградена на Моту Муте, за време на војната, денес е дел од аеродромот од кој туристите со чамци се превезуваат преку лагуната до главното место Ваитапе. алт=|центар|мини|765x765пкс

Во културата

Филм Бора Бора нагло го прифатила западниот начин на живеење, веднаш по првата американска културолошка „инвазија“ во 1928-29 година. Тогаш тука дошла филмска екипа што го снимила немиот филм Табу, трагична приказна за ловец на бисери кој ги прекршил табуата. Тоа била само најава за доаѓањето на Американците кои за време не Втората светска војна го користеле островот како база за морнарицата и аеродромот со 600 војници. Италијанската филмска екипа дошла во Бора Бора во 1979 година за да го сними филмот Ураган, на Дино де Лаурентис, кој е римејк на една мелодрама во 30-тите години.

Книжевност Американскиот писател Џејмс Мичнер рекол дека тоа е најубавиот остров во светот и истото послужило за пример во неговата книга Сказни од Јужниот Тихи Океан (англиски: Tales of the south Pacific). Користена литература

Галерија

Наводи

Категорија:Заветрени Острови Категорија:Острови во Тихиот Океан Категорија:Друштвени Острови Категорија:Француска Полинезија