Голем тетреб (Tetrao urogallus) е вид птица од семејството тетреби. Ја има во Македонија.
Распостранетост Најчесто се среќаваат во Средна Азија, и во северните делови на Европа, особено во пошумените региони на Норвешка, Шведска, Финска, Русија и Романија.
Опис Мажјаците многу лесно можеме да ги разликуваме од женките, поради нивната големина и боја. Должината на тетребите изнесува 74–85 см, распонот на крилјата им е 90–125 см. а тежат околу 4.1 кг. Пердувите на телото им се темносиви-темнокафени, а кај градите им се светликаво зелени. Во зависност од расата, пердувите кај опашот и стомакот се бели или црни. Женките се дури околу двапати помали од мажјаците, долги се 54-64 см, а распонот на крилјата им е 70 см. Пердувите на горниот дел им се кафени со црно и сиво, а на долниот дел имаат и светло-жолта нијанса. Двата пола имаат пердуви на нозете, особено во зима за заштита од студ.
Исхрана и живеалиште Се хранат со лисја, треви, плодови, инсекти. Нивните живеалишта се старите густи шуми, каде што продира само толку сонце колку што им е потребно.
Размножување Сезоната на размножување започнува во периодот помеѓу Март и Април, и отприлика трае до Мај-Јуни. Три дена по парењето, женката почнува да ги лежи јајцата. Женката несе осум јајца, некогаш и дванаесет, а ретко кога несе четири-пет. Според времето и надморската висина, одгледувањето трае 26-28 дена. По големина, јајцата им се исти како на кокошките, но имаат и попрскано-кафена боја.
Наводи
Надворешни врски
Capercaillie mating game on the Internet Bird Collection A to Z of UK Birds Aigas Field Centre Capercaillie Ecology and breeding programme pages Western Capercaillie —pictures in nature photographer Janne Heimonen's photo gallery
Категорија:Тетреби Категорија:Птици на Македонија Категорија:Кокошковидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј