Човековото срце е неверојатно издржливо. Станува збор за милјарди отчукувања во текот на просечен човечки живот. Но сепак како и другите делови на телото и срцето е изложено на оштетувања. Срцевите заболувања се разликуваат според природата и сериозноста. Можат да бидат минливи или хронични, постепени или ненадејни, тегобни или смртоносни. Некои облици на срцеви заболувања тесно побрзани со прехранбените и други животни навики, можат да се спречат. Другите се последица на генетско наследство, инфекции или други фактори надвор од нашата контрола. Во просек од пет американци, двајца ќе умрат од срцеви болести. Поради тие причини секој ден умираат по 2500 луѓе. За среќа бројот на смртни случаи постојано опаѓа, благодарение на подобрата медицинска нега и програмите за образование на населението за факторите за ризик.
Симптоми Повеќето симптоми што ги поврзуваме со срцевите заболувања можат да имаат и друга причина. Наспроти тоа некои облици на срцеви заболувања долго не предизвикуваат никаков ефект што може да се забележи. Чувство на стегање и болка во градите, честопати поврзано со ангина пекторис и срцев удар. Остра болка што боцка во градите е најчесто знак на перикардитис Шумење, биење или забрзано чукање на срцето го нарекуваме треперење или срцеви палпитации Отежанто дишење Задржување на течностите во нозете, зглобовите, стомакот, белите дробови или срцето Вртоглавица, премаленост и несвестици рамка|лево|Срцева мана
Обратете се на лекар Ако почувствувате необична болка во градите особено ако е трајна или ако се повторува. Можна е ждригавица но и срцев удар. Ако почувствувате зачестени неправилности во ритамот на срцевата работа (срцеви аритмии). Ако се јавува често и трае долго неправилната работа на срцето може да биде знак за потешко срцево заболување Ако одеднаш почувствувате вртоглавица, премаленост или изгубите свест. Нарушувањето може да биде сериозно дури и ако не станува збор за срцево заболување.
Срцеви аритмии Срцевите аритмии се нарушувања на вообичаениот ритам на срцевата работа. Неправилностите се јавуваат во многу облици од кои секој има свои причини и начини на лекување. Потешките аритмии се честопати последица на други срцеви заболувања иако можат да се јават и независно од нив.
Коронарни срцеви заболувања Коронорните срцеви заболувања се најчестиот облик на срцеви болести. Станува збор за затегнување на коронарните артерии што доведува до забавување на течењето на крвта во срцето, а со тоа и до недостиг на кислород. Овие заболувања по правило се последица на атеросклероза, воспалителен процес што некогаш го нарекуваме затнување на артериите. Потешкото коронарно заболување на срцето може да доведе до конгестивен застој на срцето, општа слабост на срцето што ја намалува неговата способност да пумпа крв. Корнонарните срцеви заболувања можат да предизвикаат и болни напади на ангина пекторис, срцев удар или во најлош случај ненадејна смрт. Иако точните околности и причини за конорарното срцево заболување не се целосно разјаснети, најважните фактори за ризик се добро познати. Во голема опасност се луѓето кои во семејствата имаат исторја на срцеви заболувања. Мажите се поподложени од жените, иако ни тие не се имуни. Возраста исто така е важен фактор и кај мажите и кај жените веројатноста за појава на срцево заболување значително се зголемува по 65 година од животот. Дијабетичарите исто така припаѓаат на ризичната група. Многу фактори на ризик можат да се намалат или сосема да се отстранат. Луѓето со висок крвен притисок или со високо ниво на лош холестерол заболуваат од атеросклероза и нарушувања поврзани со неа. Зголемениот крвен притисок или нивото на холестерол може да се контролираат со правилна исхрана и соодветен начин на живеење. Пушењето несомнено е работа на избор. Имајте предвид дека тоа значително ја зголемува опасноста од срцеви заболувања поради штетно дејство на отровните материи од тутунскиот чад врз крвните садови. Никотинот ја забрзува работата на срцето, што исто така има неправилно дејствување бидејќи го оптоварува срцето со поголеми напори. Освен тоа никотинот поттикнува стеснување на крвните седови и порастот на крвниот притисок. Веројатноста од заболување од срцеви болести е поголема од просечната и кај дебелите луѓе. Нивните вишок килограми дополително го оптоваруваат срцето и крвните седови. Дебелите луѓе често имаат висок холестерол тоа е делумно поради начините на исхрана, но главно поради фактот дека дебелината е поврзана со нарушувањето на метаболизмот на мастите. Бидејќи физичката активност го штити здравјето на срцето и крвните садови, начинот на живеење без многу движење исто така ја зголемува опасност од заболување. Луѓето кои редовно вежбаат по правило се послаби имаат понизок крвен притисок и повисоко ниво на добар холестерол. Физичкото вежбање успешно намалува уште еден фактор на ризик- стресот. Истражувачите ги дефинираат стресните состојби кои предизвикуваат реакција бори се или бегај т.е психолошка подготовка на организмот со соочување на заканата. Бидејќи организмот на крајот не реагира на ниеден од тие два начини се создава чувство на страв , безпомошност и губење на контролата врз состојбата. Иако стресот не е мерлив како ни неговото влијание на развојот на срцевите заболувања постојат многу докази дека долготрајниот и потиснат стрес ја зголемува веројатноста за појава на срцеви заболувања и дополнително ги отежнува веќе постојаните тегоби.
Заболувања на срцевите залистоци Срцето има 4 залистоци: белодробни, митрални, трилисни и аортни. Залистоците се отвораат и затвораат за да го овозможат или спречат протокот на крвта меѓу четирите срцеви оддели и крвните садови што ги поврзуваат. Оштетениот залисток не се отвора правилно, што го спречува нормалниот проток на крвта, или не се затвора правилно, што доведува до делумно пропуштање на крвта. Најчестите причини за неправилна работа на залистокот се вродените, т.е вродените заболувања на срцето и разните воспаленија. Нарушувањата во работата на залистокот најчесто се однесуваат на митралните или аортни залистоци, кои го контролираат протокот на крвта за левата страна на срцето. Најчесто е заболувањето на митралниот залисток. Вишокот ткиво го нарушува нормалното затворање на залистокот, па доаѓа до пропуштање на крвта. Кај повеќето лица ова нарушување не е сериозно, но понекогаш е потребна терапија со лекови или, во ретки случаи, хируршки зафат со кој ќе се спречи инфекцијата на залистокот или преоптоварувањето на срцето. Инфективниот ендокардититс е воспалителна болест на срцевите залистоци, а се работи за инфекција или воспаление на ендокардот, средниот слој на срцевото ткиво од кое се составени срцевите прегради и залистоците. По правило, тоа е последица на бактериска инфекција и тоа, најверојатно, на стафилококни и стрептококни бактерии. Бактериите влегуваат во крвта се размножуваат во срцето по операцијта, при болести или интравенска употреба на лекот. Ендокардитисот најчесто се јавува кај луѓе со историја на проблеми со срцевите залистоци. По правило, може да се излекува со користење на антибиотици, а ако тоа не се лекува, може да има и фатален крај, Ако срцевите залистоци се сериозно оштетени при ендокардитис, потребна е замена на срцевите залистоци по хируршки пат. Ревматски кардитис, уште едно заболување што ги зафаќа срцевите залистоци, беше многу раширен во почетокот на дваесеттиот век, а денес, иако не е сосема искоренет, по правило, успешно се лекува со антиобиотици. Ревматскиот кардитис е последица, на оштетување на срцевиот мускул и срцевите залистоци поради ревматска треска која и самата е поврзана со стрептококното воспаление на грлото. Симптомите на ревматскиот кардититс главно не се јавуваат долга низа годнини, но ако залистоците претрпеле поголемо оштетување во текот на треската, се текот на времето ќе почнат неправилно да го пропуштаат или блокираат протокот на крв. Ревматскиот кардититс предизвикува карактеристични шумови на срцето, што може да се откријат во текот на лекарскиот преглед. Конгестивниот застој на срцето и фибрилацијата на преткоморите, специфичен облик на срцева аритмија, исто така, се чести облици на ревматски кардитис, залистоците мора повторно да се отворат или да се заменат со хируршки зафат.
Заболувања на перикардот (срцева обвивка) Заболувањата на перикардот, односно срцевата надворешна обвивка се поим што опфаќа нарушувања на перикардот, обвивка што го обвиткува срцето. Едно од почестите заболувања е воспалението на перикардот или перикардитис. Најчестите предизвикувачи а перикардитисот се вирусните инфекции, разни заболувања на сврзливото ткиво како што се лупус (жива рана) или ревматоиден артритис или трауми на перикардот. Перикардитисот често се јавува по операција на отворено срце, а најчестиот симптом е собирање течности во перикардот. Со помош на стетоскоп лекарот може да го открие карактеристичниот звук сличен на гребење, што се нарекува и перикарден тон. Акутните случаи се придружени со температура и остра болка во средиштето на градниот кош. Перикардитисот често се повлекува без какво било лекување или успешно се лекува со лекови против воспаление, како што е ацетилсалицилната киселина (пр. аспирин), а во потешки случаи и кортикостероидни хормони. Понекогаш може да се изврши дренажа на срцевата обвивка.
Кардиомиопатии Заболувањата на срцевиот мускул (миокард) се познати под заедничко име кардиомиопатии. Поради заболувањето, срцевиот мускул станува претерано истегнат, здебелен или крут. Меѓу многуте можни предизвикувачи на кардиомиопатијата се и болестите на сврзливото ткиво, наследните срцеви заболувања, нарушувања на метаболизмот, реакции на одредени лекови, вирусни инфекции и отровни материи, како што е алкохолот. Вистинската причина за кардиомиопатијата многу често останува непозната. Во секој случај, последиците се многу сериозни; срцевиот мускул станува преслаб за ефикасно пумпање на крвта или неговата крутост го спречува полнењето на срцето со крв. Симптомите се болки во градите. отежнато дишење, отекување на нозете и зглобовите и вртоглавица. Кога кардиомиопатијата напредува до таа мера што предизвикува потешки облици на срцева аритмија или конгестивен застој на срцето, веројатноста за долгорочно преживување станува многу мала. Ненадејната смрт честопати се поврзува со заболувањата на срцевиот мускул. Идиопатската хипертрофна субаортална стеноза, на пример, е болест што им го одземала животот на многу познати, млади спортисти. Ако кардиомиопатијата навреме се открие и почне лекувањето, било со лекови, било со пресадување, симптомите во голем број случаи можат да се стават под контрола, а затајувањето на срцето може да се спречува уште многу години.
Вродени срцеви мани Ако било што тргне наопаку во текот на создавањето на срцето во преднаталниот развој, детето ќе се роди со една или повеќе вродени срцеви мани. Таквите мани се многу чести, па на секои илјада деца се јавуваат кај околу 7 деца. Вистинските причини тешко се откриваат. Гените и факторите на природната средина што постојат во мајчиниот организам, се разбира, имаат своја улога. Абнормалностите на хромозомите, на пример, оние што го предизвикуваат Дауновиот синдром (монголоидност) се поврзани со многу вродени срцеви мани, како и инфекциите што мајката ќе ги преболи во текот на бременоста, на пример, рубеолата. Вродените срцеви мани значително се разликуваат според последиците. Некои се видливи веднаш, а други не предизвикуваат видливи симптоми сè до зрелоста. Помалите срцеви мани често самите исчезнуваат, но потешките не е можно да се лекуваат, па често предизвикуваат и смрт. За среќа, многу такви нарушувања може кога е тоа потребно, се лекуваат по хируршки пат.