Проф. д-р Дејан Mираковски ― македонски ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Животопис Своето факултетско образование го завршил на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, на Рударско-геолошкиот факултет, отсек Рударство. Тој дипломирал во 1997 година, а во 1999 година, тој ги запишал магистерските студии на истиот факултет, каде што се стекнал со звањето магистер од областа рударство, заштита на работната и животната средина. Од истата оваа област, во 2008 година се стекнува со звање доктор на технички науки, а своите докторски студии ги завршува на Факултетот за рударство, геологија и политехника на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во своето работно искуство во периодот од 1997 до 2003 година, тој работел најпрво како помлад асистент, а потоа како асистент на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Во 2007 година започнува да работи како асистент на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што во 2008 година, тој бил избран за доцент при УГД. како и раководител на Центарот за обезбедување на квалитет Во 2009 година, тој бил избран за продекан на Факултетот за природни и технички науки, а во 2011 година за декан на Машинскиот факултет. Во 2022 година е избран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Проф. д-р Мираковски бил учесник во над 40 применливи и научноистражувачки проекти, како проектен раководител, проектант, проектен инженер или соработник. Тој бил активен стручњак при УНДП во рамките на Природозаштитната програма за Западен Балкан (Western Balkans Environment Program), како и национален стручњак во изработката на кадастарот на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, изработен под контрола на Европската агенција за животна средина - Топик центарот за воздух (European Environmental Agency EEA-ATC). Доц. д-р Мираковски бил и национален стручњак во утврдување на методологија за основање кадастар на емисии во РМ според CORINAIR. Освен тоа, член е и на Комисијата за полагање на стручен испит - добивање на лиценци и овластување на физички и правни лица за изработка на проекти во рударството, назначен од министерот за економија при Владата на Македонија, од септември 2011 година.Објавени научни и стручни трудови, конференции и проекти

Тој бил член е на повеќе национални и интернационални здруженија меѓу кои Здружението на рударски и геолошки инженери на РМ, Македонското здружение за заштита при работа, здружението JICA Alumni, Друштвото на рударски и металуршки инженери од Колорадо, како и Друштовото за инженери на рударска вентилација од Јужноафриканска Република.

Наводи

Надворешни врски Објавени научни и стручни трудови на Дејан Мираковски

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски ректори Категорија:Македонски декани Категорија:Македонски рударски инженери Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Професори на УГД Категорија:Декани на УГД Категорија:Ректори на УГД Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Магистри на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“