Тони Кукоч (роден на во ) е поранешен југословенски и хрватски кошаркар.

Европска кариера

Својата кариера ја започнал во 1988 година во Југопластика од Сплит со која на трипати станал шампион во Евролига. Во периодот од 1991 до 1993 година настапувал за Бенетон од Тревизо каде трипати бил прогласуван за најдобар играч во Европа. Во овој период репрезентацијата на Југославија го освоила Светското првенство за јуниори во Бормио, сребрен медал на Олимписките игри во 1988 и Светско првенство во 1990 година во Буенос Аирес. По распаѓањето на Југославија, со хрватската кошаркарска репрезентација на Олимписките игри во 1992 година во Барселона го освоил сребрениот медал.

НБА кариера

На НБА драфтот Кукоч бил избран од страна на Чикаго Булс во 1990 година, но продолжил да настапува во Европа до 1993 година кога Чикаго Булс ја освоиле својата трета титула. Во првата сезона Кукоч влегувал како замена на Скоти Пипен и Хорас Грант постигнувајќи солидна дебитантска сезона.

По заминувањето на Грант, Кукоч станал стандарден член на првата петорка станувајќи втор стрелец во тимот по Пипен. По враќањето на Џордан во сезоната 1995/96 и Денис Родман како центар, Кукоч ја изгубил својата првотимска улога. Тој бил трет стрелец во екипата станувајќи најдобар шести играч во оваа сезона. Во истата сезона Чикаго Булс станал шампион поставувајќи рекорд во однос на победите (72:10). Во сезоните 1997 и 1998 година, со Чикаго повторно станал шампион во НБА лигата.

По заминувањето на Џордан и Пипен во 1999 година, Кукоч станал прв стрелец во тимот. По крајот на сезоната бил испратен во Филаделфија а по кратко време заминал најпрвин во Атланта Хоукс а потоа во Милвоки Бакс.

Повлекување

Кукоч на 12 септември 2006 година изјавил дека доколку не постигне договор со Милвоки Бакс или Чикаго Булс ќе се повлече од активното натпреварување. И покрај тоа што голем број на клубови пројавиле интерес за Кукоч, тој решил да остане да живее во близина на своето семејство.

Официјално се повлекол на 6 јануари 2007 година кога имал 38 години.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски кошаркари Категорија:Југословенски кошаркари Категорија:Играчи на КК Сплит Категорија:Играчи на Чикаго Булс Категорија:Играчи на Атланта Хокс Категорија:Играчи на Милвоки Бакс