Јоанис Тамуридис (; р. во ) — грчки велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа СП Таблеваре. Започнал со велосипедизам во 1995 и настапувал на друмски и велодромски трки.

Кариера Рана кариера

Некои од најголемите достигнувања во неговата кариера се двата медала на светските велодромски првенства, во бодовна трка во 2005 и скреч во 2006. Освоил 4 медали во Светскиот велодромски куп во 2006 и повеќе од 30 пати бил национален првак во сите дисциплини и категории.the-sports: Јоанис Тамуридис На Средоземните игри во Пескара, Италија, освоил бронзен медал во хронометар.Средоземни игри, Друмски хронометар 2009.

Од 2009 до 2012, Тамуридис возел за грчката екипа Таблеваре-Идеал Бајкс.

Еускалтел-Еускади (2013)

Тамуридис станал член на екипата за сезоната 2013, каде го добил прекарот Таму од неговите колеги.

До денес, тој е единствениот грчки велосипедист кој настапил на пролетните класици Милано-Санремо, Париз-Рубе, Тирено-Адријатико и Трката околу Фландрија. Исто така, тој е првиот грчки велосипедист кој настапил и завршил една голема трка, Џиро д’Италија во 2013.

Во јуни 2013, Тамуридис ги освоил друмската трка и хронометарот на националните првенства, посветувајќи ја победата на хронометарот на Руфино Мургуја, масер во екипата , кој загинал кога нивниот автобус имал несреќа.

Тамуридис повторно му се приклучил на СП Таблеваре во 2014, откако неговата претходна екипа, , се распаднала на крајот на сезоната 2013.

Достигнувања

1997 1. Национално јуниорско првенство во планински велосипедизам 1. Национално јуниорско друмско првенство 1. Национално јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка 1998 1. Национално јуниорско друмско првенство 1. Национално јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка 1. Балканско јуниорско друмско првенство 1. Балканско јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка 1. Краен пласман Трка околу Грција 1. Фиренца-Неапол 1999 1. Национално друмско првенство под 23 години 1. Национално велодромско првенство под 23 години - Бодовна трка 7. Светски велодромски куп - Екипна потера 2000 1. Национално друмско првенство под 23 години 2001 1. Национално друмско првенство под 23 години 6. Средоземни игри - Поединечен хронометар 2002 1. Национално друмско првенство под 23 години 1. Балканско друмско првенство под 23 години 1. Пролог Трка околу Грција 2. Европско велодромско првенство под 23 години - Бодовна трка 2003 1. Национално хронометарско првенство 3. Краен пласман Трка околу Грција 6. Светски велодромски куп Кејптаун - Медисон 6. Светски велодромски куп Сиднеј - 4000 м 6. Светски велодромски куп Сиднеј - Бодовна трка 2004 1. Манчестер - 1500 м 4. Краен пласман Трка околу Грција 7. Светски велодромски куп Мексико - 4000 м екипна потера 2005 1. Национално хронометарско првенство 1. Национално велодромско првенство - 4000 м бодовна трка 2. Светско велодромско првенство - Бодовна трка 2. Светски велодромски куп Сиднеј - Бодовна трка 3. Национално друмско првенство 3. Светски велодромски куп Манчестер - Скреч 2006 1. Национално друмско првенство 2. Светски велодромски куп Лос Анџелес - Бодовна трка 3. Светско велодромско првенство - Скреч 3. Светски велодромски куп Манчестер - Скреч 6. Светско велодромско првенство - Бодовна трка 2009 1. Национално хронометарско првенство 2. Светски велодромски куп Мелбурне - Бодовна трка 3. Средоземни игри - Хронометар 3. Краен пласман Тур ду Мароко 9. Краен пласман Трка околу Романија 1. Пролог (ITT) 2010 1. Национално друмско првенство 1. Национално хронометарско првенство 3. Краен пласман Трка околу Романија 5. Краен пласман Трка околу Словачка 2011 1. Национално друмско првенство 1. Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман Трка околу Грција 1. Етапа 2a 2. Краен пласман Трка Шеклерланд 1. Етапа 1 2. Краен пласман Трка околу Романија 1. Етапа 3 2. Јурмала ГП 3. Краен пласман Малезија 1. Етапа 3 3. ГП де ла Вил де Ножен сир Оас 5. Трка Војводина II 7. Трка Војводина I 2012 1. Национално хронометарско првенство 1. Сиркут д’Алжир Трка околу Романија 1. Етапа 1 (ITT) 1. Етапа 7 1. Етапа 9 1. Етапа 4b Трка Шеклерланд 6. Краен пласман Трка околу Алжир 2013 1. 20п Национално друмско првенство 1. 20п Национално хронометарско првенство 9. Париз-Тур 2014 2. Краен пласман Трка околу Тајван 1. Етапа 4 7. Краен пласман Пет прстени околу Москва

Наводи

Надворешни врски

Профил на ProCycling

Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Грчки велосипедисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Солун Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки велосипедисти на Грција Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016