Пештерица — историско село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешна Општина Прилеп. Се наоѓа на атарот на селото Ореовец.

Географија

Селото било сместено на Ореовечка Река (Пештерица) на неколку километри североисточно од Прилеп, денес под водите на вештачкото Прилепско Езеро.

Историја

Крај Пештерица е откриена ранонеолитска населба. На брегот на денешната брана е откриена римска вила од III - IV век во која се пронајдени монети од Константин I Велики до Теодосиј I Велики.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името П-ш-т-р-и-ч-а и имало 12 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.81

Селото е споменато и во Трескавечкиот поменик од XVII - XVIII век. Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името е дериват од пештерата, која е од праславјанското.Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 175.

Во XIX век Пештерица е мало македонско село во Прилепската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пештерица (Peschtéritza) било село со 18 домаќинства и 88 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.

Според статистиката на Васил Кънчов ("Македонија. Етнографија и статистика") од 1900 година Пештерица има 90 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пештерица се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 13 куќи.

Во почетокот на XX век населението на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев ("La Macédoine et sa Population Chrétienne") во 1905 година во Пещерица (Pechteritza) имало 80 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 150-151.

Селото е потопено во изградбата на Прилепското Езеро.

Личности Коле Пештелевец — деец на Македонската револуционерна организација во Прилепско Најден Пештелевец — војвода на ВМОРО во Прилепско

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † †

Категорија:Ореовец (Прилепско)