Ова е статија за манастир. За деецот со исто име видете Партениј Зографски

Партениј Зографски или Дојрански манастир — манастир во југоисточниот дел на Македонија, во селото Стар Дојран.

Тој претставува женски манастирски комплекс и бил основан во 2001 година од страна на Струмичкиот митрополит Наум.

Посветен е на големиот македонски светогорски монах од манастирот Зограф, еден од најобразуваните Македонци во XIX век и еден од најголемите ерудити на Балканот воопшто во тоа време, прв македонски епископ хиротонисан од Патријаршијата, преродбеник, поборник за воведување на црковно-словенскиот јазик во богослужбите, учебникар, писател и учител којшто го вовел македонскиот народен јазик во училиштата, проповедник и духовник.

Местоположба

Манастирот се наоѓа на повисок терен од главниот пат низ Стар Дојран, сместен меѓу куќите во населбата.

Историја

Манастирот е основан во 2001 година.

Монаштво

Манастирот е женски и во него на почетокот на 2001 година од Вељушкиот манастир дошле првите две монахињи. Старешина на манастирот е сестра Февронија. Сестринството е мало и типикот на манастирот е од затворен карактер. Тоа значи дека посетителите можат да ја посетат главната манастирска црква „Св. Марија Магдалена“ и таа посветена на Светото Семејство Романови, додека конаците и малата црквичка посветена на „Св. Максим Исповедник и на Св. Григориј Палама“ спаѓаат во монашкиот затворен простор. Иконописот и плетењето бројанички, како и изработката на мали и уникатни монашки ракоделија е главното послушание меѓу часовите за молитвено тихување и богослужбите.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат три цркви, конаци и помошни објекти.

Црква „Св. Марија Магдалена“

Ова е главната манастирска црква.

Црква „Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“

Ова е манастирска црква во затворениот дел.

Црква „Св. Царско Семејство Романови“

Ова е манастирска црква.

Конаци

Во манастирот има еден главен конак.

Галерија

Надворешни врски

Категорија:Партениј Зографски (манастир) Категорија:Стар Дојран Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Струмичкото архијерејско намесништво Категорија:Манастири во Струмичката епархија