Изет Меџити — македонски политичар, градоначалник на Општина Чаир во периодот од 2005 до 2017 година и актуелен градоначалник. Пратеник, поранешен министер за животна средина. Тој е од редовите на ВРЕДИ.

Рани години Изет Меџити е роден на година во . Средно образование завршил во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Чаир. Дипломирал на Економскиот Факултет во Скопје, а бил на последипломски студии од областа на јавниот менаџмент. Во периодот 2001-2003 бил професор по економија во СУГС „Арсениј Јовков“. Откако го напуштил професорското место, работел како економски советник во Македонски Пошти до 2005 година.

Политичка кариера Меџити бил член на политичката партија ДУИ, како еден од четворицата потпретседатели на партијата, заедно со Теута Арифи, Невзат Бејта и Г'зим Острени. Дополнително, тој бил и член на Централното претседателство на партијата.

Првиот мандат како градоначалник го добил на локалните избори во 2005 година, овие избори биле веднаш по новата територијална организација во 2004 година со што за прв пат Општина Чаир ќе добие Албанец градоначалник. Тој на локалните избори во 2013 година остварил една од најубедливите победи во вториот изборен круг со освоени 70% од гласачките ливчиња.

Во негово време бил поставен споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад.

За време на неговиот втор мандат донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска. Поради незаконитоста на одлуката на сведителствата кои се издаваат во овие училишта стоеле старите имиња на училиштата.

Тој бил нарачател на промена на знамето и грбот на Општина Чаир во 2010 година.

Во текот на неговиот мандат како градоначалник на Општина Чаир се граделе бројни дивоградби во општината.

Тој бил вмешан во инцидентот од 2011 година кога била урната црквата на Скопско кале, со што се заостриле меѓуверските односи.

На 13 август 2023 година, ја официјализирал својата партија „Демократско Движење“, со која на парламентарните избори во 2024 година, настапиле во коалицијата „Вреди“ предводена од „Беса“, на кои освоиле 107.081 гласови, односно 10.93% од гласовите и освоиле 13 пратенички мандати.

По парламентарните избори во 2024 година, на 23 јуни 2024 година бил избран за министер за животна средина и просторно планирање и прв заменик премиер во владата на Македонија.

На локалните избори во 2025 година тој бил повторно избран за градоначалник на Општина Чаир.

Приватен живот

Меџити се оженил 10 јули 2006 година со сопругата Ава, која работи како педагог во градинка од Чаир. Инаку тој е единствен син во неговото семејство, а има и една сестра. Не е голем љубител на спортот, но активно се занимава со планинарење. Како што тој самиот истакнал, Старата скопска чаршија е неговиот омилен дел од градот.

Наводи

Надворешни врски Политички и професионален профил на Изет Меџити Фејсбук страницата

Категорија:Македонски Албанци Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Градоначалници на Општина Чаир Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Пратенички состав 2020-2024 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од јуни 2024