Европската комисија има 28 члена - по еден од сите земји-членки на Европската Унија. Сега, мандатот на комисијата е пет години, исто како и мандатот на Европскиот парламент. Пред да го именуваат претседателот на комисијата, земјите-членки го консултираат парламентот, а парламентот ја одобрува целата комисија, пред истата да биде формално именувана.

При извршувањето на должностите, членовите на комисијата се обврзани да бидат целосно независни од своите национални влади и да дејствуваат само во интерес на Унијата. Само парламентот има право на укор на комисијата. Секој член на комисијата има конкретна одговорност за една или за повеќе области, меѓутоа одлуките се донесуваат врз основа на колективна одговорност.

Комисијата е, пред сè, чувар на договорите. Комисијата е непристрасен орган, кој се грижи за правилната примена на одредбите од договорите и на одлуките засновани на договорите. Комисијата може да иницира судска постапка против која било земја-членка и доколку е неопходно, да го упати случајот до Судот на правдата. Исто така, таа може да казни поединци или претпријатија, кога тие ги прекршуваат правилата на конкуренција на Унијата.

Комисијата е и катализатор на Унијата. Таа го има единственото право да иницира законодавство и може да влијае на секоја фаза од процесот што води во насока на донесување нов „Европски закон“. Во областа на меѓувладината соработка, во однос на изнесувањето на предлозите, комисијата ги има истите права како и одделни земји или членки.

И, конечно, комисијата е извршниот орган на Унијата. Тоа подразбира утврдување на правилата за спроведување на одредени членови од Договорот и за реализирање на одобрените буџетски средства наменети за активностите на Унијата. Најголем дел од средствата се обезбедуваат од главните фондови: Европскиот земјоделски фонд за насоки и гаранции, Европскиот социјален фонд, Европскиот фонд за регионален развој и Кохезиониот фонд. При реализацијата на своите извршни должности, комисијата често треба да бара мислење од комитетите на високи претставници од земјите-членки.

Административниот персонал на комисијата е главно сместен во Брисел (каде што се наоѓа седиштето на комисијата), а помал дел во Луксембург. Го сочинуваат приближно 15.000 службеници поделени во различни директорати - општи и сервисни служби. Износот на оперативните трошоци на Комисијата и на другите институции не надминува 5% од вкупниот буџет на Унијата.

Историја Европската комисија потекнува од една од петте клучни институции создадени во наднационалниот систем на Европската Заедница, по предлог на Роберт Шуман, француски министер за надворешни работи, на 9 мај 1950 година. Со потекло од 1951 година како Висок орган за Европската заедница за јаглен и челик, Комисијата била подложена на бројни измени во власта и составот под различни претседатели, вклучувајќи 3 заедници.

Основање на комисијата Првата комисија потекнува од 1951 година како 9-ти член на Високиот орган под надлежност на претседателот Жан Моне (види власт на Моне). Високиот орган бил наднационален административен извршен орган на новата Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈИ), и за првпат дојде на функција на 10 август 1952 година во Луксембург. Во 1958 година Договорот од Рим основал две нови заедници според ЕЗЈИ : Европска економска заедница (ЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (евроатом). Меѓутоа нивните извршни тела биле наречени комесари, а не Високи органи. Причината за промената на името била новата врска помѓу извршните органи и Советот. Некои држави како Франција изразија резервираност во текот на власта на високиот орган и посакаа да го ограничат давањето поголема моќ на Советот, отколку на нивните извршни органи.

Луј Арман ја водел првата комисија за Евроатом. Валтер Хал Штајн ја водел првата комисија за Европска економска заедница, која го одржа првиот формален состанок на 16 јануари 1958 годона во Замокот на долината на Војвотката. Комисијата ја постигнала согласноста за спорниот договор за цената на житарките и оставила позитивен впечаток на третата земја кога за првпат се појавила на меѓународната сцена на Рундата на Кенеди на преговорите на општиот договор за цена и трговија (ОДЦТ). Халштајн започнал засилување за Европското право и почнал да има значајно влијание врз националното законодавство. На почетокот не се обрнувало многу внимание на неговата администрација, но со помош на Европскиот суд за правда, Комисијата го зацврстила својот авторитет доволно цврсто за да би можела следната Комисија да биде сфатена посериозно. Меѓутоа, во 1965 година натрупувањето на разликите меѓу француската влада на Шарл де Гол и другите земји-членки (околу влезот на Обединетото Кралство, непосредните избори на Европскиот парламент, планот на Фуше и буџетот),ја предизвика кризата ͈празен стол", наводно преку предлог за заедничката земјотелска политика. Институционалната криза била решена наредната година, тоа го чинело Етјен Хирш неговото претседателство во Евроатомот, а подоцна и претседателството на Валтер Халштајн во ЕЕЗ, иако бил сметан како најдинамичен водач до Жак Делор.

Почетоците на развојот Трите тела, колективни именувани Европски извршители постоеле од први јули 1967 година каде со Договорот за спојување биле споени во единствена администрација за време на претседателот Жан Реј. Поради спојувањето Комисијата на Реј, привремено се зголемила на 14 членки, иако сите идни Комисии се намалиле на 9 членки следејќи ја формулата по еден член за помалите држави и 2 за поголемите. Комисијата на Реј ја довршил Заедницата за царинска унија во 1968 година и се залагал за помоќен избран Европски парламент. Иако Реј бил првиот претседател на споената заедница, Халштајн се смета за прв претседател на модерната комисија.

Следела комисијата Малфати и Мансхолт, кој равотеле на монетарната соработка и на првото проширување на север во 1973 година. Со ова проширување, комисијата на Ортоли пораснала на 13 членови (Обедениетото Кралство како најголема земја доби два комесари), која се занимавала со зголемување на заедницата за време на економската и меѓународна нестабилност во тоа време. Меѓународното претставување започна кога претседателот Рој Џенкинс како прв претседеател присуствувал на самитот Г8 во име на Заедницата. По Комисијата на Џенкинс, Комисијата на Гастон Торн го надгледувала проширувањето на југ, во прилог започна рабтата на Единствениот Европски акт.

Жак Делор Една од најистакнатите комисии била онаа која била предводена од Жак Делор. Потоа претседателите не успеале да го достигнат истото ниво на лична претпознатливост. Делор бил виден како водич кој и дал на Комисијата смисла за насока и динамичност. Делор и неговиот тим се сметаат како татковци на основањето на еврото. Меѓународниот трибун Хералд на крајот на вториот мандат на Делор во 1992 година запиша: ͈Господинот Делор ја извади Европската заедница од мртвите. Пристигна кога европесимизмот беше најлош. Иако беше малку познат како поранешен француски министер за финасии воведе живот и надеж во европската заедница и во потиштената бриселска комисија. Во неговиот прв мандат од 1985-1988 година ја собра Европа на Единствениот пазар и кога беше назначен за втор мандат започна да ги повикува Европејците кон далеку поамбициозните цели на економската, монетарната и политичка унија.

Жак Сантер Наследник на Делор бил Жак Сантер. Комплетната Комисија на Сантер била принудена од страна на Европскиот Парламент во 1999г., како резултат на измама и корупција со централна улога на Едит Кресон. Тие измами биле откриени од страна на внатрешниот ревизор Пол ван Бутинен.

За првпат комисијата била натерана колективно да даде оставка и претставува промена на власта врз парламентот. Сепак, комисијата на Сантер ја извршила работата за Договорот од Амстердам и за еврото. Како одговор на скандалот била создадена Европската канцеларија за спречување на измама.

Роман Проди По Сантер, Функцијата ја презел Романо Проди. Договорот од Амстердам ја зголеми моќта на комисијата, и од страна на печатот Проди бил наречен како нешто слично на премиер. Силите повторно се зајакнале со Договорот од Ница од 2010 г., кој на претседателот му дал поголемо овластување над составот на нивната комисија.

Хосе Мануел Баросо Во 2004 година Хосе Мануел Баросо станал претседател. Парламентот повторно се потврдил во преговори за предложеното членство на Комисијата на Баросо. Поради тоа, Баросо бил принуден да направи измена во составот пред да ја земе должноста. Комисијата на Баросо била првиот полн состав во проширувањето на 25 членови во 2004 година. На крајот бројот на комисери се зголемил на 30. Како резултат на зголемувањето на бројот на земјите, со Договорот од Амстердам се намалил бројот на комисери на еден по земја, наместо по 2 за поголемите земји.

Наводите за измама и корупција биле повторно собрани во 2004 година од страна на поранешниот главен ревизор Жил Муи. Офицерот на комисијата Гвидо Страк објавил наводна измама и злоупотреба во неговиот оддел во 2002-2004 година за ОЛАФ и бил отпуштен. Во 2008г. Рол Ван Вутенен (поранешен ревизор познат од сканадлот од комисијата на Санадер) наводно со Европската канцеларија за спречување на измама (ОЛАФ) со недостаток од независност и ефикасност.

Мандатот на првата Комисија на Баросо истекол на 31 октомври 2009 година. Според Договорот од Ница првата комисија требала да биде назначена по бројот на земјите-членки кој го достигнал бројот 27, а треба да се намали, помалку од бројката на земјите членки. Точниот број на комесарите се одлучувал со едноставно гласање на Европскиот совет и членството се ротирало под еднакво помеѓу земјите. По приемот на Романија и Бугарија во јануари 2007 година, стапи на сила за наредната комисија.See the attached Protocol, Article 4 Со Договорот од Лисабон кој стапи на сила од 2003 година мандитирал со намалување на бројот на комесари на дветретини од земјите членки од 2014 година, освен ако Советот не одлучи поинаку. Членството би требало да ротира еднакво и ниедна членка да нема повеќе од еден комесар. Сепак, договорт бил одбиен од гласачите на Ирска во 2008 година со една главна грижа губење на нивниот комесар. Оттука, била дадена гаранција за повторување на гласањето дека Советот ќе ја користи својата моќ за измена на бројот на комесарите. Сепак, според договорите сè уште бројот требал да биде помал од вкупниот број на членови, со што било предложено дека земјата-членка што добива комесар ќе ја функционира Висок претставник - таканаречен 26+1 формула.Czechs prepare for possible second Irish No, EUobserver, 8 January 2009 Оваа гаранција (кога може да го најде својот следен пат во следната измена на договорот веројатно во Договорот за пристапување) придонесе за Ирска одобрување на договот на вториот референдум во 2009 година.

Исто така, Лисабон ги комбинира мислењата на Европскиот комесар со Високиот претставник на Советот за заедничка надворешна и безбедносна политика. Исто така, и заменик претседателот на Комисијата ќе претседава со советот на Европската Унија на состаноците за надворешни работи како Комисија за надворешни односи и обврски. Договорот дополнително предвидува дека најблиските Европски избори треба да бидат земени предвид при именувањето на Комисијата, иако претседателот сè уште е предложен од страна на Европскиот совет ; Европскиот парламент ќе ја избира Комисијата, наместо да одобри како по Договорот од Ница.Treaty on European Union: Article 17:7

Овластување и функции Уште од почетокот Комисијата била основана да функционира како независен наднационален орган одвоен од владата, и е опишан како единствено платено тело да размислува европски. Членовите се предложени од владите на земјите-членки од секоја по една, од нив се очекува да делуваат незвисно –неутрално под други влијанија како на пример владата која ги поставила. Ова стои во контраст со Советот која ја претставува владата, европскиот парламент, кој ги претставува граѓаните, економски-социалниот комитет, кој го претставува организираното граѓанско општество.