Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон (; 4 август 1900 г.-30 март 2002 г.) била жена на кралот Џорџ VI и мајка на кралицата Елизабета II. Таа била кралица на Обединетото Кралство од моментот кога нејзиниот сопруг седнал на престолот во 1936 година па сè до неговата смрт во 1952. По смртта на нејзиниот сопруг таа е позната како Елизабета кралица мајка, за да не дојде до забуна со нејзината ќерка, кралицата Елизабета. Таа била последната владетелка на Индија.
Била родена во британска благородничка фамилија како Елизабета Боуз-Лајон, а кога во 1904 година нејзиниот татко ја наследил титулата гроф таа станала позната како леди Елизабета Боуз-Лајон. Посебно се истакнала по бракот со Алберт, војвода од Јорк, втор син на кралот Џорџ V и кралицата Мери во 1923 година. Како војвотка од Јорк, заедно со нејзиниот сопруг и двете ќерки Елизабета и Маргарет, отелотворила традиционални семејни идеи и државни служби. Многу јавни ангажмани ги презела во свои раце и станала позната како „насмевнатата војвотка“ како резултат на нејзиното јавно изразување.
Во 1936, нејзиниот сопруг ненадејно станал крал кога неговиот брат, Едвард VIII, се повлекол за да се ожени со разведената американка Валис Симпсон. Кралицата Елизабета го придружувала нејзиниот сопруг на дипломатска турнеја во Франција и Северна Америка пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната, нејзиниот навидум нескротлив дух овозможил морална поддршка на британската публика. Во признавањето на нејзината улога како средство на британските интереси, Адолф Хитлер ја опишал како „најопасната жена во Европа“.
По војната здравјето на нејзиниот сопруг се влошило и на 51 година таа останала вдовица. Со смртта на нејзината свекрва, кралицата Мери, во 1953 година, живеејќи во странство со нејзиниот зет и нејзината постара ќерка, кралицата, на 27 годишна возраст, Елизабета станала главен член на британското кралско семејство и презела позиција на семеен матријарх. Во нејзините подоцнежни години, постојано била популарен член на фамилијата и покрај тоа што останатите челнови страдале поради неодобрувањата од јавноста. Таа продолжила да води активен јавен живот неколку месеци до нејзината смрт на 101 година, седум недели по смртта на нејзината помлада ќерка, принцезата Маргарет. Ран живот мини|лево|Замокот Гламис Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон била најмладата ќерка и деветто од десетте деца на Клод Боуз-Лајон, лорд Гламис (подоцна 14-ти гроф од Стратмор и Кингхор) и неговата сопруга Сесилија Кевендиш-Бентинк. Мајка ѝ била наследничка од британскиот премир Вилијам Кевендиш-Бентинк, трети војвода од Портланд и главниот гувернер на Индија, Ричард Велесли, првиот маркиз Велесли, постар брат на друг премиер, Артур Велесли, првиот војвода од Велингтон. Нејзиното родно место не е со сигурност познато, но се претпоставува дека е родена или во домот на нејзините родители во Вестминстер, палатите Белграв и градините Гросвенор или во кочија на патот до болницата. Други можни локации се куќата Форбс во Хем, Лондон, домот на нејзината баба по мајка, госпоѓата Скот. Нејзиното раѓање било регистрирано во Хитчин (англиски: Hitchin), Британија, близу велепоседничкиот дом Стратмор, гробот на Св. Пол Валден, кое исто така било дадено како нејзино родно место во пописот следната година.
На 23 септември 1900 година била крстена во локалната парохиска црква Сите Светци, а нејзините кумови ја вклучиле и нејзината тетка од страната на татко ѝ, леди Мод Боуз-Лајон и братучетка ѝ, госпоѓата Артур Џејмс. Голем дел од детството го поминала во Св.Пол и замокот Гламис, шкотскиот дом на грофот наследен од неговиот прадедо. Се школувала дома на грчки јазик од делото Анабаза на Ксенофонт. Најомилени предмети ѝ биле литература и писание. Кога нејзиното образование било под надзор на германско-еврејската гувернанта, Кате Кублер, таа успеала да ги положи локалните испити на Оксфорд на 13 години. На нејзиниот 14-ти роденден, Британија ѝ објавила војна на Германија. Четворица од нејзините браќа служеле во војската. Нејзиниот најстар брат, Фергус, офицер во пешадискиот полк Цррна стража, бил убиен кај Битката кај Лус во 1915 година. Другиот брат, Мајкл, бил пријавен за исчезнат во акција на 28 април 1917 година. Три недели подоцна семејството открило дека тој бил заробен откако бил ранет. Остатокот од војната го поминал како воен заробеник. Замокот Гламис бил претворен во санаториум за ранети војници во чија обнова потпомогнала Елизабета. Таа била од голема помош во организирањето за спасување на остатоците од замокот за време на голем пожар кој го зафатил замокот на 16 септември 1916 година. Еден од војниците кој таа го лекувала напишал во неговата книга дека таа била жена со „дијаманти обесени на неа која се вози во кочија и живее во најдобрата куќа во земјата.“
Брак со принцот Алберт Главна статија: Свадбата на принцот Алберт, војвода од Јорк и леди Елизабета Боуз-Лајон
Принцот Алберт, „Берти“ за семејството, бил војвода од Јорк и втор син на кралот Џорџ V. Во 1921 година ја запросил Елизабета, но таа го одбила, плашејќи се повторно да не ја изгуби слободата слободно да мисли, зборува и прави она што таа мисли дека треба. Кога Алберт изјавил дека нема да се ожени со друга, неговата мајка, кралицата Мери, го посетила Гламис за да со свои очи ја види девојката која го украла срцето на нејзиниот син. Се уверила дека Елизабета е онаа која ќе го направи Алберт среќен, но сепак решила да не се меша. Во исто време, Елизабета била осудувана од Џејмс Стуарт, кралски слуга на Алберт, сè додека не заминал поради подобро платена работа во американската индустрија за нафта. Во февруари 1922 година, Елизабета била деверуша на свадбата на принцезата Мери, сестра на Алберт, со виконтот Ласкел. Следниот месец, Алберт повторно ја побарал за жена и таа повторно го одбила. Конечно, во јануари 1923 година, Елизабета се согласила да се омажи за него и покрај нејзините сомнежи за кралскиот живот. Слободата на Алберт да се ожени со Елизабета која не била од кралско семејство иако ќерка на благородник, се сметал за гест во корист на политичката модернизација; претходно се очекувало принцевите да се оженат со принцези од други кралски семејства. Се венчале на 26 април 1923 година во вестминстерската опатија. Неочекувано, Елизабета положила букет на гробот на Непознатиот воин во чест на нејзиниот брат Фергус. Таа ја добила титулата Нејзиното кралско величество, војвотката од Јорк. мини|лево|Елизабета како деверуша на свадбата на принцезата Мари и виконтот Ласкел По свадбениот појадок во Бакингемската палата подготвен од шефот Габриел Шуми, новата војвотка и нејзиниот сопруг го поминале медениот месец во Polesden Lacey (едвардијанска куќа), стара куќа во Сари а потоа се упатиле во Шкотска каде Елизабета фатила „неромантична“ магарешка кашлица. Војотката од Јорк По успешната посета во Северна Ирска во јули 1924 година, Лабуристичката партија се согласила Алберт и Елизабета да направат турнеја во Источна Африка од декември 1924 година до април 1925 година. Лабуристичката партија била поразена од Конзервативците на општите избори во ноември (кои Елизабета ги опишала како прекрасни на нејзината мајка) и генералниот гувернер на англо-египетски Судан, Сер Ли Стак, бил убиен три недели подоцна. И покрај ова, турнејата продолжила. Го посетиле Аден, Кенија, Уганда и Судан, но го избегнале Египет поради политички тензии. Пелтечењето влијаело врз способноста на Алберт убаво да се изразува, но Елизабета му помогнала во терапијата смислена од страна на Лионел Лог, епизода прикажана во филмот од 2012 година Говорот на кралот. Во 1926 година, се родило нивното првото дете, принцезата Елизабета – „Лилибет“ за семејството – која подоцна ќе стане Кралица Елизабета II. Четири години подоцна им се родила втората ќерка, Маргарет Роуз. Во 1927 година Алберт и Елизабета отпатувале во Австралија без нивните деца за да го отворат парламентот во Канбера. Со нејзини зборови „била многу несреќна што го оставила своето бебе“. Патувањето по море ги одвело преку Јамајка, Панамскиот Канал и Тихиот Океан; Елизабета постојано била загрижена за нејзиното бебе кое се наоѓало во Британија, но нивното патување било од важност за успехот на јавните односи. мини|лево|Војводата (десно) и војвотката од Јорк Ја шармирала публиката во Фиџи кога поздравувајќи се со долга редица официјални гости, куче скитник се појавило на церемонијата па таа се поздравила и со него потресувајќи ја неговата шепа. Во Нов Зеланд фатила настинка па не учествувала на некои средби, но уживала во локалниот риболов во Заливот на островите (англиски: Bay of Islands) придружувана од страна на австралискиот спортски рибар Хери Андреас. На враќање преку Маврициус, Суецкиот Канал, Малта и Гиблатар, нивниот превоз, ХМС реноме, се запалил и тие се подготвиле да го напуштат бродот пред огнот да се стави под конрола.
Пристапување и одрекување од престолот на Едвард VIII Главна статија: проблеми при одрекувањето на престолот на Едвард VIII На 20 јануари 1936 година, кралот Џорџ V починал. Братот на Алберт, Едвард, принцот од Велс, станал крал Едвард VIII. Џорџ ги изразил своите сомнежи кон наследникот, велејќи „Го молам Господ мојот најстар син никогаш да не се ожени и ништо да не застане меѓу Берти, Лилибет и престолот.“ Само по неколку месеци владеење, наметнал уставни кризи инсистирајќи да се ожени со разведената Американка Валис Симпсон. Законски Едвард можел да се ожени со госпоѓата Симпсон, но како крал тој бил и на чело на црквата во Англија која во тоа време не дозволувала разведените да се премажуваат. Министрите на Едвард сметале дека народот никогаш нема да ја прифати Симпсон како кралица па затоа сакале да го разубедат Едвард. Како уставна монархија, Едвард бил принуден да го прифати советот на министрите. Наместо да се откаже од своите планови за брак со Симпсон, тој решил да абдицира во корист на неговиот брат Алберт, кој неволно станал крал на негово место на 11 декември 1936 година под владеачкото име Џорџ VI. Џорџ VI и Елизабета биле крунисани за крал и кралица на Велика Британија, Ирска и Британските домниони и цар и царица на Индија на 12 мај 1937 година, ден веќе избран за крунисување на Едвард VIII. Круната на Елизабета била направена од платина со дијамант Koh-i-Noor. Едвард се оженил со Симпсон и добиле титула војвода и војвотка од Виндзор, но додека Едвард ја имал титулата Кралско Величество, Џорџ VI ја одбил отменоста на војвотката, а добил поддршка и од Елизабета. Подоцна Елизабета се обраќала кон војвотката со изразот „таа жена“ а војвотката кон неа со „куки“ („готвачка“) поради нејзината наводна сличност со дебелите шкотски готвачки.
Кралицата Елизабета Државни посети и кралска турнеја Во летото 1938 година, државната посета на Франција од страна на кралот и кралицата била одложена за три недели поради смртта на мајката на кралицата, леди Стратмор. За две недели Норман Хартнел скроил целосно бели чеизи за кралицата која не можела да носи други бои бидејќи сè уште била во жалост. Посетата била со цел да се зајакне англо-француската солидарност во соочувањето со агресијата од нацистичка Германија. Францускиот печат го пофалил однесувањето и шармот на кралската двојка за време на одложената, но успешна посета, засилени од облеката создадена од Хартнел. мини|десно|Кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета во Торонто, 1939 година Сепак нацистичката прогресија продолжила, а владата се подготвила за војна. По договорот од Минхен од 1938 година кој бил склучен за да спречи вооружен конфликт, британскиот премиер Невил Чемблер бил поканет во Бекингемската палата со кралот и кралицата за да добијат одобрување од топлата добронамерници. Додека широко популарен меѓу општата јавност, политиката на Чембрел кон Хитлер била предмет на опозицијата во Долниот Дом, што довело историчарот Џон Григ да го опише однесувањето на кралот како „ најнеуставен чин од британски владетел во денешно време“. Сепак историчарите дискутирале дека кралот само некогаш ги следел советите од министрите и постапувал онака како што уставно бил обврзан.