мини|десно|250п|Час во училиштето „Менелик II“ Образованието во Етиопија многу векови било во рацете на Етиопската православна црква сè додека не било прифатено секуларното образование во почетокот на 1900 година. Пред 1974 година, Етиопија имала стапка на неписменост од над 90% и заостанувала во однос на остатокот од Африка во застапеноста на училишта и универзитети. По револуцијата во 1974, акцентот бил ставен на зголемување на писменоста во руралните средини. Нагласок бил ставен на практичните предмети, како наставата по социјализм. Образованието добило околу 13% од националниот буџет во 1992 година. До 1995 година стапката на неписменост значително опаднала на 64,5%. Проектираната стапка на неписменост на возрасните за 2003 година е пониска дури од 61,3% (мажи, 56,1%; жени, 66,6%). Од 1999 година јавните расходи за образование биле проценети на 4,3% од бруто-домашниот производ .Сегашниот систем за проширување на училишната мрежа во руралните средини следи многу слична шема како и претходниот систем од 1980-тите со продлабочување на ренационализацијата во руралните средини, така што се обезбедува образование на мајчин јазик започнувајќи од основно ниво. Редоследот на општото образование во Етиопија е осум години во основно училиште, две години нижо средно училиште и две години високо средно училиште.Damtew Teferra and Philip G. Altbach, eds., African Higher Education: An International Reference Handbook (Indiana University Press, 2003), стр. 316-325

Историјат пред 1900 година Иако постоењето на записи докажало дека писменоста претходела на усвојувањето на христијанството како призната религија во Етиопија, од времето на најстарите сочувани записи се забележува дека формалното образование било контролирано од страна на црквата. Образовнието се гледало како средство преку кое владеачката класа Амхара можела да си ја зацврсти својата власт. Сепак, ваквото настојување обезбедило можност за образование само на малкумина,. Самуел Гобат проценил дека "онаму каде што се зборува амхарски јазик, само околу една петтина од машката популација знае малку да чита, а во Тигре околу една дванаестина ".Richard Pankhurst, Economy of Ethiopia (Addis Ababa: Haile Selassie University, 1968), p. 668

Според Ричард Пенкхрст, традиционалното образование обезбедено од страна на црквата започнувало со учење на азбуката наречена сулабари, составена од 26 основни букви, секоја со седум форми, кои ги означувале различните самогалски. Во втората фаза ученикот го учел на памет првото поглавје од Првото послание на апостол Јован во Гиз. Некаде во таа фаза веројатно се учело и пишување, а во помодерните времиња можеби се додавало и нешто од аритметиката. Во третата фаза се проучувале Делата на Апосолите, а воедно се учеле и одредени молитви, додека и понатаму се одржувале часови по пишување и аритметика. Децата кои учеле и пеење, во оваа фаза веќе можеле да станат хористи. Во четвртата фаза се проучувале Давидовите Псалми. Оваа фаза се сметала за занчајно достигнување во образованието на децата и била прославувана од страна на родителите кои на прославата го канеле учителот, свештеникот за исповедање, роднините и соседите. Момчето кое ќе ја достигнело оваа фаза обично било способно да пишува, а можело да работи и како книжевник. Останати дела кои се изучувале во оваа фаза биле Фалбите на Бог и на Дева Марија, Песната на Соломон и Песните на Пророците. Многумина ја научиле песната на Соломон.Pankhurst, Economy of Ethiopia, pp. 666f

Повисокото образование на Етиопската црква содржело црковна музика (поделена на дигуа, земаре, мауасет и кидасе), поезија, математика, историја, филозофија и пишување манускрипти. Друга област на студирање бил акуакуамот, или верскиот танц, кој се изведувал како дел од богослужбите.

XX век мини|десно|250п|Влезната порта на Универзитетот Адис Абеба До раните 1900-ти години, формалното образование се сведувало само на еден систем на веронаука организиран и презентиран под покровителство на етиопската православна црква. Црковните училишта подготвувале поединци за свештеници и за други религиозни обврски и позиции. Во тој процес, овие училишта обезбедувале верско образование за децата од благородните семејства и за синовите на ограничен број на земјоделци и службеници поврзани со елитните семејства. Таквите училишта главно ги користеле жителите на Амхара и Тигре од висорамнините на Етиопија. Заради ваквите несоодветни политики, многу малку деца добиле образование. Како резултат на тоа, Етиопија не ги исполнувала образовните стандарди на другите африкански земји во раните 1900-ти години.

Кон крајот на XIX век, царот Менелик II дозволил основање на Европски мисионерски училишта. Во исто време, Исламските училишта нуделе образование за мал дел од муслиманското население. Во почетокот на дваесеттиот век, неуспехот на образовниот систем да ги задоволи потребите на луѓето во областа на политиката, дипломатијата, трговијата и индустријата довел до воведување на секуларно образование спонзорирано од владата. Првото јавно училиште кое обезбедило образование со западен стил било Екол Империјал Менелик II, кое било отворено во октомври 1908 година, под водство на Хана Салиб и голем број на Копти учители. До 1924 година, Панкхурст забележал дека "не помалку од 3.000 ученици поминале низ училиштето" и навел дека во 1935 година училиште имало 150 ученици. Истата година, царот Менелик II основал основно училиште во Харар.Pankhurst, Economy of Ethiopia

Во 1925 година владата усвоила план за проширување на секуларното образование, но десет години подоцна имало само 8.000 студенти запишани во дваесете јавни училишта. Исто така само мал број студенти студирале во странство со владини стипендии; Панкхурст ги навел минималните броеви за неколку држави: Најмалку 20 учеле во Либан, 19 во Египет, 12 во Судан, 63 во Франција, 25 во Англија, 8 во САД, 10 во Швајцарија, 10 во Италија и помал број во Германија, Белгија и Шпанија.Pankhurst, Economy of Ethiopia, p. 681

По освојувањето на Етиопија, Италијанците брзо дејствувале да го реорганизираат образовниот систем во Етиопија. Декларацијата која била издадена на 24 јули 1936 година, го потврдила принципот дека новосвоената земја, како во постарите колонии, ќе има два различни видови на образовни институции, имено "училишта од италијански тип" и училишта за "колонијални предмети".Richard Pankhurst, "Education in Ethiopia during the Italian Fascist Occupation (1936-1941)", International Journal of African Historical Studies, 5 (1972), p. 371 Постоечкото Тафари Маконен училиште било претворено во две училишта од “италијански тип”, Liceo-Ginnasio Vittorio Emanuele III и Istituto Tecnico Benito Mussolini, и двете резервирни за децата од Европа, додека предвоеното училиште за девојки „Царица Менен“ било претворено во воена болница Регина Елена. Многу други постоечки училишта биле претворени во само-италијански училишта, додека новите училишта отворени за месното население, според зборовите на Патрик Робертс "не беа вистински училишта, туку беа формирани за пропагандни цели".</ref> Иако италијанската влада во 1939 се фалела дека има тринаесет основни училишта во провинцијата Шева, во кои наводно работеле над шеесет наставници и дека биле запишани 1481 ученици, вистинското присуство варирало во голема мера, како што се признало во една официјална изјава дека многу ученици биле отсутни од наставата со цел да ги гледаат италијанските камиони, или да го минуваат своето време "со скрстени раце во нивните колиби".Pankhurst, "Education in Ethiopia", pp. 378f

По италијанскиот пораз, земјата почнала да го гради овој сектор, но системот се соочил со недостиг на наставници, учебници и помагала. Владата регрутирала странски наставници во основните и средните училишта за да се надомести недостигот од наставнички кадар. До 1952 година, вкупно 60.000 студенти биле запишани во 400 основни училишта, единаесет средни училишта, и три институции кои нуделе настава на колеџ-ниво. Во 1960-тите години, 310 мисионерски и приватни училишта, во кои биле запишани 52.000 ученици, го дополниле јавниот училиштен систем на земјата. Иако биле направени реформи со цел да се подобри образованието, училишниот систем на Етиопија останал непроменет од она што било утврдено во 1950-тите години.

Во мај 1961 година, Етиопија била домаќин на Конференцијата на Африканските Земји за Развој на Образованието спонзорирана од Обединетите Нации. Меѓу другото, на конференцијата биле истакнати недостатоците на образованието во Етиопија. Етиопскиот образовен систем, особено основното и средното образование, бил рангиран на дното помеѓу африканските нации. Бил забележан недостаток на училишта и наставници, висока стапка на напуштање на училиштата и ниска општа стапка на присутност на часовите, особено помеѓу девојчињата, не-христијаните и помеѓу децата од руралните средини. Засрамено од овој рекорд, Министерството за Образование развило нова образовна политика, која била во сила сè до 1974 година. Дизајнирана во согласност со целите на вториот и третиот петгодишен развоен план на владата, кој го опфатил периодот од 1962 до 1973 година, образовната политика дала предност на основање на училишта за техничка обука, иако и академското образование, исто така било проширено. Ревизијата на наставната програма вовела микс на академски и неакадемски предмети. Но наставен јазик во целото основно образование станал амхарскиот јазик, што претставувало хендикеп за секое дете кое имало поинаков мајчин јазик.