алт=Габриел Махт на промотивен настан за Суитс|мини|Габриел Махт на промотивен настан за Костуми Костуми — телевизиска драмска серија режирана од Арон Корш, а во главните улоги играат Патрик Џ. Адамс како Мајкл `Мајк` Рос и Габриел Махт како Харви Спектер. Серијата која е сместена во измислената правна фирма Пирсон Хардман во Њујорк, го следи Рос откако влета на интервју за работа кај Спектер, кој е во потрага по нов соработник. Рос е несомнено најдобриот кандидат за позицијата, позиција која ја добива без да има диплома по право. Првата сезона од 12 епизоди, дебитирала на 23 јуни 2011 година со 90-минутна премиера.Thefutoncritic.com На 11 август, 2011 година била продолжена со втора сезона од 16 епизоди, која имала премиера на 14 јуни 2012 година а крајот на средината на сезоната била на 23 август 2012 година. Останатите 6 епизоди од сезона 2 почнале да се емитуваат на 17 јануари 2013 година на „USA“ и на 23 јануари на „Bravo Canada“. На 12 октомври 2012 година „USA Network“, ја продолжил „Костуми“ со трета сезона, составена од 16 епизоди. Премиерата на сезона 3 ќе биде на 16 јули 2013 година.
Костуми е телевизиска драма серија на USA Network создадена од Арон Корш со Патрик Џ. Адамс во улогата на Мајкл (Мајк) Рос и Габриел Махт во улогата на Харви Спектер. Дејството се случува во една адвокатска канцеларија во Њујорк. Мајк случајно налетува на интервју за работа со Харви кој бара адвокатски соработник. Мајк ја добива работата и тие двајцата почнуваат да работат заедно. Првата од дванаесетте епизоди од првата сезона беше премиерно емитувана на 23 јуни 2011 година. Обновена, серијата се врати со втора сезона, составена од 16 епизоди, и премиера на 14 јуни 2012 година. Продолжението на втора сезона ќе почне да се емитува во јануари 2013 година.https://twitter.com/#!/Suits_USA/status/183310543535345664http://www.usanetwork.com/series/suits/ На 12 октомври 2012 година USA Network потпиша за трета сезона која ќе биде составена од 16 епизоди.
Сезона 1 (2011) Мајк Рос (Патрик Џ. Адамс) е брилијантен отпадник од колеџ. Со неговата природна интелигенција и едетична меморија, тој заработува за живот со тоа што полага приемен тест за адвокати и LSAT за други. За да дојде до пари за да ја задржи неговата баба во приватна болница за стари луѓе, тој се согласува да испорача торба со марихуана за неговиот најдобар другар Тревор Еванс (Том Липински). Харви Спектер (Габриел Махт) е еден од најдобрите корпоративни адвокати во Њујорк и е унапреден во постар партнер во Пирсон Хардман –правна фирма која вработува само дипломирани студенти на Правиот Факултет Харвард. Политиката на компанијата го принудува да вработи адвокат-соработник. Мајк откива дека пратката со дрога е наместена и бега од полицијата и тогаш по грешка влегува на интервју кај Харви. Харви е импресиониран од брзата досетливост на Мајк, од енциклопедиското знаење на правото и искрената желба да биде адвокат; тој го вработув Мајк и се преправа дека е дипломиран на Правниот факултет на Харвард. Само Дона Пулсен (Сара Раферти),правната секретарка и доверливо лице на Харви ја знае тајната. Во фирмата, помладиот партнер Луис Лит (Рик Хофман), љубоморниот соперник на Харви и директен надзорник на соработниците, се сомнева во акредитивното писмо на Мајк од Харвард. Во меѓувреме Мајк се бори да се оддалечи од Тревор, кој престана да се занимава со дрога но не може да го избегне своето минато. Кога Тревор заминува од државата, Мајк почнува да се гледа со Џени Грифит(Ванеса Реј),поранешната девојка на Тревор.Мајк во канцеларијата се спријателува со приправничката Рејчел Зејн(Меган Маркл), и набргу се развива привлечност помеѓу нив и тоа ја комплицира неговата врска со Џени.Тревор се враќа во Њујорк само за да дознае дека Мајк е во врска со Џени. Во знак на одмазда тој и кажува на Џесика Пирсон( Џина Торес), главниот партнер на фирмата дека Мајк нема диплома.
Сонот да стане адвокат на брилијантниот Мајк Рос (Патрик Џ. Адамс) не успева откако тој ќе биде избркан од колеџ. Со неговата природна интелигенција и едетична меморија, Мајк заработува за живот со тоа што го полага приемниот испит за правен факултет за други луѓе. Со цел да ја задржи баба му во дом за стари лица, тој се согласува да испорачи актовка со марихуана за неговиот најдобар пријател Тревор (Том Липински). Харви Спектер (Габриел Махт) кој е еден од најдобрите корпоративни адвокати во Њујорк, е унапреден во постар партнер во адвокатската канцеларија Pearson Hardman која вработува единствено од правниот факултет на Харвард. Политиката на компанијата го принудува да вработи адвокатски соработник. Откако Мајк ќе открие дека целата операција за испорака на дрогата е замка, тој успева да и избега на полицијата со тоа што случајно се наоѓа на интервју со Харви. Мајк успева да го импресионира Харви со својата остроумност, енциклопедиско знаење за правото и искрена желба да стане адвокат. Харви го вработува и се преправа дека Мајк има дипломирано на Харвард. Единствената која ја знае тајната е секретарката и доверливото лице на Харви – Дона Полсен (Сара Раферти).
Во канцеларијата, помладиот партнер Луис Лит (Рик Хофман), кој е љубоморен соперник на Харви и директен надзорник на соработниците се сомнева во квалификациите на Мајк од Харвард. Во меѓувреме, Мајк се обидува да се држи подалеку од Тревор кој престанал да се занимава со дрога но не може да избега од своето минато. Кога Тревор ја напушта земјата, Мајк започнува да се гледа со поранешната девојка на Тревор, Џени Грифит (Ванеса Реј). ). Во канцеларијата, Мајк се спријателува со правникот Рејчел Зејн (Меган Маркл) и набрзо меѓу двајцата се развива меѓусебна привлечност која ја комплицира неговата врска со Џени. Кога Тревор се враќа во Њујорк и дознава дека Мајк и Џени се гледаат, во знак на одмазда тој и кажува на Џесика Пирсон (Џина Торес), која е партнерот што управува со канцеларијата, дека Мајк нема диплома.
Сезона 2
Основачот Даниел Хардман се враќа во фирмата, а Џесика и Харви стравуваат дека тој сака да се врати на својата поранешна позиција како главен партнер. Поради ова Џесика му дозволува на Мајк да продолжи да работи и покрај тоа што ја откри неговата тајна. Во меѓувреме Џени се соочува со Мајк за неговите чувства кон Рејчел и кога Мајк се двоуми за одговорот Џени ќе ја прекине врската со него. Во фирмата Тревис Танер(Ерик Клоус) го обвинува Харви за затајување докази и е решен да му ја одземе адвокатската лиценца на Харви.Дона го наоѓа исчезнатиот документ и сфаќа дека таа го потпишала и потоа го изгубила; таа паничи и го уништува документот. По кратко време Џесика ја отпушта.
Хардман е во можност да го уцени Танер да се откаже од одзимањето на лиценцата на Харви во спогодбата, а одлуката на Хардман за спогодба и одлуката на Џесика да се оди на судење се ставени на гласање.Партнерите се еднакво поделени а Харви го има одлучувачкиот глас,кога сфаќа дека судскиот процес ќе ги доведе во опасност сите во фирмата и тој гласа за спогодба и без да сака застанува на страната на Хардман наместо на Џесика само за да може фирмата да стави крај на тужбата. Ова предизвикува Хардман да повика гласање за партнерството и да ја предизвика Џесика за позицијата главен партнер. Бргу потоа Хардман го назначува Луис за постар партнер,а и двајцата Харви и Џесика дефинитивно не успеваат да ја добијат поддршката од Луис. Хардман станува главен партнер но за кратко, бидејќи Мајк и Харви дознаваат дека Хардман го фалсификувал и го подметнал документот кој наводно Дона и Харви го затаиле. Изгласано е тој да си замине од фирмата и Џесика поврорно се враќа на позицијата. Веднаш по смрта на баба му, Мајк пробува да започне врска со Рејчел но таа не е подготвена. Тогаш Мајк влегува во романтична сплетка со неговата прва љубов и пријателка од детството Тесс (Елизабет Хауер), која сега е мажена жена и е дојдена во градот за погребот. Рејчел која сега одлучи дека сака да започне врска со Мајк, ги разоткрива дека се заедно. Мајк и става крај на сплетката.Една недела откако работите се смирија по инцидентот со Хардман, Мајк се обиде да го поправи својот однос со Рејчел но новиот покренат случај го погоди Мајк. Тој треба да се справи со борбата дека тој е адвокат кој брани случај во кој возачот на моторно возило избегал од местото на несреќата, случај кој е премногу сличен на оној од неговото детство во кој ги загубил своите родители. Луис Лит кој ужива во својата нова титула Постар Партнер,и сака да си го вработи својот прв соработник од прва година, кој веднаш би можел да направи проблеми околу Мајк и неговото време на Харвард. Харви сфаќа дека вработениот на Луис би можел да го открие Мајк и оди кај Џесика. Џесика тогаш му забранува на Луис да си вработи соработник, со изговор дека има „замрзнување на вработување“. Хардман тогаш се враќа да се бори против неговата стара фирма работејќи како адвокат на договор за татко и на Рејчел, познатиот адвокат Роберт Зејн. Во тоа време Рејчел аплицираше за упис на Правниот Факултет на Харвард. Хардман ги цеди уште повеќе и онака малите финансиски средства на Џесика со тоа што таа и Харви се принудени да покренат повеќе тужби за полова дискриминација против Folsom Foods на различни локации. Скоти се враќа откако украде некои од тужбите за дискриминација на фирмата.На крајот Харви ги убедува Скоти и Џесика дека заедно треба да се борат против 45 случаи за дискриминација.Исто така на Џесика и се нуди можност за договор за соединување со друга фирма од Њујорк,која ја управува Роберт Зејн,познатиот адвокат и татко на Рејчел; кој подоцна ја повлекува понудата откако дознава од Џесика дека Даниел ги држи сите карти да ја уништи нејзината фирма со случаите за Folsom Foods. На крајот изгледа дека Џесика почнува да прифаќа друга можна понуда која е да се соединат Пирсон и фирмата на Скоти, чие седиште е во Обединетото Кралство. Со таквото соединување Џесика конечно ќе стави крај на нападот на Даниел. Ова е затоа што британскиот партнер се закани дека ќе го открие минатото на Даниел.Тоа нема да биде непочитување на неговиот договор со Џесика,затоа што според закон мора да му ги покаже финансиските документи на можниот партнер. Харви чија цел е титулата да биде именуван во партнер да ја добие поради заслугите,а не поради олеснителни околности, се лути на новостите за претстоечкото соединување, а неговите плановие за иднината со Џесика се уриваат.
На крајот соединувањето се случува со Харви на позиција на Постар Партнер, со цел да сфати дека може да биде контролиран. Рејчел откако дозна дека не ја примиле, го принудува Мајк да и казже дека тој не студирал на Харвард.