мини|300п|Јато гуски во пролетна преселба мини|300п|Примери на долги преселнички патеки

Преселба на птиците (наречена и миграција) — изведување редовни летови од многу видови птици што се спроведуваат како резултат на сезонски или периодични преместувања на птиците поради настанати промени во животната средина, достапноста на храната или се случиле временски промени. Во некои случаи птичјите летови не може да се категоризираат како регуларна преселба поради фактот дека тие се неправилни, како резултат на номадство или се вршат само во една насока без птиците да се вратат. Во голем дел од случаите преселбата на се случува поради промената на годишните времиња. Птиците кои не се селат, туку секогаш живеат на едно место, се нарекуваат „жители“ или резидентни. Околу 1800 од 10 000 видови птици во светот се селат на долги растојанија. Многу од птичјите населенија се преселуваат далеку користејќи постојани патеки, т.н. миграциони маршрути. Најчест модел претставува летањето на север во пролет, каде птиците се размножуваат во умерена умерените или поларен арктички области, а наесен се враќаат на југ кон потоплите региони. Аналогно на ова, во јужната полутопка насоките се обратни.

Заеднички особини мини|Создавање јато пред преселба мини|Јато крајбрежни птици Многу од птичјите популации се преселуваат далеку користејќи постојани патеки, т.н. миграциони маршрути. Најчест модел претставува летањето на север во пролет, каде птиците се размножуваат во умерените или арктички области, а во есен се враќаат на југ кон потоплите региони. Аналогно, во јужната полутопка насоките се обратни. Во овој дел, Земјината површина е значително помала, па и преселбите се во помал број.

Главниот мотив за преселба на птиците е исхраната. Пример за ова се некои видови колибри кои не се селат ако успеат да набават доволно храна во текот на зимата. Друг чинител, пресуден за преселба на птиците е траењето на денот. На север, во текот на летото се обезбедува подолг период за размножување и можност да се набави храна за младенчињата во дневните часови. Ова им помага на дневните птици преселници да произведуваат поголеми легла од птиците кои не се селат, туку остануваат во тропските предели. Поради намалувањето на денот во есенските месеци птиците се враќаат во топлите предели, каде понудата на прехранбени ресурси е релативно поголема во овој период од годината.

Овие предности го компензираат големиот стрес, физичката сила и другите ризици на преселбата како грабливосто. Предатоството може да биде зголемено во периодите на преселба, кога во одредени месеци во дадена територија поминуваат птици преселници. Така, на пример, средоземниот сокол кој гнезди на островите во Средоземното Море има релативно подоцнежна сезоната на парење, синхронизиран со есенска преселба на југ на врапчевидните птици преселници. Високата концентрација на птици преселници на местата за одмор ги прави подложни на паразитски и заразни болести кои бараат и зголемен имунитетен одговор од нивна страна.

Од претставниците на еден вид не мора сите популации да бидат преселници. Овој феномен се нарекува „делумна преселба“. Карактеристична е главно за јужните континенти. Така, на пример, во Австралија, 44 % од неврапчевидните и 32 % од врапчевидните птици се делумно преселни. Кај некои видови, кои живеат на повисоки географски ширини летно време, се селат кон пониски во зима. Птиците преселници, сепак ги заобиколуваат гографските ширини каде непреселните птици од овој вид ги зазеле целогодишно. Ова е пример за т.н. „заобиколувачка преселба“ или „прескокнувачки тип на преселба“. Многу видови кои имаат долги миграциони патишта вршат токму таков тип преселба. Тие гнездат на север, на мали географски ширини, а зимуваат на југ при повисоки широчини. Постојат и внатрешни разлики во однос на преселбата, кај претставниците во самата популација. Овие разлики може да се однесуваат на возраста или полот. На пример, кај некои птици во Скандинавија, само женките се селат, а мажјаците остануваат да зимуваат на полуостровот.

Повеќето преселби кај птиците почнуваат во широк фронт, кој постепено се стеснува како што птиците се собираат во јата кои следат одредени миграциони патишта. Овие правци обично следат планински масиви, крајбрежја, реки. Птиците можат да ги искористат предностите на воздушните струи од загреан воздух или да користат природни климатски феномени. Многу често, при движењето избегнуваат големи географски бариери, како што се, на пример, големите мориња. Специфичните правци, можат да бидат генетски програмирани или птиците да ги научиле во различен степен. Во одделни случаи е можно правците при преселбата во двете насоки да се различни. На пример, во Северна Америка миграциските правци кај некои птици се вршат во насока на стрелките на часовникот. На пролет, при летовите на север птиците се движат по западниот дел на континентот, а наесен кога преземуваат на југ, се движат на источната страна од континентот.

Речиси сите птици се селат заеднички во јата. За големите птици летањето во јато претставува заштеда на енергијата, па затоа при летот се подредуваат во јато со облик налик на латиничната буква V. Патките, на пример, со летање на тој начин заштедуваат 12-20 % од својата енергија во споредба со онаа кога би летале сами. При детекција со радар е утврдено дека јатата на некои гусковидни птици се движат со околу 5 км/ч побрзо, отколку ако единките се движат сами.

Миграциските патишта на некои видови птици минуваат низ екстремни височини. При експедиции на Монт Еверест се откриени скелети од патка ластовичарка и црноопашна блатарка на надморска височина од околу 5000 m во реонот на ледникот Кумбу. Гуски од типот Anser indicus се забележани да летаат во реонот на Хималаите на висина над 6540 метри. Морските птици, пак, летаат ниско до водата, а се издигаат на височина кога се над копното. И покрај огромните разлики во висината на летовите повеќето птици летаат на висина од 150 до 600 m. Како потврда на тоа говори и фактот дека повеќето судири на авиони со птици се случува на височина од околу 600 m и речиси никогаш над 1800 m.

Преселбата на птиците не се ограничува само на основниот начин на движење - летањето. Повеќето видови пингвини се селат така што пливаат во океанските води. На тој начин можат да се движат околу 1000 км. Фазанот Dendragapus obscurus на пример, се селат претежно со одење. Птиците ему во Австралија далеку се движат повторно пеш.

Историски сведоштва

Сведоштво за преселба на птиците има уште од Стара Грција, пред околу 3.000 години. Хесиод, Хомер, Херодот и Аристотел опишуваат сезонски преселби на птиците. Во Библијата, исто така, се наведува за преселби на одредени видови птици. Аристотел забележува дека жерави летаат наесен од степите и талкаат кон мочуриштата од делтата на реката Нил. Но, Аристотел верувал дека ластовиците и други видови птици паѓаат во хибернација во зима. Ова верување постоело до неодамна. Во 1878 година Елиот Куес опишува дека исчезнувањето на некои видови птици во зима не се должи само на хибернација, туку и на преселба. Така, преселбата дава објаснување каде исчезнуваат многу видови птици во студената зима.

Преселби на долги растојанија мини|десно|Свејнсонов дрозд мини|десно|Патка ластовичарка Типичен пример за преселба на долги растојанија од северните птичји гнездења кон тропските региони на планетата е онаа на ластовиците и птиците грабливки. Многу птици, кои гнездат на север, на пример, различните видови патки, исто така, вршат големи миграциони транзиции на југ за да го избегнат замрзнувањето на водните басени на север. Повеќето холарктични видови патки од северната полутопка се префрлаат кон предели со блага клима, каде презимуваат. Миграциските правци и местата за презимување се постојани за видот, а младите птици учат за нив од своите родители. Некои патки, како на пример, патката крецка прелетува целосно или делумно до тропските предели.Dark-Eyed Junco Поради загриженоста од присуството на природни бариери како големи водни пространства или континентални територии кои не нудат услови за одмор или нормално преминување на птиците, се забележува продолжување на преселничкиот пат. Така, иако растојанието е пократко, заради сигурност, птиците ќе ги заобиколат тие правци и ќе ја продолжат преселбата. мини|десно|Блатарка

Слично се однесуваат и барските птици за кои успехот на преселничкиот пат зависи особено многу и од постоењето на посебни постојки, каде што ќе одморат и наполнат сили за следната фаза од транзицијата. Некои од популациите на блатарките (Limosa lapponica) вршат најдолгата познатa преселба. Тие летаат околу 11 илјади километри од гнездовите живеалишта во Алјаска до Нов Зеланд. Пред да започнат со долгиот пат тие акумулираат масти, кои сочинуваат околу 55% од тежината на птицата. Истите се потребни како енергетски извор за остварување на долгата транзиција. мини|десно|Поларни рибарки мини|десно|Патеката на поларната рибарка Морските птици се селат на сличен начин како барските. Некои видови, како галебите на пример, не се преселници. Други, пак, како рибарките (Sternidae), се размножуваат во топлите месеци во северната полутопка и се движат на југ во текот на студениот дел од годината. Поларната рибарка врши најдолга птичја преселба позната до сега. Таа е и животно кое поминува поголем дел од животот на дневна светлина. Ова се должи на фактот дека се доселува од гнездењето на Арктикот, на југ кон Антарктикот, каде што не гнезди. Пиле, само три месеци старо, испилено на источното крајбрежје на Британија, е најдено во Мелбурн, Австралија. Птицата прелетала околу 22 илјади километри за толку краток период од својот живот.

Повеќето океански видови, какви што се претставниците на цевконосните се исклучителни летачи. Албатросите од јужните делови на океаните може да ја кружат планетата надвор од периодот на размножување со искористување на ветровите. Овие претставници се способни да летаат над отворени океани, а се собираат на локации во нив, каде што храната е обилна. Повеќето од нив се и преселници на долги растојанија. Сивата бурница (Puffinus griseus) гнезди на Фолкландските Острови и прелетува околу 14 000 км до Северниот Атлантик, до бреговите на Норвешка. Обичната бурница, пак, врши преселба во спротивна насока на сивата бурница. Поради фактот дека овие птици се и исклучително долголетни е утврдено дека е сосема можно една обична бурница да прелета околу 8 милиони километри во текот на 50-годишниот живот.

мини|десно|Белоглав мршојадец како лебди Некои големи ширококрилни птици ги искористуваат топлинските патеки формирани од жешкиот воздух од Сонцето. Тука спаѓаат птиците грабливки како мршојадци, орли и јастреби, а и штрковидните птици. Големите птици се селат во дневните часови. При преселбата птиците од овие групи доживуваат особени тешкотии при прелетувањето над мориња. Причината за ова е дека топлинските патеки се формираат благодарение на затоплувањето на копното. Тие создаваат услови птиците да летаат повеќе со лебдење и така да не ја трошат вредната енергија. Средоземјето се покажа како сериозна пречка при преселбата на големите птици. Поради тоа, тие кружат од исток или запад, па патеката им минува низ тесни делови од морето, како на пример, Гибралтар и Босфор, и Категат на Балтичкото Море. Други пречки за миграциските патишта можат да бидат планинските вериги. Заради нивното заобиколување многу птици се среќаваат на места каде патиштата им се сечат, особено во Средна Америка, во градот Батуми, Џорџија.

мини|десно|Црвеноврат сколовранец Многу од малите инсектојадни птици претставници на врапчевидните и колибрите ги вршат своите далечни преселби претежно ноќе. Наутро приземјуваат на земјата, каде што се хранат и дури можат да останат во регионот да одморат неколку дена и да се соберат сили за следната фаза од преселбата. На оние места каде птиците се задржуваат кратко се нарекуваат „минувачки преселници“.