Германската култура започнала долго пред Германија да стане национална држава и го опфатила целокупното германско говорно подрачје. Од самиот почеток, културата во Германија била формирана од големите интелектуални и популарни движења во Европа, верската и секуларната.

Во минатото Германија ја нарекувале Das Land der Dichter und Denker (Земјата на поети и мислители).

Сојузните држави се одговорни за културните институции. Во Германија има 240 субвенционирани театри, стотици симфониски оркестри, илјадници музеи и над 25.000 библиотеки. Овие културни манифестации се често посетувани: Во германските музеи има над 91 милион посетители годишно, 20 милиони во театар и опера, 3.6 милиони годишно слушаат симфониски оркестри.

УНЕСКО има запишано 33 германски објекти како светско природно и културно наследство.

Јазик Германскиот е службен и доминантен јазик во Германија. Тој е еден од 23 службени јазици во Европската Унија и еден од трите работни јазици на Европската комисија, покрај англискиот и францускиот јазик. Признати малцински јазици во Германија се холандски, лужичко-српски и фризиски. Тие се официјално заштитени од ECRML. Најчесто зборувани доселенички јазици се турски, курдски, полски, балкански јазици и руски.

Западногерманскиот јазик е стандарден јазик кој е тесно поврзан со англискиот, холандскиот и фризиските јазици. Во помала мера, е поврзан со источногерманските (изумрени) и северногерманските јазици. Поголемиот дел од германскиот вокабулар е изведен од германската гранка на индоевропското јазично семејство.

Значаен број на зборови се изведени од латински и грчки, помала количина од француски и од неодамна од англиски (познат како Денглиш). Германскиот јазик се пишува на латиница. Покрај 26 стандардни букви, германскиот јазик има три вокали со преглас, имено а(ä),о(ö) и у(ü), како и цврсто с кое се пишува како "ß".

Германските дијалекти се разликуваат од варијантите на стандардниот германски јазик. Дијалектите се традиционални локални форми кои потекнуваат од германските племиња. Многу од нив тешко се разбираат бидејќи се разликуваат по нивната лексика, фонологија и синтакса.

Германија има приближно 100 милиони луѓе кои говорат на мајчин германски јазик, и околу 80 милиони на кои им е странски јазик. Германскиот е прв говорен јазик на 90 милиони луѓе во Европската Унија (18%). 67% од граѓаните во Германија тврдат дека можат да говорат на најмалку еден странски јазик, а 27% дека покрај мајчиниот, говорат уште два или повеќе странски јазици.

Литература

Литературата во Германија била најзастапена во Средниот век, а најзначајни писатели во тој период биле: Walther von der Vogelweide и Wolfram von Eschenbach. Nibelungenlied, чиј автор е непознат, како и Thidrekssaga се значајни дела од тој период. Збирките од бајки на Јакоб и Вилхелм Grim биле познати низ целиот свет.

Теологот Лутер, кој ја превел Библијата на Германски, се смета за основач на модерниот "Висок германски" јазик. Меѓу најпознатите германски поети и писатели се ,Лесинг, Гете, Шилер, Клајст, Хофман, Брехт, Хајне and Шмит. Деветмина добиле Нобелова награда за литература: Теодор Момзен, Паул фон Хејз, Герард Хауптман, Томас Ман, Нели Закс, Херман Хесе, Хајнрих Бел, Гунтер Грас и Херта Милер.

Johann Wolfgang v. Goethe(1749–1832)Friedrich Schiller(1759–1805)Brothers Grimm(1785–1863)Thomas Mann(1875–1955)Hermann Hesse(1877–1962)

Филозофија

Подемот на современите природни науки и падот на религијата покренале многу прашања кои се повторуваат во германската филозофија во однос на врската помеѓу науката и верата, разумот и емоциите, како и научни, етички и уметнички начини на гледање на светот.

Германски филозофи помогнале во формирање на западната филозофија уште пред средниот век Алберт Магнус. Подоцна, во 17 век, Лајбниц и Кант одиграле водечка улога во историјата на филозофијата. Шопенхауер и Ниче биле инспирирани од кантианизмот и германскиот идеализам за кого се заземале Фихте и Хегел. Во втората половина на 19 век Маркс и Енгелс развиле комунистичка теорија, додека Хајдегер и Гадамер ја следеле традицијата на германската филозофија во 20 век. Голем број на германски интелектуалци биле влијателни и во социологијата, особено Адорно, Хабермас, Хоркајмер, Луман, Симел, Тенис, и Вебер. Универзитетот во Берлин основан во 1810 година од страна на филозофот Вилхелм фон Хумболт бил пример за голем број современи западни универзитети. Во 21 век Германија била значајна за развој на современата аналитичка филозофија во континентална Европа, заедно со Франција, Австрија, Швајцарија и Скандинавските земји.Searle, John. (1987). The Blackwell Companion to Philosophy, "Introduction". Wiley-Blackwell.

Музика

Во областа на музиката, со германско потекло се некои од најпознатите класични композитори на светот, вклучувајќи ги Бах, Моцарт и Бетовен, кои ја обележале транзицијата помеѓу класичната и романтичната епоха во западната класична музика. Други композитори со Австрогерманско потекло кои се здобиле со меѓународна слава се Брамс, Вагнер, Хајдн, Шумберт, Хендл, Шуман, Лист, Менделсон, Јохан Штраус II, Брукнер, Малер, Телеман, Рихард Штраус, Шенберг, Орф, и од неодамна, Хенц, Лахенман, and Штокхаузен.

Бидејќи од 2006 година Германија е четвртиот најголем музички пазар во светот,Music market worth $US32 billion P2pnet.net 7 Apr. 2004. Retrieved 2006-12-07 таа имала силно влијание врз техно и рок-музиката, и пионерската транс музика. Голем број изведувачи, како што се Херберт Гринмаер, Скоприонс, Рамштајн, Нена, Хавиер Наидо, Дитер Болен, Токио Хотел и Модерн Токинг се стекнале со меѓународна слава. Германски музичари, особено пионерските бендови Tangerine Dream и Kraftwerk исто така придонеле за развојот на електронската музика.BBC Radio 1 Documentary Retrieved 2006, 10 December

Германија е домаќин на многу рок музички фестивали годишно. Rock am Ring фестивалот е најголемиот музички фестивал во Германија, и е еден од најголемите во светот. Германија е домаќин на едни од најголемите готски сцени и фестивали во целиот свет, со настани како Wave- Gotik-Treffen и фестивалот M'era Luna, со посетеност од над 30.000 луѓе.

Од 1970 година, Германија повторно имала просперитетна и популарната култура, но претежно водена од новиот главен град Берлин. Германија е исто така позната по своите реномирани оперски куќи, како што се Semperoper, Komische Oper во Берлин и Staatstheater am Gärtnerplatz. Рихард Вагнер ја изградил Бајројтскиот фестивалски театар. Еден од најпознатите филмски композитори е германецот Ханс Цимер.

Филм

Германскиот филм датира од времето на режисерот Маx Skladanowsky. Филмот бил особено влијателен во времето на Вајмарската Република со германски експресионисти како што се Роберт Вајн и Фридрих Вилхелм Мурнау. Австрискиот директорот Фриц Ланг , кој станал германски државјанин во 1926 година и чија кариера била на врвот на филмската индустрија во предвоена Германија, се смета за највлијателен човек во Холивудскиот филм. Неговиот филм без звук Метрополис (1927) се смета за основа на модерните научнофанатастични филмови. Основано во 1912 година, филмското студио Бабелсберг е најстарото масовно филмско студио во светот.

Во 1930 година Австро-Американецот Јозеф фон Штернберг го режирал филмот Синиот Ангел , кој бил првиот голем германски звучен филм и ја прославил глумицата Марлен Дитрих. Импресионистичкиот документарец Берлин: симфонија на големиот град, во режија на Волтер Рутман, е истакнат пример на жанрот градска симфонија. За време на нацистичката ера се снимале главно пропагандни филмови иако работата на Лени Рифенштал вовела нова естетика во филмот.Leni Riefenstahl, Filmbug Movie Stars. Retrieved 13 April 2007.

За време на 1970-тите и 80-тите години, некои од поновите германски филмски директори, како што се Фолкер Шлендорф, Вернер Херцог , Вим Вендерс и Рајнер Вернер Фасбиндер со нивните провокативни филмови повторно го вратиле западно германскиот филм на меѓународната сцена.Rainer Werner Fassbinder , Fassbinder Foundation. Retrieved 13 April 2007. Во поново време, филмовите како Good Bye Lenin! (2003), Head-on Gegen die Wand (Head-on) (2004), Der Untergang (Пропаст) (2004), и Der Baader Meinhof Komplex (2008) постигнале успех на меѓународно ниво.

На доделувањето Оскар за најдобар странски филм во 1979 година, наградата ја добил германскиот филм Die Blechtrommel (Лимениот тапан) , во 2002 година филмот Никаде во Африка и во 2007 година филмот Das Leben der Anderen (Животот на другите).Awards:Das Leben der Anderen, IMDb. Retrieved 13 April 2007. Меѓу најпознатите германски глумци се Марлен Дитрих, Клаус Кински , Хана Шугула, Армин Милер-Стал, Јирген Прохнов, Томас Крешман, Тил Швајгер и Кристоф Валц.

Берлинскиот филмски фестивал , кој од 1951 се одржува секоја година е еден од најдобрите светски филмски фестивали. Меѓународно жири претставува филмови од целиот свет и ги наградува победниците со Златна и Сребрена мечка.2006 FIAPF accredited Festivals Directory , International Federation of Film Producers Associations, посетено на 11 December 2006. Свечената церемонија на доделување на Европски филмски награди се одржува секоја втора година во градот Берлин, каде се наоѓа Европската филмска академија (ЕФА). Студијата Бабелсберг во Постдам се најстарите масовни филмски студија во светот и центри за меѓународна филмска продукција.

Медиуми

Германскиот телевизиски пазар е најголем во Европа, со приближно 34 милиони ТВ - домаќинства. Повеќето локални и национални јавни радиодифузери се организирани во согласност со федералната политичка структура. Околу 90% од германските домаќинства имаат кабелска или сателитска телевизија и гледачите можат да бираат помеѓу различни бесплатни јавни и комерцијални канали. Платените телевизиски услуги не се користат, додека државните телевизииски преноси ZDF и ARD нудат голем број на дигитални канали.Country profile: Germany, BBC News. Retrieved 7 December 2007.

Некои од најголемите светски медиумски конгломерати, како што се Bertelsmann, Axel Springer AG и ProSiebenSat.1 Media потекнуваат од Германија.

Германски издавачи на книги издаваат околу 700 милиони копии на книги годишно, со околу 80.000 наслови, а речиси 60.000 од нив се нови изданија. Германија е на третото место на меѓународната статистика, книжевниот пазар на говорен англиски јазик и Народна Република Кина.Germany – Land of ideas , www.land-der-ideen.de Retrieved 12 December 2010. Саемот на книга во Франкфурт кој постои повеќе од 500 години е најзначајниот саем на книга во светот за меѓународни договори и трговија.

Архитектура

Архитектонски придонеси од Германија ги вклучуваат стиловите Carolingian и Ottonian, значајни претходници на Романескната архитектура. Во таа област се направени значајни Готски, Ренесансни како и Барокни дела. Од особено значење за Нацијата било раното модерно движење низ Deutscher Werkbund и движењето Баухаус идентификувано со Walter Gropius. Нацистите го прекинале ова движење и промовирале неокласицизам. По Втората светска војна, следни важни структури кои биле изградени се модерната и постмодерната структура, особено по обединувањето на Берлин.

Уметност

Германската уметност има долга и значајна традиција во визуелнaта уметност, од најраните познати дела на фигуративната уметност па сè до денешната современа уметност. Значајни германски ренесансни сликари се Албрехт Алтдорфер, Лукас Кранах постариот, Матиас Гринвалд, Ханс Холбејн помладиот како и добро познатиот Албрехт Дирер. Најистакнати барокни уметници од Германија се Космас Дамјан Азам. Други уметници се Анселм Кифер, романтичарот Каспар Давид Фридрих, надреалистот Макс Ернст, концептуалистот Јозеф Бојс, Волф Фостел или нео-експресионистот Џорџ Базелиц.

Религија

Германската Влада ги ограничила своите задолженија за културата, која им е предадена на државите на Германија, наречени Bundesländer. 64,1 процент од германското население припаѓа на христијански деноминации.