Лукенвалде () — град и адмистративно седиште на округот Телтов-Флеминг во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Нуте северно од Флеминг, на источната граница со природниот парк Нуте-Ниплиц, околу 50 километри јужно од Берлин. Во градот влегуваат и селата Франкенфелде и Колценбург.

Историја

мини|лево|Фабрика за шапки

Поранешната словенска населба Лугкин (Lugkin) била освоена од маркгрофот Конрад Ветин во текот на Крстоносните походи против Словените во 1147. Замокот Лукенвалде бил првпат споменат во декрет од 1216 како бургвард на Бискупијата Бранденбург, бил стекнат од Опатијата Цина во 1285. Заедно со Цина останал под власта на Надбискупијата од Магдебург и неговиот наследник, пруското Војводство Магдебург пред да биде додаден на Маркгрофовијата Бранденбург во 1773.

Започнувајќи во 17 век, фабриките за облека и волна во Лукенвалде не добиле поттик до власта на кралот Фридрих II, кога се развиле како едни од најголемите во Германија. Други традиционални индустрии биле боење на памукот и правење бои, пиварници и металската индустрија. Во 1808, Лукенвалде официјално ги добил градските права.

Во 1923, архитектот Ерих Менделсон ја изградил фабриката за шапки Херман, пресвртница во експресионистичката архитектура. Во текот на Втората светска војна постоел камп за воените заробеници. Исто така имало и работен камп за цивили. Нацистите ги принудувале луѓето да работат за нив со закана за нивните семејства. Недостигот на храна и силната работа убила илјадници работници. Помеѓу нив имало Полјаци, Италијанци, Французи и многу други.

Родени во Лукенвалде

Ханс Фројдентал (1905-1990), математичар Катерина Рајхе (р. 1973), политичарка Илка Бесин (р. 1971), комедијант Руди Дучке (1940–1979), портпарол на германското движење во 1968, изразнат во Лукенвалде

Меѓународни односи

Лукенвалде е збратимен со:

Дјеп, Франција Бад Залцуфлен, Германија

Наводи

Категорија:Телтов-Флеминг Категорија:Бранденбург (покраина)