Цосен () е град во округот Телтов-Флеминг, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, јужно од Берлин. Цосен е составен од неколку помали општини, кои биле споени заедно во 2003 со цел да го создадат градот.

Географија

Со општинската реформа во 2003, Цосен се состои од неколку окрузи и единици:

Глиник Хорстфелде Шинов Вербен Калинхен Некст Нојендорф Нунсдорф Шенајхе Винсдорф Функенмиле Линденбрик Нојхоф Валштат Цеш ам Зе Цосен Дабендорф

Историја

Цосен, како многу места во Бранденбург, бил првично основан како словенска населба. Неговото име потекнува од Зосна што означува бор, кој е воочаено дрво во областа.

Во 1875 била отворена железничката станица Цосен на линијата Берлин - Дрезден и пруската воена железница за артилериското поле во Кумерсдорф-Гут, денес во Ам Мелензе.

Во 1910 градот станал гарнизон за царската германска армија. Во Првата светска војна бил користен за неколку затворенички кампови, меѓу кои и „кампот полумесечина“ (Halbmondlager) за муслиманските борци на Антантата, каде била изградена и првата дрвена џамија во Германија. Од 1939 до 1945, во Винсдорф се наоѓале подземните седишта на германскиот Вермахт и командата на армијата.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Воена база Цосен Винсдорф

Категорија:Телтов-Флеминг Категорија:Бранденбург (покраина)