Модра ветрушка () — птица-грабливка. Припаѓа во редот на соколовидните птици од семејството соколи. Оваа птица се сретнува во источна Европа и Азија, но станува сè поретка поради недостаток на живеалишта и ловот. Оваа птица ја има и во Македонија.
Опис
Ова е птица со средна големина. Машкото е сивкастосино, освен нозете и делот под опашката кои се црвени. Женката има сив грб и крилја, портокалова глава и стомак, и бело лице со црни ленти кај очите. Младите се кафеави одозгора, а светложолти одоздола со темни ленти, и лице како кај женката. Модрата ветрушка е долга од 28 до 34 см со распон на крилја од 65 до 75 см.
Исхрана и размножување
Оваа птица се храни со поголеми инсекти, но исто така и со помали цицачи и птици. Модрата ветрушка се размножува во колонии, и употребува едно гнездо повеќепати. Снесува од 2-4 јајца. Животниот век ѝ е од 13 до 25 години во дивината, и околу 18 во заробеништво.
Наводи
Надворешни врски (Western) Red-footed Falcon – Species text in The Atlas of Southern African Birds. Oiseaux Photos Images at www.naturlichter.com
Категорија:Птици Категорија:Птици на Македонија Категорија:Соколовидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј