Белград или Берат (, , ) — град во јужно-средна Албанија и седиште на истоимената Белградска област. Според податоците од 2011 г. населението во самиот град брои 32.606 жители, додека пак целата општина зафаќа површина од и има 60.031 жител.
Историја и име Се смета дека Белград е еден од најстарите градови во Албанија, создаден уште во VI век п.н.е. како илирска населба. Подоцна населбата потпаднала под македонска власт и прераснала во град, кој по желба на кралот Касандар е наречен Антипатреја, во чест на неговиот татко Антипатар. Во II век п.н.е., градот паднал под римска власт и Антипатреја се споменува од Полибиј и Ливиј, како и во списокот на утврдувања на царот Јустинијан. Во византискиот период, градот бил познат како Пулхериопол (според византиската царица од V век, Пулхерија).
мини|лево|230px|Влезот во цитаделата, со црквата Св. Троица изградена во XIII век Од 860 година, градот се наоѓал под бугарска власт и тогаш се зголемило неговото значење; потоа бил дел од Самоиловото Царство;Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 21. а подоцна паднал под српска власт. Во тој период, Белград бил под духовна јурисдикција на Охридската патирјаршија. Сегашното име на градот за првпат било се споменува во 1018 г. како Бјалград (), кое доста подоцна е албанизирано во „Берат“.Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 22. Најпознатиот доцновизантиски историчар и летописец, Никифор Глигора, градот Белград го претставил како македонски град.Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора Во 1417 година, градот паднал под османлиска власт и останал под неа сè до 1912 година, кога е создадена албанска држава. Но, и покрај отоманската власт, во 1809 година, градот го зазел под своја контрола Али-паша Јанински, кој имал албанско потекло, а во 1867 Белград станал санџак во Јанинскиот вилает. Во текот на XIX век, во Белград се случувале битни настани поврзани со Албанската национална преродба. Тој станал база за поддршка на Призренската лига, а во ноември 1944 година во Белград била прогласена привремената влада од страна на Антифашистичкиот народноослободителен совет на Албанија, со што започнал комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.
Културно-историски знаменитости мини|лево|Етнолошкиот музеј Градот е познат како „Градот на илјада прозорци“, поради големите прозорци кои ги красат куќите. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа џамија од XV век, како и бројни цркви (Св. Троица, Св. Илија) кои припаѓаат на Албанската православна црква, чијашто автокефалност била прогласена токму во Белград, во 1922 година. Во XVI век, во градот се развила познатата иконографска школа Онуфри, додека православната катедрала била обновена во XVIII век. Најпознатите населби во градот се Мангалем и Горица, кои се наоѓаат на спротивните страни на реката Осум.Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 22-24. Исто така, Белград е познат по Белградската тврдина (Кала) претежно изградена во XIII век, но чии почетоци датираат од IV век п.н.е., додека голем дел од тврдината потекнува од средината на IV век. Благодарение на богатото историско наследство од отоманскиот период, во 2008 година, централното подрачје на Белград било ставено под заштита на УНЕСКО.Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 15, 21 и 24.
Природни знаменитости Во градот и во околината на Белград има повеќе природни знаменитости, како:Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 26. клисурата на реката Осум Пештерата Пирогош Националниот парк на планината Томорица Кулмак-теќе
Наводи
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на Општина Белград Портал на музеите во Белград Белград на Википатување Историски центри на Белград и Ѓирокастро — УНЕСКО
Категорија:Градови во Албанија Категорија:Кутмичевица Категорија:Светско наследство во Албанија Категорија:Споменици на културата во Албанија