Владимир Јаневски е роден 1969 година во Скопје. Во периодот од 1996 г. до 2002 г. студира на додипломски студии на Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Во јули 2002 г. се стекнува со степен дипломиран етнолог на тема: Народната носија во Овче Поле. Во Јуни 2011 г. се стекнува со степен магистер по етнолошки науки, на тема: Етнолошки и етнокореолошки одлики на македонските традиционални народни ора - по избрани примери. Од 2011 г. е запишан на докторски студии во Институтот за фолклор Марко Цепенков – Скопје (тема: Етнокореолошка класификација на ората во Македонија)Мрежно место на доц. м-р Владимир Јаневски.

Своето професионално искуство го започнува во периодот од 1986 г. до 2001 г. како играч и пејач во професионалниот Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ од Скопје. Во периодот од 2001 г. до 2007 г. е професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ на насоката за традиционална музика и игра. Од 2007 г. до 2010 г. се вработува како асистент на Одделот за етнокореологија при Факултетот за музичака уметност, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во јули 2010 г. е избран за доцент на Одделот за етнокореологија при Факултетот за музичака уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Денес ја извршува функцијата на продекан на Факултетот за музичака уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Учествува на многу концерти и гостувања надвор од државата како ментор на учениците од ДМБУЦ и како пејач и играч во „Танец“.

Добитник е на повеќе награди: 2003 Награда за посебен придонес во презентацијата на народната култура, Во организација на „Модест“, Скопје. 2004 Прва награда на меѓународниот фестивал за етнографски филм во организација на Етнографскиот музеј од Белград за филмот Пишање на невеста. 2010 Нграда за особен придонес во популаризацијата на етнологијата и етнолошкото културно наследство, Македонско етнолошко друштво.

Членство: Од 1996 Член на Македонското етнолошко друштво, Скопје, Македонија. Од 2003 Член на International Dance Council, УНЕСКО, Париз, Франција. Од 2011 Член на Здружението на етнокореолози на Македонија, Скопје Македонија (позиција: Претседател).

Изложби: Народните носии од Штип и штипско, Завод и Музеј Штип, мај 2010 г. (автор). Young Brides, Old Treasures, Museum of International Folk Art, Santa Fe, New Mexico, септември 2011 г. (концепција и реализација).

Објавени научни и стручни трудови

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на доц. м-р Владимир Јаневски Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Официјално мрежно место на Факултет за музичка уметност Репозиториум на УГД Електронска библиотека на УГД

Категорија:Професори на УГД Категорија:Македонски универзитетски професори