мини|десно|250п|Првата скица на човечка рипка во Лаурентиевото дело Specimen Medicum (1768) Јосиф Николај Лаурентиили Јозефус Николаус Лауренти (; 4 декември 1735 – 17 февруари 1805) — австриски природонаучник од италијанско потекло.
Лауренти е роден во Виена. Се смета за автор на класата влекачи (Reptilia) со делото (1768) во кое расправа за улогата на отровот кај влекачите и водоземците. Ова е мошне значаен труд во историјата на херпетологијата, каде се определени триесетина рода на влекачи (за разлика, да речеме, од X издание на Линеевото дело „Систем на природата“ (1758), каде се даваат само десет. Во 1768 г. Лауренти објавил и дело на италијански, насловено како („Змеј“), каде го опишува слепиот дождовник наречен човечка рипка (Proteus anguinus) која ја зел од пештера како Постојнската Јама во Словенија, или можеби некаде во западна Хрватска). Ова е меѓу првите научни описи на пештерско животно во западниот свет.
Наводи
Надворешни врски Specimen Medicum, Exhibens Synopsin Reptilium Emendatam cum Experimentis circa Venena — Гетингенски центар за дигитализација
Категорија:Австриски зоолози Категорија:Австриски природонаучници Категорија:Херпетолози Категорија:Луѓе од Виена Категорија:Родени во 1735 година Категорија:Починати во 1805 година