Ливадскиот кос () е член на семејството дроздови. Се размножува во шумски и во предели со грмушки низ северна Европа и Азија. Таа е птица преселничка, со многу птици што живеат на север, кои се селат зиме на југ.

Гнездат во дрвјата, лежејќи неколку јајца во плетено гнездо. Невообичаено за дроздовите, ливадските косови често гнездат во колонии, можеби за да се заштитат од големите гаврани. Преселничките се собираат во големи јата заедно со лисестиот дрозд. Сештојади се, кои јадат широк спектар инсекти и црви лете, а разни бобинки зиме.

Ливадскиот кос е долг 22-27 см, со чисто кафеав грб, бел под крилјата, со сив заден дел и тил. Градите се светлопортокалови, а останиот долен дел му е бел. Градите и страните се многу точкави. По изглед, половите се слични.

Ливадскиот кос е опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae (1758) под името Turdus pilaris.

Видот има широк опсег, на околу 10 милиони квадратни километри, голема популација, со приближно 28-48 милиони единки само во Европа. Според статусот спаѓа во категоријата на најмала загриженост.

Наводи

Надворешни врски

Ageing and sexing (PDF; 1.4 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze BBC video of Fieldfare in an English orchard

Категорија:Дрозд Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј