Обичен гавран или само гавран () — голема црна птица од семејството на враните (Corvidae) во редот на врапчевидните (Passeriformes). Се среќава низ целата северна полутопка и е најшироко распространет од сите врани. Постојат најмалку 8 подвида со мали разлики во изгледот, иако последните истражувања покажуваат и генетски разлики. Тој е најверојатно најтешката птица од редот на врапчевидните, со тежина од 1,2 килограми. Може да живее над 21 година во дивина. Младите птици летаат во јата, но откако ќе се спарат, двојката ја чува својата територија.
Гавранот со илјадници години има добар соживот со човекот, а во некои области е толку многуброен што се смета за штетник. Неговата успешност е делумо заради тоа што е сештојад, со исклучително широк спектар на исхрана, од мрши, инсекти, семиња, бобинки, овошје, мали животни, и секакви отпадоци фрлени од човекот.
Кај гавранот се забележани значајни начини на решавање проблеми, што води кон уверувањето дека тој поседува висока интелигенција. Низ вековите, тој бил предмет на митологијата, фолклорот, уметноста и литературата. Во многу домородни култури, вклучувајќи ги и оние на Скандинавија, древна Ирска и Велс, Бутан, на домородните народи на северозападниот дел од Северна Америка, домородните народи на Сибир и североисточна Азија, гавранот е почитуван како духовна фигура или бог.
Таксономија и систематизација Гавранот е еден од многуте видови опишани од Карл Лине во неговата книга од 18 век Systema Naturae, и сè уште го носи изворното име Corvus corax.
Подвидови Најблиски роднини на обичниот гавран се кафеавовратиот гавран (C. ruficollis), шарениот гавран (C. albus) од Африка, и чичуанскиот гавран (C. cryptoleucus) од југоистокот на Северна Америка.Goodwin. pp. 70–72 Некои научници издвојуваат 11 подвида,Marzluff, J. M. (2009). Common Raven (Corvus corax). pp. 638–639 in: del Hoyo, J., A. Elliott, & D. A. Christie. eds. (2009). Handbook of the Birds of the World. Bush-shrikes to Old World Sparrows. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 978-84-96553-50-7 а други само осум:Clements, J.F. (2007). The Clements Checklist of the Birds of the World. 6th edition. Christopher Helm. ISBN 978-0-7136-8695-1
C. c. corax (номинираниот подвид) кој е распространет од Европа, источно до Бајкалско Езеро, јужно до Кавказ и северен Иран. Има релативно краток, заоблен клун; C. c. varius живее во Исланд и Фарски Острови. Тој е помалку сјаен од C. c. principalis или номинираниот corax, среден е по големина и основата на пердувите на вратот се белкасти (но, не се забележуваат од далеку);
C. c. subcorax го има од Грција, на исток до северозападна Индија, Средна Азија и западна Кина. Поголем е од номинираниот подвид, но со пократки пердуви на вратот; C. c. tingitanus ја опфаќа северна Африка и Канарски Острови. Ова е најмал подвид, со кратки пердуви на вратот и маслинест сјај на пердувите. Клунот му е краток, но цврст; C. c. tibetanus живее на Хималаите. Најголем и најсјаен подвид, со најдолги пердуви на вратот; C. c. kamtschaticus распространет е во севроисточна Азија, мешајќи се со номинираниот подвид кај Бајкалското Езеро; C. c. principalis живее во северна Северна Америка и Гренланд. Има најголемо тело и клун; C. c. sinuatus, живее во Средна Америка и јужниот дел на САД, помал е, со помал и поостар клун.
Опис
Возрасниот гавран е долг од 56 до 78 сантиметри, со распон на крилјата од 100 до 150 см,Common Raven. Nature.ca. Посетено на 2012-12-19.Raven. Garden-birds.co.uk (2010-07-01). Посетено на 2012-12-19.Common Raven . Geobirds.com. Посетено на 2012-12-19. со тежина од 0,69 до 2 килограми,Common Raven. Oiseaux-birds.com. Посетено на 2012-12-19. што значи, е еден од најтешките врапчевидни птици. Генерално, птиците од постудените региони, како Хималаи и Гренланд, се поголеми, со малку поголеми клунови, додека од потоплите, се помали.Goodwin, pp. 138–139 Клунот на гавранот е голем и малку свиен надолу, со должина од 5,7 до 8,5 см. Има долгнавеста, цврста опашка долга од 20 до 26,3 см., претежно црна, и темнокафеави очи. Пердувите на вратот му се малку подолги и напрчени со малку посветла кафеавосива боја. Нозете и стапалата му се со соодветна големина, стапалото (тарзусот) е долго 6-7,2 см.Common Raven – Corvus corax . Avis.indianbiodiversity.org. Посетено на 2012-12-19. Перјето на младенчињата е слично, но малку посветло и имаат синосиви очи.Goodwin, p. 138
Освен по големината, гавранот се разликува од сродните врани и по поголемиот и поцврст црн клун, бушавите пердуви на вратот и над клунот и поострата опашка. Видот има карактеристичен, длабок, резонантен повик прррук-прррук-прррук, кој на искусните слушатели им е единствен меѓу враните. Гавранот произведува повеќе звуци, како, високо чукање ток-ток-ток, суво крааа, ниско штракање и некои речиси музикални тонови. Во лет, пердувите му произведуваат крцкав звук што потсетува на шушкање свила.
Гавранот може да биде долговечен, особено ако е заштитен, тој живее и по 40 години. Во дивина живеат пократко, од 10 до 15 години, или најдолго што е регистрирано 23 години и 3 месеци.
Распространетост и живеалиште
Гавранот се приспособува кон различни климатски услови и овој подвид има најголема распространетост од сите други,Goodwin, p. 70 и е најголем од врапчевидните. Распространет е низ Холарктикот, од Арктикот и умерените подрачја на Северна Америка и Евроазија, до пустините на северна Африка и островите на Тихи Океан. На Тибет, се забележани на надморска височина над 5000 метри, односно до 6350 метри на Монт Еверест.
Освен птиците што живеат во најсеверните делови, другите се резидентни (не се преселници) преку целата година. Младите птици може да се расселат, но локално.Goodwin, p. 139
Вообичаено, гавранот претпочита места со шума, со големи пошироки пространства во близина, или крајбрежја за гнездење и хранење. На места со густа човечка популација, како на пример, Калифорнија во САД, тие ги искористуваат предностите на обилното снабдување со храна и затоа таму нивниот број е многу зголемен.
Поведение Гавраните обично патуваат во „брачни“ двојки, а младите може да формираат мали јата. Односите помеѓу гавраните се обично кавгаџиски, но покажуваат извесна приврзаност кон семејството.
Исхрана
Гавраните се сештојади, а исхраната се разликува според местото, сезоната или среќата.
На некои места гавраните се „чистачи“, хранејќи се претежно со мршамрши, но бидејќи нивниот клун не е приспособен за тоа, чекаат некој друг да го отвори пленот. Растителната храна што ја јадат, вклучува житни зрна, бобинки и плодови, а животинската, мали безрбетници и водоземци, влекачи, мали цицачи и птици. Гавранот, може, исто така, да конзумира несварен животински измет, како и отпадоци од човечка храна. Вишокот, особено онаа храна што содржи масти, го кријат и чуваат. Тие може да ја украдат храната од други видови, или, понекогаш да следат волци во зима, и да чекаат на нивниот плен. Тие се редовни грабливки на птичји гнезда, на грабнување на јајцата, како и на поголемите птици, ако им се пружи можност.
Гавраните почесто гнездат во близина на човечко ѓубре или крај патишта каде страдаат животни во сообраќајот. Младенчињата на ваквите места се поуспешни.
Грабливци Поради големината и одбранбените способности, гавранот има само неколку природни грабливци. Јајцата им ги крадат бувот и куната, како и другите гаврани. Тие се енергични во одбраната на младенчињата и ги напаѓаат потенцијалните грабливци од страна со летање кон нив и клукајќи ги со своите големи клунови. Луѓето може да бидат повремено нападнати ако се близу до гнездото на гавранот. Поретко, сепак, големите цицачи грабливци, како што се: рисот, којотот, волкот и пумата и, исто така, може да го нападнат гавранот, но тоа се случува ако другите извори за храна им се ограничени.Common Raven – Corvus corax. Animaldiversity.ummz.umich.edu. Посетено на 2012-12-19.
Размножување
Младите птици започнуваат со додворување многу рано, но може да не се врзат две-три години. Воздушните акробации, демонстрирање на интелигенцијата, способноста да се обезбеди храна, се клучните елементи на додворувањето. Кога еднаш ќе се спарат, остануваат заедно цел живот и најчесто на истата територија. Случаи на немоногамија се забележани само кога мажјак посетува гнездо на женка чиј партнер го нема.
Паровите прво ја обезбедуваат територијата за гнездење и исхрана, а потоа започнуваат со репродукција. Големината на територијата зависи од изворите на храна. Гнездото претставува длабок сад направен од големи стапчиња и гранчиња, врзани во внатрешниот слој со корења, кал и кора, а послани со помек материјал, на пример, со крзно од елен. Гнездото го сместуваат на големо дрво или на карпа, а поретко во стари куќи.Savage, p. 35
Женката несе меѓу 3 и 7 светли синозелени, со кафени дамки, јајца. Ги квачи само женката 18 до 21 ден. Мажјакот може да стои или лежи до малечките, заштитувајќи ги, но не ги квачи. Младенчињата се здобиваат со перје по 35 до 42 дена, а за тоа време ги хранат обата родитела. По оперјувањето остануваат со родителите уште 6 месеца.Goodwin, p. 141
Огласување
Како и другите врани, гавраните се во состојба да ги имитираат звуците од своето опкружување, вклучувајќи го и човековиот говор. Тие имаат широк спектар на огласување, што е објект на интерес на многу орнитологисти. Петнаесет до триесет категории на огласување се снимени за овој вид, од кои повеќето се користат за социјална интеракција. Тука се вклучуваат: алармни, за потера и летечки повици. Невокалните звуци произведени од страна на гавранот се свирежите со крилјата и штракање со клунот. Плескањето или кликањето е почесто кај женките. Ако еден од партнерите се изгуби, придружникот ги произведува неговите звуци за да го охрабри да се врати.Goodwin, p. 142
Интелигенција
Мозокот на гавранот е најголем од сите видови птици. Тие решаваат проблеми, и други когнитивни процеси, како имитирање и сфаќање.
Јазичарот Дерек Бикертон, врз основа на работата на Бернд Хајнрих, неодамна тврдеше дека гавраните се едно, од само четирите познати животни (другите се пчела, мравка, и човекот), кои покажуваат спосбност за комуницирање за објекти или настани кои се оддалечени во просторот или времето на комуникацијата. Младите, неспарени гаврани спијат заедно во текот на ноќта, но обично се хранат сами во текот на денот. Меѓутоа, кога некој ќе открие голем труп (мрша), чуван од страна на еден пар возрасни гаврани, тој ќе се врати во ноќевалиштето и ќе комуницира со другите за своето откритие. Следниот ден, јатото млади гаврани ќе отиде кај мршата и ќе ги избркаат возрасните. Бикертон тврди дека способната за ваква комуникација е можеби најважниот настан во еволуцијата на човековиот јазик, и дека гавраните се единствени ’рбетници кои ја делат таа способност со луѓето.Bickerton, Derek (2009). Adam's Tongue. Hill and Wang. ISBN 978-0-8090-2281-6.
Направен е еден експеримент за да се оцени способноста за сфаќањето и решавањето на проблемите од страна на гавраните. На врвка е закачено парче месо кое виси од гнездото. За да стигне до храната гавранот треба полека да ја влече врвката и во еден момент да застане на неа и да ја закачи на јамка. Така постепено треба да ја скратува врвката и да дојде до месото. Четири од пет гаврани на крајот успеале да го решат проблемот. Порано се мислело дека решавањето на проблемите од страна на гавраните е инстинктивно, но сега станува јасно дека гавраните се интелигентни.
Гавраните се набљудувани како манипулираат со други за да завршат некоја работа за нив, како на пример, повикувањето на волците или којотите за да им го раскинат месото на мршата. Тие, исто така, гледаат каде другите гаврани си ја кријат храната ѝ ја запомнуваат местоположбата за да можат да им ја украдат. Ова е толку вообичаено, што гавраните ќе летаат подалеку, само за да најдат посигурно место, или ќе се преправаат дека закопуваат храна за да ги прелажат другите гаврани.Marzluff and Angell, p. 230