Секое Светско првенство во фудбал обично има своја маскота. World Cup Willie, маскотата за Светското Првенство во Фудбал 1966 беше првата маскота на Светските Првенства, и една од првите маскоти поврзани за некој голем спортски настан. Дизајнот на маскотата прикажува некоја специфична одлика (изглед, флора, фауна и сл.) на земјата домаќин.

Светско ПрвенствоМаскота/тиОписАнглија 1966100px World Cup WillieЛав, типичен симбол на Велика Британија, како носи дрес со знамето на Обединетото Кралство и зборовите „WORLD CUP“.Мексико 1970100px JuanitoДете како носи дрес на Мексико и сомбреро (со зборовите "MEXICO 70"). Неговото име е деминутив од Хуан, често име во шпанскиот јазик.Западна Германија 1974100px Tip и TapДве деца како носат дресови на Западна Германија, со буквите (Weltmeisterschaft, Светско Првенство) и број 74. Аргентина 1978100px GauchitoДете како носи дрес на Аргентина. Неговата капа (со зборовите ARGENTINA '78), шал и камшик се типични за гаучосите.Шпанија 1982100px NaranjitoПортокал, типично овошје за Шпанија, како носи дрес на домаќинот. Името доаѓа од naranja, шпански за портокал, и деминитивната наставка "-ito".Мексико 1986100px PiqueХалапињо пиперка, одлика на мексиканската кујна, со мустаќи и сомбреро. Името доаѓа од picante, шпански за зачинета пиперка и сосови.Италија 1990100px CiaoЦртана фигура на играч со глава - фудбалска топка и тело во 3 бои. Името е познат италијански поздрав.САД 1994100px StrikerКуче, како носи црвено, бело, син дрес со зборовите „USA 94“.Франција 1998100px FootixПетел, типичен симбол на Франција, со зборовите „FRANCE 98“ на градите. Телото е најмногу сино, како дресот на земјата-домаќин, а името е скратеница од зборот фудбал („Foot“) и завршетокот „-ix“ од популарниот стрип Астерикс.Кореја/Јапонија 2002100px Ato, Kaz и Nik (The Spheriks)Портокалови, виолетови и сини (соодветно) футуристички, компјутерски-создадени суштества. Членови се на тимот „Atmoball“ (измислен спорт сличен на фудбал), Ato е тренер додека Kaz и Nik се играчи. Трите поединечни имиња се избрани според предлози на корисници на Интернет и купувачи во McDonald's во земјите домаќини.Германија 2006100px Goleo VI Помошник: PilleЛав како носи дрес на Германија со број 06 и фудбалска топка што зборува.Јужна Африка 2010 140px ZakumiЛеопард со зелена коса кој носи дрес на кој пишува Јужна Африка 2010. Зелените и златните бои кај Закуми ги симболизираат фудбалските бои на Јужна Африка. Неговото име доаѓа од „ZA“, ISO 3166-1 кодот за Јужна Африка, и „куми“ што значи „десет“ на многу африкански јазици.

Надворешни врски Маскоти на Светските Првенства Информации за Goleo VI и Pille