Еласмосаурус (од грчки: ελασμος; „еласмос“ односно 'тенка плочка', што се однесува на тенките плочки што ги има на карлицата + σαυρος; „саурус“ односно 'гуштер) — род од редот на плезиосаурусите со многу долг врат, кој живеел во периодот доцна креда од мезозојската ера пред 80,5 милиони години.Carpenter 2003

Опис

мини|лево|Реконструкција на еламосаурус во вода

Еласмосаурусот бил околу 14 метри долг и тежел преку 2.000 килограми, вбројувајки се меѓу најголемите плезиосауруси. Од сите останати плезиосауруси се разликува по тоа што имал 6 заба на секоја пермаксила (мали коскички на врвот од максилата кои кај човекот се споиле со истата) и 71 вратен пршлен.Sachs 2005 Черепот му бил сплескан, со неколку долги, остри заби. Долната вилица била споена на врвот сè до четвртиот и петтиот заб.Sachs 2005 Вратните пршлени најблиску до черепот биле долги и имале издолжени странични краеви.Brown 1993Carpenter 1999 Како повеќето еласмосауриоди (elasmosaurids), еласмосаурусот имал околу 3 градни пршлени, а опашката не помалку од 18.

Наводи

Надворешни врски

Elasmosaurus platyurus на Oceans of Kansas

Категорија:Еласмосауриди