Вајгач (; ) — остров во Северноледениот Океан помеѓу Печорското и Карското Море.
Одделен е од Југорскиот Полуостров на копното со Југорскиот Теснец, и од Нова Земја протокот Карска Врата. Островот административно влегува во состав на Ненецкиот автономен округ во состав на Архангелската област, Русија. Површина: 3.383 км2 Должина: ~ 100 м Ширина: до 45 км Прос. температура: -20 °C (февруари), 5 °C (јуни) Највиска точка: 170 м
Островот геолошки се состои претежно од агрилитни шкрилци, песочник и варовник. Има многу реки, долги по 20-40 км, мочуришта и помали езера. Во пределите преовладува тундрата, а долж подолгата страна се издигаат мали карпести сртови, наместа со ниски карпести возивишенија. На карпите често се забележува мраз, кој е веројатно морски, а не леднички. Денес е населено само местото Варнек (106 жители).ТВ „Култура“
Флора и фауна Вајгач изобилува со треви, мовови и арктички ветни растенија. Нема дрвја, освен по некоја џуџеста врба. Повремено се забележуваат лисици и леминзи. Многу позастапени се птиците, како што се of патките и блатните кокошки по мочуриштата и езерата.
Природен резерват Во 2007 г, Светскиот фонд за природа (WWF) и владата на Русија одвоиле дел од островот како природен резерват. Водите околу островот се живеалиште на разни морски животни како моржови, фоки и загрозени китови.
Етнографија Сè до XIX век, островот претставувал важно светилиште за домородните Ненци и на него стоела култна статуетка на бог со повеќе глави, обоена со крв од свети животни, претежно од ирваси. На него имало жртени клади од пловно дрво, еленски рогови и черепи од мечки и елени. И покрај тоа што денес се православни, Ненците сè уште негуваат вакви суеверни верувања.
Поврзано Нова Земја Ненци Југорски Полуостров Карско Море Баренцово Море
Наводи
Надворешни врски
Вајгач — „Велигденскиот Остров“ на Арктикот Месна заедница „Јушарски селски совет“ Вайгач: от идолов до спутниковых тарелок
Категорија:Острови во Русија Категорија:Баренцово Море Категорија:Острови во Карското Море Категорија:Ненецки автономен округ