Шарената тринга () е мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (), родот на трингите (). Оваа птица ја претставува древната лоза на родот tringa, а нејзин единствен близок жив роднина е осамената тринга ( Т solitaria). Тие и двете имаат кафеави крилја со малку светли точки и прошарани кафеавкави глава, врат и гради. Покрај тоа, овие два вида гнездото го сместуваат во дрвјата, за разлика од повеќето други мочварки кои ги несат јајцата на земја.Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. DOI: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 PDF fulltext

Со оглед на нејзината основна позиција во родот на трингите, малку е изненадувачки што има пријавено хибридни случаи на оваа птица со птицата од сестринскиот род Actitis, речната тринга.

Опис

Шарената тринга е малку подебелка крајбрежна птица, со темнозеленикавокафено перје одозгора и на крилјата, сивкавокафени глава и гради, а одоздола е бела. На грбот има бели точки во различен обем, најмногу кога е во сезона на парење, а најмалку вон сезона на парење и кај младенчињата. Нозете и краткиот клун се темнозелени. Долги се 21—24 см, тежат од 50 до 80 г, а имаат распон на крилјата од 41 до 46 см.

Воочливи и карактеристични се во лет, со крилја темни горе и долу и брилијантно бели задници. Во лет има карактеристична тринотна свирка.

Распространетост и поведение Шарената тринга се размножува низ субарктичка Европа и Азија и е птица преселничка која зимува во јужна Европа, Индија, југоисточна Азија и тропска Африка. Презимува и во Македонија. Се храни со мали безрбетници кои ги собира од површината на калта и тоа го прави постојано на бреговите од езерцата што ги одбира за живеење. Не се многу дружељубиви, но може да се сретнат повеќе птици на едно место ако има доволно храна. Ова е птица на слатките води која живее на места ограничени за другите мочварки, зашто сака да има чист поглед наоколу. Гнездото го прави на старо дрво и несе 2-4 јајца. Младенчињата го напуштаат гнездото по околу 3 недели од излегнувањето. Статус За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Широко распространет и вообичаен, овој вид има статус на најмала загриженост..

Наводи

Надворешни врски

Green Sandpiper - Species text in The Atlas of Southern African Birds. Ageing and sexing (PDF; 4.0 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Green Sandpiper, Avibase

Категорија:Тринги Категорија:Мочварки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј