Министерството за јавна администрација или скратено МЈА, министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за Јавна Администрација е Горан Минчев.

Надлежности Надлежностите на министерството се:

-создавањето и водењето на регистар на информациските и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа; -интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања; -следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди; -телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура; -радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура; -законското уредување на прашањата во врска со администрацијата; -надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници; -развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници; -класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници; -водењето Регистар за државните и јавните службеници; -подготвувањето стратешки документи за ефикасното и делотворното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката; -развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси; -реформата во јавната администрација; -остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и -врши и други работи утврдени со закон.

Наводи

Поврзано

Влада на Република Македонија

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Министерства на Република Македонија Категорија:Информатичко општество