Четирите класични романи, () се четири романи кои важат за највлијателни дела во кинеска книжевност до појавата на модернизмот. Овие прозни дела се општо познати за сета кинеска јавност, и се напишани во времето на династиите Минг и Ќинг.

Делата важат за едни од најстарите и најдолгите романи во светот и се сметаат за врв на класичното кинеско прозно творештво. Извршиле влијание врз многу творби како раскази, драмски дела, филмови, игри и др. ширум источна Азија, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Кореја и Виетнам.

Дела По хронолошки редослед, делата се следниве: Македонски Кинески (упр.) Кинески (трад.) Пинјин Мак. тр. Автор Период„Разбојници од крајбрежјето“ 水浒传 水滸傳 Shuǐhǔ Zhuàn Шујху џуан Ше НајанНекои сметаат дека делото е целосно или барем делумно напишано од друг автор како Лио Гуангџунг (авторот на „Повест за трите кралства“), Ше Хуј (施惠) и Гуо Сјин (郭勛). XIV век„Повест за трите кралства“ 三国演义 三國演義 Sānguó Yǎnyì Сангуо јенји Луо Гуангџунг XIV век„Патешествие на запад“ 西游记 西遊記 Xī Yóu Jì Сји јоу џи Ву Ченген XVI век„Сон во црвената одаја“ 红楼梦 紅樓夢 Hóng Lóu Mèng Хунг лоу менг Цао Сјуечин XVIII век

Поврзано Кинеска книжевност

Наводи

Надворешни врски Четири класични романи (四大名著) — Викиизвор на кинески јазик

Категорија:Кинески романи Категорија:Кинеска книжевност Категорија:Класични кинески списи