Снежана Конеска Руси (родена на во Ниш) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, и режисерка. Снежана Конеска во својата кариера има одиграно поголем број театарски претстави и филмски улоги.

Животопис

Снежана Конеска Руси е родена во Ниш, НР Србија, ФНР Југославија на 8 декември 1952. Конеска се преселила во Скопје, каде завршила своето основно и средно образование. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности (1975/ 1976) во класата на професорите Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски. Таа била успешен студент и била прогласена за најдобар студент за 1976 година.Биографија на Снежана Конеска - Руси на mnt.com.mk

Македонската јавност ја запаметила Конеска по своите први улоги и придонеси на Детската радио драма во МРТ, каде била член од 1963 до 1973 година. Од 1972 до 1978 година била водител на Македонското радио. Своите први улоги ги одиграла во 1973 година, а во 1975 година ја добила и наградата за најдобар млад глумец од списанието „Млад борец“. Од 1978 година станала редовен член на Македонскиот народен театар, и работи се до нејзиното пензионирање во 2019 година. Таа била директор на Македонски народен театар во периот од 2000 до 2004 година. Мајка е на едно дете, ќерка.

Награди Некои од наградите на Снежана Конеска се: 1974: Награда доделена од весникот „Млад борец“, за успешен млад актер за улогата на ликот Девојката во претставата „Димна Јуда, град градила“ и за монодрамата „Ана Франк“ 1976: Награда за епизода за улогата на Слепата девојка во „Крчма под зеленото дрво“ на ТИ „Војдан Чернодрински“ 1991: Најдобро глумечко остварување за ликот Маргарита во „Ричард Трети“ на ТИ „Војдан Чернодрински“ 1992: Добитник на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје 2019: Награда за животно дело „11 Октомври“ 2024: Трета награда на анонимен отворен конкурс за монодрамски текст „BIVIR“ (Да живееш, да преживееш), во Домот на култура − Битола, излезена во печат книгата „Слободата живее тука“ 2025: Награда за животно дело МТФ "Војдан Чернодрински" 2026: Награда за трајни вредности Златна бубамара на популарноста

Филмографија Година Филм Улога 1973 Залез зад езерската земја ТВ-серија Аскина сестра 1975 Прва вечер ТВ-филм 1980 Учителот ТВ-филм 1983 Премиера ТВ-филм 1985 Од зад грб ТВ-филм 1987 За трошка среќа ТВ-филм Маруле 1989-1992 Тврдокорни ТВ-серија Мајката 1990-1991 Еурека ТВ-серија 1991-1992 Македонски народни приказни 1993 Дајте музика ТВ-серија Снешка 1997 Џипси меџик ТВ-филм 2000 Погрешно време ТВ-серија Лимба 2000 Големи и мали ТВ-серија Директорката 2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 2002 Звукот на светлината ТВ-филм Невена 2002 Наше маало ТВ-серија Комшивка 2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија 2007-2010 Народни приказни ТВ-серија 2008 Куќен совет ТВ-серија 2011 Трето па машко ТВ-серија Рајнето 2015 Македонски народни приказни ТВ-серија 2016 Вистинска љубов ТВ-филм Рајна 2016-2017 Македонски приказни ТВ-серија 2019-2021 Дајте музика ТВ-серија Снешка 2022-2023 Бистра вода ТВ-серија 2025 Бунтовната Принцеза ТВ-филм Кастинг

Надворешни врски Животопис на Снежана Конеска Руси , Македонски народен театар Снежана Конеска Руси: Мојот сон и јаве – театарот!

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумици од Ниш Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје