Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (кин. 中国共产党中央委员会; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Wěiyuánhuì) или ЦК на КПК е највисокиот управен орган на Комунистичката партија на Кина. Има приближно 350 членови кои се бираат во Националниот конгрес на КПК на секои пет години. Членството е доста менливо, на што укажува фактот што во последните 30 години на секој конгрес се менува просечно 62% од постојниот состав.
Комитетот ги назначува најмоќните политичари во државата, заклучно со Генералниот секретар и членовите на Политбирото, Постојаниот комитет и Централниот воен комитет.
Работното тело на Политбирото и неговиот Постојан комитет е Секретаријатот на ЦК на КПК. Членовите на секретаријатот ги предлага Постојаниот комитет, кои потоа треба да ги одобри Централниот комитет. Меѓу организациите во надлежност на ЦК спаѓаат Централното одделение за пропаганда, Централното одделение за организација, Централното одделение за меѓународни врски и Одделението за работа со Обединетиот фронт и други.
Поврзано
Централен воен комитет Политбиро на Комунистичката партија на Кина Секретаријат на Комунистичката партија на Кина Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина
Наводи
Надворешни врски Одделение за меѓународни односи на ЦК на КПК